1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Сите сме осетиле на своја кожа како се однесуваат, колку пати ни згрешиле дијагнози и терапии, ни се дереле, ни се понашале по болници... заклучоците се носат поради поврзување со сопствени искуства, и помислата дека можеби и нас можело да ни се случи. Верувај имам почит кон докторите, и кон целиот медицинскиот персонал, ама како професија, но поради безброј ужасни искуства со нив, како луѓе, повеќето ја изгубиле мојата доверба и почит. На крајот за жал при плаќање здравствено со години, одам на приватно оти се понашаат ко луѓе барем, и колку толку се трудат. Среќа не одам често ни за нас ни за децата, фала му на Бога, ама тие малку пати што биле, преовладува негативно искуство во државно.
    Една матична имав, ја сменав кога ми се издра оти сум била интернет мајка и сум ја доела ќерката на 11 месеци. Ми мавна едно ругање, оти вода цицало бебето, а јас заради шо читам демек на нет дезинформирана сум за доењето.
    Ја сменив, другата матична е каталог за лекови, си одат пациентите си бараат антибиотичиња, лекови, тие со сестрата само си штанцаат, ни зошто ви е, ни преглед ни ништо.
    Да не зборам за искуства во детско и на кожно. Да не зборам за згрешени диоптери, дијагнози итн.

    Сето ова ми се враќа кога ќе прочитам некоја нова црна хроника, и тоа е... затоа скокаме, не оти ни е кејф. Јас нај од се сакам да имаме нормално здравство и со душа ќе ги фалам секој ден.
     
    На Harper, MeowMeow, butterfly6223 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Не ми се верува дека станува збор за лажни вести, ама ете ќе видиме.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.699
    Пол:
    Женски
    Црна магија им имаат направено сто посто.

    Не бе не, на нива подобро да се породиш отколку во болница. :worried:
     
    На sj *O* и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Која е? Оваа заслужува јавно да се објави.
    Сите сме виделе грешки во здравството. Секој од нас на своја кожа осетил неправда. Некогаш среќа не спасила. Никој не е против докторите, ама некои работи стварно се неприфатливи.
    Мене друго ми се врти во глава. Овде немаме изјава на родилката или на некој близок, читам и коментари на фб нема ништо такво (во случајот со јана родителите даваа изјави). Затоа е можно медиумите да претеруваат. Не дека не е можно да е лекарска грешка, ама не знаеме детали.
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.160
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам скроз, знам од каде поаѓаш. Ама повторно, мислам дека во секоја ваква случка, мора да се види целата приказна. Сите поврзуваме со сопствено искуство, кој повеќе кој помалку, но не е објективно. Цело време се мешаат и другите случаи, ама во медицината сите знаеме дека тоа нема поента. Случајот на Дона е еден, на Јилдиз друг, овој трет. И за Јана истото го зборев, не негирам дека можеби има лош кадар во таа болница и дека направиле грешка, ама од еден наслов никој жив ја нема способноста да донесе пресуда.
    Ми се разубавува денот кога ќе видам дека си ме цитирала.
     
    На CameliaMiller, Ambitious, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Една Шеровска, матична е... уште истиот се отпишав од кај неа... требаше антибиотик да ми пиши, вика зошто специјалистот овај антибиотик ти го пишал? Викам оти дојам.... и така почна ругањето.
    И Сотир од плодност ми се потсмевше за доењето., и тоа апла ме извреѓа пред сестрите мангуп се напрај.. демек многу долго сум доела, ама со неубави зборови и со потсмев. Па сестрите се кикотеа на шегите на мачоменов на моја сметка.. еееејј, доктор, особено гинеколог за доење да те омаловажува... не ми се верува..
    Што се можам да пишам, книги цели, томови и од тие малку пати што сум била на доктор... ами за жал овие редовно што одат?
     
    На Серотин, Maca Macka, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.027
    Пол:
    Женски
    Критичко мислење? Ај, не ме смеј.
    Евидентно е во случајов дека има мртво бебе и дека мајката по примена провокација, ја испратиле дома. Ќе се сложиш, или и ова е измислено?
    И тебе ти е ок?
    И смешни сте со мислењава од типот "да почекаме официјален извештај" Мислам стварно?! Верувате во нашиве служби?! Дека одговорно ќе си ја завршат работата!?
     
    На Серотин, MeowMeow, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.025
    Пол:
    Женски
    Сигурно и за овој случај како и за претходните, ќе изнапишат глупости за да се извадат од ситуацијата.
    Исто беше и со Јана. А каде се докторите кои ја лечеа да одговараат за своите грешки? Матичната?!
    Исто ќе биде и тука.
     
    На cresa-jagoda и elimkd им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    23.715
    Ај нека ми одговори некој.
    Зошто да пуштиш дома бремена жена со таблета за провокација?
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што се даваат бомастични информации без да се провери што точно се случило, нема ни грам етичност во медиумите најпрво за изгубениот живот. Еден до друг случај не се споредуваат.
    Медицината е многу комплеска наука. Некогаш можи да се дади објаснување некогаш не. Земете за пример SIDS . Не можи да се суди спрема тоа што некој портал го изнел. И јас сум дошла во судир каде матична со очигледна состојба од инфективна природа не знаеше да ми кажи, а јас знаев за што се работи пошто имам некое познавање од медицина
    Обдукцијата итекако е значајна, открива многу работи, плус имаш можност да побараш независна. Не можат работите така лесно во џеб да се пикнат.
    Дур не се кажи причината не можи да се суди. Што правиме со сите оние случаеви каде што биле изнесени невистини? Кој нив ќе им го обели образот.
    Не можи секоја смрт да се препишува за лекарска грешка.
    За Јана никој не го спомнува фактот што педијатарот цело време била во контакт со Детска клиника во Скопје.
    Премногу се суди на нафрлана информација
    Сечиј живот е значаен, за сечиј живот треба да се даде борба, но некогаш не си Бог.
    Ако некој погрешил треба да одговара за тоа што го направил, ако некој не пружал соодветна медицинска нега исто така треба да биди казнет.
     
    На CameliaMiller, Ambitious, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.025
    Пол:
    Женски
    Тоа што бил во контакт не е за никакво величење.
    Не можеле кола да најдат за Скопје. Што ќе кажеш за ова? Оток на очите, неиспитан, недаден упат од страна на матичната.
    И не, не е лекарска грешка.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  13. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Докторот е крив за тоа што не можеле кола да најдат, дај не зборај површно?. Докторите се криви што нема цитостатици? Мислам сериозно? Дај аргумент во кој е крив доктор за тоа што нема кола. Јас зборам за конкретното обвинение за педијатарот во болницата, а за матичната никој не ја истражи.
     
    На CameliaMiller, simoncelicius, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  14. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Знам се ми е јасно. Такви се. Прво прашуваат кај работиш, маж ти кај работи, мајка ти, па да одлучат каков третман ќе добиеш.
    Јас изгубив близначе во 8 месец, мајка ми ден денес бара вина во лекарот (не поради загубата, туку поради ризикот на кој бев изложена). И мене ме пратија дома откако видоа дека едното нема срцева акција. Ама дента немаше место кај шо не се јавив, и откако му текна (или разбра дека се распрашуваме) 3 пати ми се јави да се вратам уште еднаш на преглед. Ме задржаа на болница да ме следат и наредниот ден се породив. Добив страшни болки. Другите кои беа на смена ги слушам - не за кој е речено, туку за кој е печено (само не знам шо беше печено) сакаа природно да ме пораѓаат. И викам не немојте природно не се такви болки. Од кај знајш ми вика, па второ ми е. Среќа докторот кој ми ја водеше бременоста беше таму. Останал и чекал (имаше грешка, ама имаше и човечност затоа не го обвинувам).
    Не знам ова со провокацијата е чудно. Да не се сомневаат дека и ставиле провокација без да знае, па од тоа е. И не ставаат така провокација како по нарачка, шо знам
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.025
    Пол:
    Женски
    Кој е крив што не е испитан отокот на очите?!
    Чија одговорност е ова?
    Тоа што не можеле клуч да најдат од собата, сигурно родителите се виновни. Тука системот е проблем. А за отокот, мислам навистина излишно е да се збори чија вина е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Откот доколку не е испитан значи како што и преходно беше наведено е пропуст на матичен доктор, значи се тргнува од таму, но инспекцискиот надзор беше на клиничката болница, значи самото то што не се трга од сам старт е голема грешка. Не можи да биди педијатарот во Болница крив за тоа што не било детето навреме пуштено да се испита. Тоа што нема кадар и немало кола за Скопје е проблем на министерство, а не на персонал. Можам до утре да судам вака требало така требало, но реално не знаеме што точно се случило. За некои случаеви точно знаеме што се случило, самото ќутење од страна на министерство и не добивање навреме на извештај од стручен надзор е голем red flag дека нешто се прикрива.
     
    На CameliaMiller, simoncelicius, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.025
    Пол:
    Женски
    Па за тоа дебатираме на темата.
    Зошто докторите секогаш се во право и никогаш не одговараат за своите грешки?
    Беше некој кај "матичнава" да ја распраша зошто не испитала?!
    Одговорот се знае.
    Како може да дадат извештај, без притоа да се испита матичната?!
    Ама Македонија и се е можно.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.823
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум слушнала да испуштиле некоја со провокација.
    Кога ставаат провокација значи го почнуваат процесот на раѓање.
    Како ја пуштиле дома?
    Греота, страшно.
     
    На Серотин, Harper, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.025
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе кажат дека она сакала да си замине дома на нејзина одговорност.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22 и Осе им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    23.715
    Епа можда уз пандемија, медиумите лажеа и за бројот на ковид болни. Нели?
    Или тогаш беше све вистина некако.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.