Држи вода ова. За жал короната не беше и не е наивна. Многу луѓе се со последици. Доктори кажуваат дека премногу удари има. Во овој случај, детево не е вакцинирано, и верувам дека короната може да е причина. Ама откот на капаците требало да биде аларм за матичната да испита зошто отекуваат. Можело да откријат навреме.
Луѓе не ве разбирам, шо беше очекувано? Не разбирам на кои факти ги базирате мислењата и тврдењата дека се работи за лекарска грешка?
Скоро го читав др.Сашо Николов(кардиолог) од Штип.Рече дека после короната мн е зголемен бројот на инфаркти,мозочни удари и срцеви заболувања посебно кај младата популација.
На пример дека ниту матичен педијатар ниту пак стручниот тим од болницата не се потрудил да види зошто и како дошло до оток на очите. Да тргнеме од тоа. Еве ти чист глуп пример. На ќерка ми при тантрум, најверојатно ради влечењето по тепих и падна доста голем прамен од коса. И веднаш и кажав на матичната и добив упат што да испитам. На чешање доле, одма мора рече брис. Да имаш сомнителен симптом а да не испиташ ми е скроз непрофесионално.
Не те разбирам зошто постојано ги браниш докторите. Ете објаснија членките каде е грешката. Матичната воопшто не се замарала за отокот на очите и понатамошниот третман во болницата е сомнителен. Кој доктор досега одговарал за своите грешки?
Од каде е извештајов? И каква е поврзаноста на ковидот со покачените ензими? Да, многу компликации на квс дава/ше ковидот, ама информацијава толку е нафрлена, никакво причинско-подледично објаснување нема. Плус ако не е тестирана и влезена во систем, никој нема да ја смета како прележана од ковид. А дека детенцево имало од претходно миокардит и немало никакви симптоми, ич не ми е верно.
памтевте коа се смеевме на она ,,починал од кола пиши го од корона''... епа они сериозно го сфатиле тоа сеа за све нешто ќе се вадат на ,,касно го/ја донесоа'' ,,абе последици од короната''
Прво, матичниот лекар на Јана не е предмет на истражувањето и извештајот издаден од страна на стручната комисија од МЗ. Второ, не знам како заклучи дека во болницата никој не се потрудил да открие од каде потекнува отокот на очите? Имено, беше наведено дека биле направени испитувања за срцеви маркери/ензими: тропонини и ЦК-МБ кои и биле покачени, што укажува не некакво срцево воспаление кое можи да се поврзи со присутниот оток на очите кај Јана. Спорно е, колкав дел од срцето и со колкав интензитет бил воспалителниот процес? На тоа ќе даде одговор обдукцијата. Докторите не ги бранам, всушност никој не бранам во ситуацијава, туку мислењата ги базирам на достапните податоци и факти. Доколку тоа тебе ти изгледа на нечие бранење, твој проблем. За "соомнителното" лекување во болницата има истрага, која се уште трае, наодот од обдукцијата и хистопатолошките анализи се уште не е готов. Патем да те потсетам, дека мнозинството донесе заклучоци за постоење на лекарска грешка(причина за смрт) од самиот почеток кога се знаеше само дека на девојчето и дадоа глукоза, а таа имала крвен шеќер 9ммол/л, па и се кренал до 19ммол/л - состојба шо не е животозагрозувачка.
Да, се случуваат и лекарски грешки. Ама се случува и при сите преземени мерки пациент да почине. Ако можеше се да излечи медицината, ќе бевме бесмртни.
Малку се мешаат работите, можи имало пропуст кај матичната заради нереагирање на постоењето на оток на очен капак, али грешка (давање на инфузија) која довела до смртна последица според ова што го испитала комисијата нема т.е давањето на инфузија не е причина за смрт кај девојчето. Иначе да, многу болести особено невролошки и кардиоваскуларни има после прележан ковод, значително повеќе отколку пред
Веќе ако се бара лекарска грешка, треба да се испита како го лекувала претходно и матичната докторка. Може ете таа направила пропуст, кој влијаел на крајниот исход. А не сите се нафрлија само на лекарите во болницата.
Дали и докторите кај Јилдиз не направија грешка? Не знам до кога ќе ги оправдувате нечии грешки. Не е можно девојчето од настинка да почине. Мора матичната и останатата багра која ја лекуваше да сносат одговорност.
Научи да дискутираш прво. Второ, оток на очите не е од настинка и мора да се испита. Матичната не постапила така. Ете една грешка, а сигурно има и други.
Како знаеш дека матичната рекла "отокот е од настинка"? Може било грешка нејзина што не испитала, ама извештајов е за во болницата, не за работата на матичната. Читај убаво што за што е и не мешај две различни работи.
Мешате работи малку Јилдиз е еден случај девојчето е друг скрос различен случај. Ако матичен направил пропуст и не го пуштил девојчето навреме каде што треба за да се испита, можеби било прекасно, сепак не е докторот Бог за да те врати. Кај Јилдиз е лекарска грешка, кај Дона исто така плус покажана негрижа од страна на здравствен персонал. Малку забегвате со споредбите, и се тоа сегде стручњаци, бреј како ни цвета државата