Како бе успеаја да утврдат причина за смрт врз основа на анамнеза и лабораториски извештај, а обдукцијата не е ни готова. Единствени кои можат да кажат причина за смрт се од судска медицина, а не надзоров.
Ако го гледавте поткастот со ИРЛ, новинарките кажаа дека кога истражуваат случај за лекарска грешка тешко им е да најдат доктори кои само ќе им објаснат од медицински аспект некои работи и тоа анонимно, а не пак нешто повеќе.
Прво треба да се направи една чистка во здравството а после да се водат овие муабети. Знам личен пример каде од нигде никаде и без тоа школо него со некој убрзан курс се стори мед сестра па на вибер праќа луѓе со тешки случаи на болести. Пошто нели види го. Е се додека има такви ќе има и вакви случаеви и полоши.
Не можат да направат чистка и да сакаат. И вака немаме доволно кадар, па уште ако ги испашкаат 'некомпетентните', ќе нема кој да не лечи. Сите доктори и сестри заминаа или на приватно, или во странство.
абе ни се еба мамата и уз дуж и попреко. со децинии систематски се' се уништуваше. И уште се уништува... Не знам дали ја има таа сила што може да не извлече од овие го*на
Вајлд, не знам колку имаш работа со здраствово што е државно. На мајка ми со хобб и ја згрешија терапијата, кога дојде ден од згрешено терапија жената да не може до вц да отиде со приоритетен не пратија во војна болница. Таа докторка нејкеше ни да ја види од што е со приоритетен упат. На крај дадовме колку што дадовме во систина и ете ја 2 месеци ќе се оправа за да застане на нозе од што некој нема појма што дава и на кого. И да не зборам уште колку све се имам изнагледано по државните болници. Мене на пораѓај ми ја утнаа крвната група, не можев да се докажам дека не сум таа крвна група, па кога сакаа да ми стават трансфузија пошто мн крв изгубив потпишував да искочам на своја рака, па пак приватно се лечев. Такада.... Доста е мислам дека.
Епа како јас утре после вакви работи како ова дете златно да го однесам моето дете на лекар? Како да му верувам на нашево здраство?
Никако. Не мислам дека има човек кој верува во некоја институција во државава. Се' е корумпирано, се' е некомпетенентно.
Јас мислам дека треба уште еднаш да ни го сменат името и држава како таква да не се именуваме него циркуз. Пошто ова не е држава
Јас мислам дека не треба воопшто да постоиме како самостојна држава, пошто се виде самостојно колку не бива.
Јас уште не најдов одговор зашто на шеќер 9ка ѝ била дадена гликоза. Језда тоа не ја убило ама зошто ѝ дале воопшто?
И солен се дава. Глукозата го забрзува хидрирањето, односно помага побргу солениот раствор да стигне до крвта.