Веројатно се бројат на прсти од една рака. Имаше порано случај кога младо девојче беше погодено од заскитан куршум за Нова година. На клиника и направиле рентген само горен дел од граден кош, а делчето од куршумот веќе отишло надоле во абдомен и направило ршум. Почина девојчево по неколку дена, докторот знам го обвинија, осудија и мислам си одлежа. Во понова историја "нема грешка" ни е здравството Бев во контакт со луѓе кои борби водеа да докажат лекарска грешка, ама не најдоа јунак од доктор кој би вештачел на штета на нивниот колега. Ангажираа доктор од Србија, епилогот не го знам.
Секој пат се едни исти бранат доктори а на луѓе органи им вадат, ги заболе за некој ако немаш врски ќе умреш и зборат за здравство на исто ниво со нив сте
Кога ја пишував магистерската, еден беше, доктор од Велес. Мислам и на тој остана. Во светот има и често се решаваат со обештетување. Кај нас никако. За жал.
Прочачкав сега низ мрежата, двајца доктори биле ослободени од обвинение, а третиот поминал само со условна казна.. Значи против тројца доктори било покренато обвинение за истиот случај. Биле разрешени директорите на Торокална и уште некој таму. Ова изгледа било "врвот" што се постигнал во санкционирање на лекарски грешки.
Ама знаеш што е страшно? Мислам како мајка, кога го читам случајов, стомак ми се грчи. И не мислам дека некому обештетување и незнам препишување кривица, нешто ќе реши. Ама да речеш нема грешка, утре таа грешка, ако е нестручност, може да се повтори. Е тоа е страшното. Значи на секој пропуст или слабост, во секоја сфера, има корективни и превентивни мерки, особено во случај на инцидент. Само во мк здравството, шо вика Фана, се функционира најбеспрекорно од сите можни галаксии.
Кај нас се повторуваат оти нема казни. Знаат и да згрешат, никој ништо не им може. Многу имам истражувано на темава, еден од пречките е што докотор против доктор не сведочи, а вештачењето мора они да го прават. Се штитат.
Ако може цитирај ми го делот каде што реков дека докторите и системот кај нас се совршени и не грешат? Ме мрзи да се повторувам, поентата е грешка во еден случај не значи автоматски и грешка во друг, особено па кога се тотално различни.
Па вака сите што прележале ковид можат да ги пишат умреле од пост ковид компликации и ајт. Така со ковидот тогаш. Кутриот го напуниле бактерии у болница ама од ковид си умре да. Да не се правиме улави дека тој период стотина грешки се испраа кога не ни можеше да докажеш нешто со обдукција.
Нема грешки кај нас, треба да идат од странство доктори да специјализираат на ваква стручност. Субспецијализација гранки - доместос место инфузија, гликоза на покачен шеќер, вадење 10 органи при царски рез итн се само дел од богататите студии кои ги нудиме.
Ми нема ништо погадно и пониско кога се зема ваков трагичен случај и се исполитизирва за политички поени кај мене во мала не остана ѕид дa не е ишкртан со пароли '' Сите сме Јана'' па уште протест имаше организиран... па па па... Ај луѓето што излегоја да протестираат за некаква правда и мислат дека можат да сменат нешто ги разбирам ама тие што го организираја протестот и овие штаботомиве што шкртаат ѕидови глава би им искршил што сакаат да профитираат на нечија мака и загуба уфф колку се изнервирав деновиве значи...
Кај нас се научени нешто-нешто бап инфузијата, ќе си стават внатре дексаметазон, лендацин, витамин Ц и оп супер ќе е. А симптоми, анамнеза, не мора. Па чекајте бе малце торта ќе прајме, па како по рецепт секаде истите работи ќе ги ставаме и кога треба и кога не треба?
Jovan Ristov Најмалку сакам да осудувам,работам како доктор 37 години.Имало и ке има смртни случаи и кога се превземаат сите дијагностички и терапевтски мерки.Но едно треба да биде запазени и најважно,анамнезата,историјата на болеста,протоколите(медицина врз основа на докази).Сето тоа треба да е документирано во медицинска документација.Увидот во медицинската документација и обдукцијата но без политички или било какви влијанија од стручна независна лекарска комисија ке ја утврди вистината.Тоа јас сум кажал,д-р од странство кажал,санитарен здравствен инспекторат кажал е ирелевантно.Прашање е дали ја сакаат вистината или не .Битна е и довербата во системот и независната комисија што во конкретниов случај ја нема. komentar na Fb kaj Shilo Magazin ....шо поише и сам си е свесен
Не очекував од комисијата дека ќе најдат грешка.Разочарана сум ептен.Без срам и перде глумат доктори? Докторката од страна убаво кажа како требало да биде.Ама прашање е дали и во таа болница имаат услови докторите да бидат доктори?CТМ дали има ?Тие не можеле комбе да најдат за Ск да ја пратат?Доктори немало.Кој треба да е обвинат кога бараа др од различни оделенија, чива е кривицата?Зарем секој доктор може да е педијатар? На власта-сегашна и мината зошто не направија ништо да се подобрат условите во болниците,условите во образованието. Ама овие ќе си продолжат со кафанките и животот и понатаму, а кутрото дете ќе остане да го јадат црвците во ладната земја.За нив таа е само небитен број .
Знаете што ми е најинтересно, сите доктори што јавно излегоа да кажат нешто, зошто истите тие доктори не одат за вештачење? Или ссмо да се каже нешто по телевизија, а за да се обвини во реалноста докторот што направил грешка никаде ги нема. Сите се исти!
Оти треба обвинителство да ги викни на суд да вештачат. Не можи само да се појават пред врата, ако нема предмет.