Факт е дека девојчето почина. Факт е дека матичната не даде упат за да се испита отокот. Факт е дека докторите и да направат грешка, си се штитат и никогаш не одговараат за своите пропусти.
Ако Јана имала инфаркт зошто не и дале адекватна терапија, прашува докторка со 30 години стаж во Шведска Вреди да се прочита
Проблемот е што до денес на ниеден лекар не му е одземена лиценца, има случаи каде што дури е потврдена грешка е пак означено како компликација. Слушни го поткастот на ирл. Со причина веќе немаат доверба луѓево и дуваме и на јогурт кога се работи за здравство.
неќам за вакви работи да испаѓам у право. Ама и доктор го дели истото мислење со мене. Ја цитирам др Алачка : Јана може била дехидрирана, ама тоа било така најверојано од хипергликемијата. Кога и дале инфузија со гликоза, дехидратацијата се продлабочила и истовремено настанува хипокалиемија што дава инфаркт на срце. Таа состојба се вика хиперосмоларен синдром. Може да се развила и кетоацидоза ама тогаш ќе се осетел мирис на ацетон во нејзиниот здив. Во секој случај инфузијата е грешка. Прво детето воопшто не било животно загрозено за да се брза со било каква инфузија. Второ, гликозата е погрешна терапија при хипергликемија. Требало да и дадат обична рингер со мала доза инсулин и да следат вредности на натриум, калиум, анализи на бубрези и крвни гасови – посочува Алачка. они, ако не знаеле инфузија да дадат како шо треба. Што понатака бе дечки? отиде преубава душа...
За болдот. Епа треба да е. Пошо плукате дека лечиме сами деца, треба да е! Пошо матичниот е тој кој треба да те упати каде да идеш. Дури и да не е лекарска грешка. Кој мислиш ти дека требало на време да ги увиди работиве? Поштарот? Тие што не знаат медицина, не знаат од што какви компликации може да има. Затоа треба некој да каже, еј чекај ова не ми изгледа добро. Зар не мислиш дека кога ќе ти умре некој, треба да те седнат и да ти објаснат, што се случувало, што се направиле, што се сомневаат. Си знаат они од што може да дојде до ова. Ама ајде, да не грешам душа. Само да не си им у кожа и на таа страна од приказната. И сеа, ќе испадне умрело детето па што. Тоа е јбг.. идемо даље. А не мора да се открие зошто се случило и кај кој е пропустот. Не сакам ич вака коа се изразувам,ич. Ама многу ме нервира вакво размислување. Можеби и директно нема лекарска грешка, ама има некаде пропуст. Е сега тој пропуст и да е во системот, зар не треба да се реши? Шо сакате да кажете дека е сосем нормално дете да почине од срце на 5 години??? Со какви се не срцеви заболувања се раѓаат, јунаци, се изборуваат. Овде е јасно дека е нешто пропуштено.
Тоа што на ниеден лекар не му е одземена лиценцата е поради корупираното судство, знаеш дека се докажало вина и ?кој е крив што и покрај докажана вина казната е условна? Затоа треба независни институции кои ќе ја донесат правдата, али јбг нема тоа ни за 100 години да се случи. Ако одиме по тој терк треба сите да си го добиваат заслуженото и доктор да не можи да работи, но и судија да не можи...сите да бидат во исто еднаш засекогаш
Жално за детето. А кога ќе размислите кој све денес е медицинско лице не е ни чудо што деца ни умираат од ништо. Еден асален доктор не остана во државава а сестрите се со некој убрзан курс такада...
Абе многу очекувате вие од комисија што за Јилдиз рече дека нема грешка. Истата комисија е. Ама па дечки .... Можда тие знаат колку и докторкава шо даде гликоза на шеќер 9... Да се самораспуштиме велам.
Фала богу... Колку да си неписмен ќе сфатиш. Ете го истото шо го трубиме ние, само стручно објаснето.
Епа затоа да не се чудиме што за све се сомневаме за лекарска грешка. Кога не се транспарентни, не можеш да имаш доверба.
Докторот што лажеше пациентка дека е бремена, и и даваше лажни ехо снимки, ви текнува? Затоа одма помислуваме на лекарска грешка. Друго, дали некој некогаш излегол на тв, лично, со образложение и демант на некој настан сличен?
И ништо од тоа не докажува со сигурност дека има лекарска грешка. Како да ти кажам, логикава тука што ја пишувате се базира на "абе штом на Јилдиз ѝ ги извадија органите, мора и тука да згрешиле". Или "штом починала во болница, мора докторите да утнале". Ни едно од тоа не е валидно ниту логично. Тврдењата ти се базираат на...хмм, да размислам?...ах, да, на ништо. Мислам, сфаќам дека има незадоволство од здравство, далеку е од совршено и кој помалку кој повеќе сме имале непријатни случки и затоа сето ова колнење и неразумно префрлање вина е резултат на акумулиран гнев. Само што, може да не е праведен. Па ако се сомневала на инфекција ќе ѝ даде прво капки, нормално. Што да ѝ направи, да ја прати на ургентно? Дали требало да ја упати некаде нека се заклучи во посебна истрага, од кај да знам јас или ти што сѐ се одвивало деновите пред смртта на детето?
И затоа завршила на болница, кајшто би требало да знаат/дознаат/ што и е. И да реагираат соодветно како што се реагира во болница. Не на пазар, не на матичен. Инаку, имало некогаш во историјата на македонското здравство потврдена лекарска грешка? Пошто ако не, што да речам-дизниленд. Знаеш колку често се случува потврдена лекарска грешка во светов, и што значи тоа ако во мк нема ни една?
Лекарска комора али тие се врзано црево затоа треба поинаков закон и поинакво судство, а не да се добие само условна казна, а за да се одземи на некој лиценца мора да се докажи грешка, а за да се докажи треба независна комисија и.т.н сите се поврзани на некој начин, гледаме во низа претходни случаеви. Лекарска комора досега не одзела ниедна лиценца, а требало, судството нема досудено казна затвор, само условно...