Пред 4 или 5 години после неколкудневна висока температура и сите симптоми на грип, дехидрираше син ми, 4 години имаше тогаш. Немаше воопшто апетит, ни јадеше ни пиеше. Клапнат беше целиот, пребледен, немаше сила на нозе да застане. Нормално одма го однесовме на итна во општинската клиника. Му земаа крв, го прегледаа, и нѐ препратија во итна во болница. Го прашав докторот во првата клиника дали ќе има потреба од инфузија, рече дека не може од око и од обичен преглед да се утврди. Дека ќе направат некое испитување до кој степен е дехидриран и ако треба, т.е. ако е повисок степен на дехидратација, ќе му дадат инфузија. Ако не е голем степен на хидратација ќе добие електролити за пиење и други течности. Јас како мала при буквално секое разболување дехидрирав, и секогаш примав инфузија. Веројатно и шеќер проверувале во меѓувреме, не сум сигурна. Вакви настани многу ме вознемируваат, секогаш Од една обична настинка или вирус се комплицира, и вакви исходи се случуваат Многу жално и вознемирувачки.
само да кажам нешо шо викавте, зашо секад прво ни текнува дека е лекарска вина, овај грешка де. *На медицината, адвокатурата, сметководството, им се доделуваат неколку карактеристики: а)одговорност да ѝ служат на јавноста: б)комплексната целина од знаења што ги поседуваат членовите: в)стандардите за пристапување кон избраната професија г)потребата од стекнување на доверба кај јавноста: -опстанокот и успешната перспектива зависи од стекнувањето доверба кај јавноста во поглед на квалитетот на понудените услуги значи ако еден по еден ја усеруваат работата, нормално дека целата фела тоне. 2.Професионалците кои сакаат да ѝ служат на јавноста и кои услугата ја ставаат пред личната корист, прифатени се како високо обучени лица во одредени сегменти од науката. ,,Дозволете ѝ на совеста да биде ваш водич’’ Од цитираното можеме да заклучиме дека не смее да се губи од фактот дека сопствениот суд може да произлезе од инает, незрелост, несериозност, недоволно познавање на проблемот.
Статијава има доста печатни грешки, шо на места се суштински. Сметам дека новинарите навистина треба да внимаваат при употребата на стручни термини и да истражат/се консултираат пред да објават текст за кои не се стручни. Во однос на тоа шо изјавила д-р Алачка. Покачени срцеви маркери(тропонини и сл.) не се карактеристични само за срцев инфаркт(зона на срцева некроза како резултат на срцева исхемија) туку при било какво оштетување и смрт на клетките на срцевиот мускул доаѓа до излегување на овие маркери од клетките во крвта(тропонините се протеини во срц. клетки, а цк-мб е изоензим во клетките). Притоа, вирусниот миокардит исто така можи да предизвика покачување на маркерите бидејќи има клеточна деструкција која е имунолошки посредувана, имунолошкиот систем на организмот сакајќи да го елиминра вирусот од клетките ги уништува и самите клетки, доколку процесот е доста обемен тогаш срцето веќе не е ни способно да пумпа со шо настанува срцев застој и акутна срцева инсуфициенција. Да, вирусен миокардит, акутен, а не хроничен како шо вели докторката што не е предизвикан од КОВИД како шо почна да се шпекулира. Точно, хроничниот би се манифестирал со обемна симптоматологија шо ја немало кај Јана. Според мене, кога Јана прележала КОВИД, имало некоја лесна форма на миокардит шо поминала само со периорбитален едем. А сега вирусот предизвикувач на последнава состојба(се сомневам во некој од коксаки вирусите за кои се знае дека имаат определен кардиотропизам - афинитет кон срцевиот мускул и кои се честа причина на вирусна инфекција кај децата) предизвикал поопсежен со рапиден развој(фулминантен) миокардит, кој за жал бил фатален. Да се навратам кон изјавата на докторката, хипергликемијата не можи да предизвика хипокалиемија. Хипокалиемија можи да предизвика давање на поголема количина инсулин за да се корегира таа хипергликемија. Дополнително, хипокалиемија НЕ можи да предизвика инфаркт како шо е напишано во изјавата, можи да предизвика животозагрозувачка аритмија или срцев застој, но не инфаркт. Во однос на нејзината изјава дека иницијалната хипергликемија кај Јана е знак на недијагностициран дијабет, можеби - за тоа ќе почекаме резултат од обдукцијата и хистопатологијата, но гликемија од 9ммол/л е исто така знак и за дехидрираност.
Чекај... Како даваш таблета за провокација ама ја праќаш дома родилката? Нели е побезбедно да остане во болница под надзор? Или нормално е вака?
Секој ден во Битола здрави и прави умираат... не бе... до битолчани е, од мочка праени, нема шанси да е до здравството.
Не ја сериозно не знам како идат ствариве со породување. Може така е нормално. Ама мене лично да ми дадат таква таблета нема да сум мирна дома да седам.
Не го цитирав тоа мислење, го цитирав твоето и твојот општ став кон лекарите на темава. Да ги подобреше аргументите, можеби ќе ти поверував.
Ок, ај дај ти стручен осврт ако може Нормално е да се даде провокација и да се пушти родилката дома, така? Три пати последователно битолската болница е на тапет изминативе месеци. И сите се трагични случаи. Баш ме интересира зошто е така? Не од нестручност, туку лоша среќа ги спопаднала или...
Тогаш зошто без некои страшни болести, луѓе умреа во битолската болница?! Мисли пошироко отколку по секоја цена да ги браниш. Не знам на кој начин си ти поврзан со докторите ама очигледно е дека во случајот со Јана беше докторска грешка. Исто и со Јилдиз. И што ќе кажеш за нив? Или пак они криви се?
А ако лекарот не види дека си алергичен на нешто, а ти стаи, и при тоа има смртен случај, кој е крив комшијата???? Ако јас се породев на улица, пошо у болница не можеа да ме примат оти немаат место, кој е крив, болницата или можеби детето, кај баш сеа нашло да се раѓа коа они немаат место. Абе не сфаќате дека е трул системот па едно си повлекува друго колку и да не е крив лично некој лекар.