Најавил оставка ''Д-р Обедниковски за „Независен“ кусо потврди дека утре официјално ќе поднесе оставка од функцијата директор од морални причини.''
Прво едно велеа, сега друго. Од праќање дома по провокација и бебе родено мртво, сега бебето починало по раѓањето. Или некој нешто лаже или и медиумиве се за никаде.
Што стана со Битолскана болница, болница или кланица е доктори или касапи работат? Завршиле ли тие таму медицина или од нива на доктор, што се дешава нормално ли е ова?? Нормални ли сме ние како народ воопшто што ќутиме, уште некој треба да умре за да реагираме?
У нормална земја ќе има протести за вакви грешки, ќе се бара оставка од сиот медицински персонал па и од министерот, во Мкд само ќе се силат преку тастатура. Ќе лечиме млади и стари со донации, болниците ќе пропаѓаат, а тие ќе покачуваат плати, патни трошоци и сл. И во меѓувреме ќе се бараат илјада изговори само за да не бидат виновни докторите. Настрана овој случај, иако многу ми е жал, ова не е ниту прва ниту последна грешка. Додека одличните медицински лица од секоја област во оваа струка масовно заминуваат надвор од границите, нам ни останува да се молиме да не се разболиме и да не завршиме у болница зошто не знаеме што ќе се случи. Срце ми се крши секој пат кога ќе прочитам некоја вест од овој тип. И јас неодамна осетив лекарска негрижа на член од пошироката фамилија и се уште сум бесна. Утре пак ќе штрајкуваат за висока плата. Зошто? Кога и таа што ја имаат не ја заслужуваат( чест на исклучоци). Разочарана сум, немам коментар.
Заради сензација и да се напраи фрк во јавност Независен ј пуштија информацијата проверена, непроверена, кажана-недокажана. Ужас ни се медиумиве. Пишуваа едно а крај сосема друго излезе работава. Да не ме сфатите не правдам ниту доктори ниту кланицава во Битола што кој знае знае дека одамна не функционира како што треба и колку е ужасно, само што за жал требаше да дојде до вакви случаи за пошироката јавност да дознае што се случува секојдневно во битолската болница. Мојот револт конкретно тука е насочен кон медиумиве и со тоа истрчување за лајк/клик плус па се пишуваат свашта и се носи народот до заблуда и не е прв пат
Затоа јас реков не коментирам на ударна вест, оти кај нас новинарите го пишуваат првиот рекла-казала муабет. Ама неее, сум коментирал само ко ќе ми одговарало!!11!
Да ве чита човек вас, ќе си рече во Шведска дека живееме здравството цвета, лекарите престручни и пренајпосветени Само новинарите глупости и невистини пишуваат Абре, нели ви е срам да ги тривијализирате трагедииве?!
да видам да не верувам. Во македонијава кој е будала да даде оставка од директорска позиција поготово за вакви работи.... Битолската болница некогаш беше место каде се раѓаа и лекуваат деца од цел западен дел на Македонија. Јас сум тамо родена, мајка ми месец дена лежеше таму со сестра ми кога се пораѓале бидејќи тогаш беше во поодминати години. Цело време под надзор. Многу лекари од Кичево таму специјализираа и имаат долгогодишно искуство и стручност Без ниту една лекарска грешка. Што се стори сега со болницата не знам.
Од болница се враќам, персоналот зборуваше дека директорот веќе дал оставка. Ама да почекаме официјална информација.
Не е тривијализирање на трагедии, кликовите се поважни од реалноста. Прво беше дека починало уште во стомакот за на крај да излезе дека е живородено, па потоа починало. Треба малку етика да проработи во медиумите. Цело време се генерализира дека болниците ни се касапници, а медиумите се злато. Прво да се види од што починало па да се дискутира. Ако имаш познавање од медицина ќе знаеш што е миокардит, али се стручни на форумов ве има. Пример за членот погоре кој патем е и доктор, не брани туку изнесува медицинско знаење. Малку намалете со нападите, затоа што покрај смрт има и безброј спасени животи кој никој не ги спомнува. Одма со заклучоци прво нека се кажи од што починало, и обдукционен извештај па после судете.Оти во секоја бранша има и супер има и никакви.. Покрај лекарски грешки кои ги кажувате за секој смртен случај има и болести, вродени, стекнати, се препишуваш на медицинскиот персонал, намали тро доживљај, не е се така црно ниту бело
Очекуваш од членот да биде реален во врска со ставот кон докторите?! Не знам на кој начин е поврзан, ама очигледно е дека е пристрасен.
Интересно ми е шо коментираш за тоа колку јас сум (не)реален и пристрасен, а ниту едно од твоите мислења на темава не е поддржано со факти. Секој можи да коментира на темава шо сака, ама апсурдно ми е кога информации изнесени во статија со еден куп печатни и фактички грешки се зема здраво за готово.
Вака сеа пошто си стручњак да те прашам зошто никој не бара независна обдукција? Јас да сум и ако имам сомнеж дека се фингирани податоците од судска ќе си побарам второ мислење. Знаеш дека можи така? Па ако тие измислиле нешто што не е така, нема сила што нема да ме натера да одам до крај, ќе се борам за да излези вистината, ќе тужам доктор, институција. Никој не кажа дека цвета здравство, а камоли судство. Само што народов за се е стручен, учел се па сега дава од своето стручно мислење на секоја тема Некогаш границата меѓу живот и смрт се секунди.
Не бе ана, тебе и на одредени тука треба да ви е срам што за секоја случка кај што има болница + смрт моментално скокате на заклучоци и веднаш прогласувате виновник. Многу е глупо како да ти кажам. Критичко мислење, што? И да, новинарите постојано пишуваат бомбастични наслови што немаат врска со текстот за да зголемат кликови и емоционална реакција, што е евидентно во случајов.
Значи Јана, Јилдиз, родилката од Тетово, сега битолската родилка. Се е грешка на пациентите, според тебе, така? Кажи еден случај кадешто доктор одговарал за своите грешки. Ако некој од овие "експерти" ти е роднина, не значи да го браниш по секоја цена. Имај малку емпатија спрема жртвите.