Нив мува не ги лази ама народот треба. Тие немаат иту морал ниту совест ама народот останува на нивна милост и немилост. Штом ова не крева, не знам што би го кренал народот..
Неповрзано со случајов. Дедо ми го скрши колкот, го пратија во Штип, операција она ова, ја преживеа. Арно ама кога отидовме да го посетиме неколку часа пред да почине, состојбата му беше катастрофа - жеден, нејаден, умираше од болки, физиолошката истечена а сестрата моравме да ја бркаме низ ходник за да ја отстрани, па и бесна зошто сме ја преќинале додека пие кафе. Стар човек неколку часа по операција го тераа да застане на нозе ( самиот доктор што го имаше оперисано кажа) што се вика не знае име да си каже го мачат, му повишувале тон. Една недела успеа да издржи. Откако си заминавме со мајка ми, тој веднаш починал во 16 часот а го приметиле тек ноќта. Ни го вратија со стара пелена, и повраќаници, воопшто нечепнат. Ова е веќе лекарска негрижа, а да не спомнам дека кога го примија во болница ни порачаа да му купиме лепенки за кожа, ортопедски душек, некоо врсти на апчиња и слично. Зар како болница тие не треба да имаат обезбедено барем дел од овие работи? Општо, здравството ни е катастрофа. И не верувам дека ќе се промени некогаш.
^ Не сум експерт но за операција на колк мислам дека се препорачува колку што може побрзо да почне да се движи. Освен тоа, останатото е така...за жал. Ако почнеме да раскажуваме вакви приказни нема крајот да се види... Здравството го држи оној малку способен кадар кој е преморен и исфрустриран зошто работи и за оние кои се кусок, а и за оние кои не работат.
Пракса им е тоа во Битола... И другарка ми и братучетка ми ги пуштија дома со таблета за провокација и им кажаа кога да се вратат.
Се тоа океј, ама со урлање и викање не. Каков е тој однос доктор - пациент? Не знам како иде терапијата после операција на колк ама знам дека има многу негрижа.
Јас не знам зошто воопшто ги раскажувате вашите приказни,треба да се срамиме што брзаме со заклучоци. Не греши докторот, никако. Во нормална држава ќе се реши за 24 часа, во ненормална држава ќе се заборави за 2-3 дена. И сигурна сум дека вие што ги браните “стручните” доктори немате осетено загуба на близок. Од мене толку на темава.
Да се самоцитирам, сакам да додадам уште нешто. Вонредни инспекции не треба да се прават откако ќе има вакви случки, тулу ненајавена комисија, од странство, вистински експерти.
Не е прв пат вака бебе да умре, во цел свет умираат деца неродени, дали било од провокацијата никој не може да знае, лично бев сведок како на бебето на братучетка ми му престана да му чука срцето, цела бременост уредна, во 9 месец се случи тоа што се случи.. Никој не е виновен, господ така сакал, а и овие медиумите се ќе напишат само за внимание да добијат.. Што не пишуваат толку дека битолската болница со месеци бара да се вработат нови болничари, нов медицински персонал, дека фалат околу 100 луѓе за да функционира болницата нормално, дека главата не знаат каде им е докторите од работа, али не, за тоа штама, али за да измислат глупост од типот на бебето умрело поради инекција за провокација или како и да беше одма ќе пишат..
Wow, ок.... Значи ако немаат персонал има начин и за тоа, ете нека излезат и тие по медиуми ако се незадоволни, нека бараат прием кај министерот итн. Друго, да, се случува не дај Боже да почине бебе или човек од X причини ама не може во месец дена да се случуваат вакви работи само во една болница. И не рековме дека само докторите секогаш се виновни ама премногу непријатни случки се случија во краток период во битолската болница и народот веќе нема доверба во лекарите таму, факт е.
Не знам дали се читаш што пишуваш. Тука членки кажаа дека ако прима провокација не смее да иде дома. Чија е грешката тука?
Ако ова беше наменето како сабкомент на напишаното од мене (а се познава дека е), пред да избрзаш со залучоци препрочитај го мислењето уште еднаш. Секако дека не, затоа само тој дел го додадов, а останатото ти потврдив дека за жал е така.. ми се гади од помислата на бројката на блиски луѓе кои имале лош третман, а кои дури и живот си оставиле како вработени по болници за на крај да изгубат живот. Ама сето тоа е резултат на негрижата од државата... не прави ништо за да го задржи кадарот и тој малку останат кадар дури и да се разбира највеќе на крај ќе откаже зошто и тие се луѓе...а ова всушност ми беше зборот од претходно. Еден специјалист на четвртина македонија. Патуваат секој ден во различен град.... Додека се дојде до термини.... Ја мразам оваа тема
Факт е дека докторите не ја вршат работата како што треба. Со чест на исклучоци! Дали е поради докторска грешка или не, само еден Господ знае. Ние никогаш нема да дознаеме, за жал. Колку и да истражуваат, колку и инспекции да има сега, џабе е, вистината нема да се открие целосно на јавноста. Нам ни преостанува само да се молиме на Господ да не чува, кога не сме способни да превземеме ништо повеќе!
Мислиш не знааат министерот и директорите? Никаде нема доволно персонал. Едноставно, не им е гајле дека има притисок врз вработените зашто не сакаат да одвојуваат повеќе пари и за тоа.
Реално, ако збораме конкретно за гинекологија, цела Битола оди во Плодност, па во државната немаат баш толку работа, искрени да сме.
Моја грешка во тој случај, го повлекувам напишаното. За жал пишува статистика Државен завод за статистика: Наталитетот во Република Северна Македонија во 2021 година (stat.gov.mk) И колку и да не сакаме да се согласиме дека премалку вработени - така е. Државата наместо да ги привлече, уште толку ги оттргнува со тоа што голем дел се со договор на определено без никакви бенефиции: Сто и четириесет лица работат во здравство, без решенија за работа и здравствено осигурување | NetPress Замисли денес си доктор - од утре не си. Така „функционира“ здравството едит: ни на крај памет не ми беше да бранам медицински лица, ама мора да погледнеме и од нивна перспектива. Оставени на милост и немилост на државата. А пациентите оставени на милост и немилост и од државата и од медицинските лица и........