Нема да коментирам на вест од две реченици, кога ќе излезат повеќе информации можеби… А цитираното, се однесува конкретно на членката шо ја цитирав и нејзиниот општ став кон лекарите на темава, а не на конкретниов случај.
Аха, значи кога ти одговара, коментираш, кога не, не коментираш. Баш ме интересира кои изговори ќе ги најдат во случајов (не дека нема да најдат )
Како и секогаш, пациентите криви се, а они ќе најдат оправдување да си го извадат газот од ситуацијата.
Овде нема простор за оправданија и бегање од одговорност. Ако и овде го оправдаат докторов и ако излезат со изјава дека не било негова грешка, треба најмасовно да излеземе, оти доста е веќе да сме жртви на трулиов систем.
Ќе речат мајката касно се вратила. Си отишла на своја одговорност. Знаете дека во отпусна листа за дневна болница не стои дека само тој ден сте биле во болница? Датум на испис е друг. Слободно можат да кажат избегала.
Со провокација не смеат да те пуштат дома, јас имам закажано провокација за два дена и за време на целиот процес ќе бидам во болница под надзор, како прво оти можеш многу брзо да се отвориш, а бебето да не е спремно да излезе, посебно ако не е на термин, второ со провокација ризиците се поголеми и за мајка и бебе па мора да бидат под надзор. Не знам кој луд ја пуштил дома, дефинитивно не е за занемарување. Греота и за мајката и таткото…9м го чекале и да го загубат ради докторска грешка. Немам зборови, јас кај што го прочитав баш денес ова, паника ми се направи, што ми требаше.
Тука е поверојатно да е лекарска грешка. Но поради грешки во неколку случаи не може да се криват лекарите за сите случаи во кои починал некој. Нека кажат нешто повеќе за ова, па после коментари. Вака, без доволно инфо не е во ред.
Ако стварно ја пуштиле со таблета за провокација, а не смееле... Дури и детето да имало некоја тешка аномалија, дури и пак да не можело да се спаси, пак треба да сносат одговорност. Грешка е грешка, дури и да не е директно фатална.
Новинариве еднаш да пренесат како што треба? Насловов едно а друго било. Многу жално во секој случај...
Пак Комисијата ќе констатира дека се било превземено и навремено реагирано, а резултатите од обдукција ќе се чекаат со месеци. Имаме златни доктори, не се сите исти, ама имаме трул систем кој ги јаде и нив. Никакви услови за работа, никаква законска регулатива, само партиски притисоци, вработувања. И да не редам. Покрај тоа, имаме и нов факултет за кој се уште е прашање какви кадри испаднаа. Јас еве нема да плукам по докторите, барем не по сите, ама дека здрвството е пред колапс, тоа ни е јасно на сите. И за жал, се плаќа со детски животи. Поболно не може да е.