Докторот не ама болницата да. Или министерот. Ама некој Е крив зашо немало кола а тоа не е фамилијата на Јана.
Известување од МЗ '' Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство. Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.'' Значи точно е дека поднел оставка.
Хе хе Ајде да видиме што ке излажат "експертиве". Само не знам зошто уште мислат дека има луѓе кои им веруваат.
Конкретно за провокација не треба да пуштат.Али во други случаи пуштаат дома да си чекаш болки,и тоа не е ништо ново кај нас.Родилката сама одлучува мн често дали ке чека на клиника или дома. Може да е паднат чепот ама болки да нема ич и да е мирно цтг на бебето. Може и да е отворена родилката(1-2 прста ама пак без болки) и тогаш ги пуштаат дома. Као иди истуширај се,јади,спреми си торбицата па врати се. И мене со второто ме прашаа дали сакам да чекам болки таму или дома.Јас избрав дома.Болки добив после 14 часа јас.
Споделив повеќе за оној дел лажни информации се дека поднел оставка, ете не се. За другиов дел ќе видиме.
Кај нас народски кажано мува не ги лази. 14 луѓе им изгореја никому ништо. Во случајот на Јилдиз гинекологот работи на црно, му даваат условна, за случајот на Дона после година нема ништо. Али затоа плати 78% си зголемуваат. Трикафта само за 7 болни со цистична фиброза, инсулин нема... Важно они ги фатиле фотељите и никому ништо. Ниту имаат совест ниту морал
Па баш мислев на тој другиот дел. Ама ајде, ќе почекаме да видиме. Може чудо ќе се случи и ќе најдат виновни.
И со провокација? Вака кога природно оди процесот, да, можеш и дома, ама сите што ги знам биле во болница, следат како делува провокацијата, ако не ставаат плус.
Не те разбрав. Не треба да пуштаат. Тоа значи не пуштаат или не треба да пуштаат, ама сепак пуштаат? За со провокација само прашувам.
2017... Слична дешавка како со Јана ,само со 52 г. маж завршницата беше иста. Само што не тужевме не правевме обдукција ... ништо бидејќи исходот го знаев а премногу беше болно да го поминвам тој пат.
Не знам.Не сум таму и не гледам.Каква им е праксата низ цела Мкд јас не можам да знам.Затоа имаат одговорни лица.Имаат главни сестри,началник на одд , директор и министер. Убаво пишав конкретно за провокација НЕ треба.Што се дешавало ке каже и самата родилка валда.
За протестот на јана имаше еден куп луѓе, и јас бев. Вервам ќе има и утре, ако е вистинита информацијата Ко шо е дојдена работата, ќе почниме самите да си преземаме работи во свои раце