Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    45.683
    Пол:
    Женски
    Многу си грешка со коментарот, со таблета за провокација мораш да бидеш под надзор, јас имам утре провокација и веќе 3ти пат одам да ме спремаат за што следува, како ќе се одвива, кои се ризиците и како ќе бидам под надзор во 24 часа. Значи цтг, преглед, притисок на секои 3 часа или помалку. Не е исто спонтано да почнеш да се пораѓаш кога телото ќе ти е спремно пошто пред тоа имаш контракции кои се поретки, па зачестуваат, знаеш си раѓала, а со провокација можат наеднаш да фатат, бебето да дојде во дистрес и мајката да качи притисок и тоа да се случи во многу краток рок, па да ги загубат и двете недај боже.
    И тука враќаат дома се додека немаш контракции на 4-5мин и во интервал, ама со провокација нема шанси да те пратат.

    Не знаме што било во случајов и не би да коментирам пред да има докази, ама праќањето дома со провокација е лудост и јас не сум чула на никој до сега да му го направат тоа.
     
    На Anaroz1, LiquidLuna, sj *O* и 13 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.362
    Пол:
    Женски
    Не сум никаква грешка бидејќи очигледно не си ми го разбрала коментарот, пишав горе над твојот коментар дека не знам како оди постапката со провокација, јас бев природно, а коментарот мој за кој ме цитираш беше пишан во друга смисла, што ако нема никој …. Тоа не е никогаш причина за лош исход како во случајов.

    Ако е така да се мора со провокација да е постојано под лекарски надзор (што според мене има смисла, иако немам појма од гинекологија) добро зарем прв случај е ова да вратат родилка дома со провокација и вака фатално да се заврши?
    Погоре друга членка пиша дека и нејзина другарка вратиле дома со провокација, тогаш во овој случај од пред некој ден што довело до смрт на бебето?
     
    Последна измена: 12 април 2023
  3. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Немало доволно персонал и затоа умирале луѓе ? А тој персонал (мал број ) кога ќе научи дека пациентот е побитен од кафето ?

    Добар изговор ,само напред,арно ни прават.


    Едит :Кога сме кај заминувањето на доктори во странство,знаете колку се враќаат тука поради тоа што таму не можат да си ја 'ладат путката' ?
     
    На sj *O*, Spicy Senorita, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.325
    Допаѓања:
    33.663
    Пол:
    Женски
    Еве погоре викаат дека тоа им е пракса.
    Провокацијата всушност е вагиналета со окситоцин што го почнува многу брзо процесот на породување. Окситоцинот е хормон шо се лачи на позитивна повратна врска-колку во поголема количина го има, толку повеќе се лачи. И ако при нормално породување, отворањето на цервиксот и контракциите би траеле со саати или денови, истиот процес со провокација се крати на неколку саати максимум.
    Јас сум породена со провокација, после вагиналетата се породив за 4ч (претходно воопшто не беше почнат процес на породување).
    Окситоцинот делува на мазна мускулатура и прави контракции, во случајов на матката. Од преголемата количина на окситоцин, контракциите на матката можат да бидат многу брзи, нерегуларни и силни. Ваквите контракции можат да врз срцевата акција на бебето, затоа мора да се прави цтг. И уште една работа е што контракциите на матката не мора да бидат пратени со правилно отворање на грлото од матката, па постои ризик од итен царски. Ич не е наивна провокацијата.

    Ама пред да носиме заклучоци дека е лекарска грешка, да видиме дали навистина на пациентката и ставиле провокација и ја пуштиле дома или новинарите ни пласираат сензационални наслови.
     
    На sj *O*, Oneo, Cosmic Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.362
    Пол:
    Женски
    Ти имаш некој од блиска фамилија кој работи во болница?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Тоа што нема доволен број персонал не им дава за право да касапат. Да те фанам за рака да одиме во болница знаеш колку време ќе чекаш додека си го испијат кафето ? Апла ќе гледаш како пијат кафе,и ќе слушаш испаѓај од тука,надвор чекај.
     
    На sj *O*, mssuniquee, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.025
    Пол:
    Женски
    За греота нашиве лекари. Маченици излегоа дека се :(
    Во цел свет има недостаток на медицински кадар, па не им умираат луѓе како кај нас :devil: Дајте ве молам!!! Очигледно сте медицинско лице или некој близок ваш е медицинско лице, па вака жустро ги браните!!!! Друго објаснување немам за вашево слепило |(

    Инаку, имам голем респект кон медицинската професија и медицинските лица, ама само кон оние кои си ја работат работата со љубов и посветеност, за другите не!!!! Медицината треба да ја сакаш!!! И треба да си алтруист, несебичен, посветен!!! Во спротивно си ја згрешил професијата. А кај нас има многу од вториве, за жал :(
     
    На Anaroz1, Lotus Girl, sj *O* и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.158
    Пол:
    Женски
    Баш обратно е. Да, има такви што не работат ама другите ќе се изнаработат за нив. Пишувате колку да се пише нешто. Или па ќе отидете на пауза и готово, крај на светот е ако треба да почекате, како што @Серотин се изнапишувала. Епа ај ништо, нека живеат во болница, во подрум најдобро, 24 часа работа без пауза.
     
    На simoncelicius, NoirSerpentine и La-loca им се допаѓа ова.
  9. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ниту сум отишла на пауза, нит зборувам колку да напишам нешто. Имам медицински лица во најблиското семејство и точно знам дека од цел оддел 3-4 се вистински работници и душа им излегува, додека куп други дремат на телефони, доцнат на работа и не ги извршуваат работните задачи, а и ги покриваат пропустите на другите. Така да не ми кажувај како одат работите, точно знам.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Серотин и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    23.711
    Дечки све океј ама го знаете она not all men нели? И сега знаеш дека не се сите мажи исти ама некој со кој седиш сама во просторија можеш ли да знаеш дали е силувач нели? Не можеш и нормално се плашиш од секој поединечно.
    Така и овде. Ниеден лекар не изгубил лиценца за лекарска грешка и меѓу тие кои те лечат, ти за сите сумњаш и нормално е да сумњаме. Да имавме правда, ќе бевме сигурни дека меѓу нив нема таков што осакатил пациент ама уште работи. Ама за жал немаме. И колку што може тој лекар да е одличен, толку може и на оној свет да те испрати.
    Еве и мене ми се тресат коски од рутинска и лесна операција што ќе треба да правам само ради вакви работи. Една анестезија да ми утне, толку ќе биде од мене.
    А ако више немаат доволно персонал, нека се дозволува еден член лд фамилијата да е постојано таму со тие што лежат. Барем да помогне за пресоблекување, тоалет, да смени постелнина и слично.
     
    Последна измена: 12 април 2023
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    2.687
    Пол:
    Женски
    Те цитирам тебе ама важи и за другите слични коментари.
    Сфаќате дека барате одговорност на погрешно место?
    Ако колега до мене не работи, јас не одам да се бунам на друг колега туку треба да се побунам по хиерархија нагоре. Така е и овде, ако 4 од 10 доктори не работат, оние 6 не се тие кои треба да се бунат и за тоа треба да се има надзори, казни. А пак правда треба да се бара од државата која дозволила неработници да бидат на тие работни позиции.
    Сфаќам дека омразата е на високо ниво ама мора да ја насочиме кон вистинското место, а не да удираме по самарот. Само така можеби ќе можат да се постигнат резултети.
    Ама не само на интернет, на интернет нема да помогне на пациентите кои ја бараат правдата. Требаше сите да отидеме и да бидеме присутни со Веаповска и останатите за време на судењата, да се осети тој притисок. А не никој да не се придружи, а постојано да ги обвинуваме само докторите.
     
    На IRBBB, FridaodaMk и simoncelicius им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    23.711
    Ама тие што треба да ги казнат неработниците се исто така лекари. Министерот е исто така лекар. Во лекарска комора работат лекари, веројатно и правници ама лекари одлучуваат дали и кога има лекарска грешка. Технички и тие си се колеги меѓу себе.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    2.687
    Пол:
    Женски
    Никој не ги брани, туку гневот треба да се насочи на вистинското место.
    Напиши 7-8 помали градови на нет + гинеколог и види ги податоците. Во речиси сите има само по еден, а треба да опслужуваат и пациенти од села, не само од тој град. Знаеш колку малку е тоа? Дали гинекологот е виновен за оваа состојба или државата која практично им дава услови за работење во странство наместо услови за работење во нивната држава?

    Никој не знае. Рулет.
    Освен тоа што го пишав претходно дека при такви јавни рочишта сите треба да се појавиме и така да вршиме притисок затоа што очигледно нема други опции, друго немам што да предложам. Се почниме со гнев, а ништо не правиме околу тоа. Не дека не ги разбирам оние кои поминале преку такви трауматски работи па сакаат само да заборават, ама и останатите гледајќи дека нема поддршка полека се откажуваат.
    Веаповска, пак ќе ја спомнам, кога ја видов на ТВ во каква состојба е ми беше толку поразително и се чувствував толку гневно.... Ама мојот пост на форум нема да направи разлика. Ќе направи разлика ако отидам и заедно со барем 1000 луѓе ќе притискам за конечно да има некаква правда и за нејзе и за сите што бараат правда во ходниците на неправдата.
     
    На simoncelicius, nextredstyle, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    23.711
    Џабе се и протести ако лекарска комора се штитат.
    Еве баш слушав за пример на поткастот на ирл. На жена при операција ѝ докажале брзо лекарска грешка заради која од компликации завршила на друга долга операција. Е сеа пази. Рекле дека да, има грешка од лекарот ама такви грешки биле нормални при првата операција зашто се случувале често.
    Лоџик зиро.
    Компликација од непознати причини кога сѐ било запазено не е исто со грешка директно направена од лекар при операција. Е за нив исто е.
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.025
    Пол:
    Женски
    И во странство има страшен недостаток на медицински кадар, па не им умираат луѓе како муви?!
    Не ќе да е до недостатокот...
     
    На cresa-jagoda, danichap и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    63.036
    Пол:
    Женски
    Први сме по одлив на бели мантили. Во државно не ни помислува некој да аплицира, или местото е капарено за вмро/сдсм кадар, или за некој по рамковен. Многу често или младите, талентирани лекари идат по приватно, или одма идат во странство.

    Квалитетни доктори нема. Нема ни да има, ова само ќе станува полошо.

    И сами сме си криви. Никој не ни е. Ние дозволивме до овде да дојде.
     
    На sj *O*, christinnn, elenaa0805 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    2.687
    Пол:
    Женски
    Ама не може да биде џабе се' и да чекаме да станува полошо. Не смееме да оставиме така. Луѓе...нема да се протестира за власт, буквално за живот ќе се оди и за да се поддржат личности кои очигледно се при крај со силите..., да им дадеме поддршка и на нив, а и за нас!
    Не е како во Македонија. Не сфаќате колку е лоша ситуацијата изгледа... Буквално да нема каде да се упатиш. За посериозни работи се праќаат само во 2-3 града затоа што во останатите немаат основни средства. Што мислите, зошто има толку породувања во Скопје... А судството дополнително си придонесе да се влоши оваа состојба.
     
    На marchi-cool, simoncelicius, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.388
    Пол:
    Женски
    Еве велите дека многу болници во Битола така практикувале - да ги пуштат дома да се спремеле демек а веќе е дадена провокација. Ова не е во ред. 100% не е по протокол.

    Со дадена провокација индуцираат пораѓај и мора да се следат контракциите и работата на срцето на бебето. Си има ризици постапката и затоа треба да е под лекарски надзор (успорување на пулсот на бебето, неуспешна индукција, инфекции, итн)

    Тоа дека ќе оди до дома за да се спреми е небитно. Ништо не е поважно од здравјето на бебето и на мајката.

    За самото пораѓање ништо не ти треба од дома.
    Во породилна сала одиш само со болничка ноќница на себе.
    Торбица да земела, да се издепилирала... глупости!
    Торбица со основни работи за болница се чува спремна уште од кога ќе влезеш во 9-ти месец, за кога ќе дојде моментот. И да не е спремна не е страшно.
    Може да ти ја донесе отпосле мажот или роднините.

    Влакната ги бричат таму ако треба, а искрено во тие моменти најмалку ми било гајле дали нозете ми се мазни. Цела грижа ти е во бебето, само во него.

    Побитно е да си таму и текот на пораѓајот да е под лекарски надзор.
     
    На marchi-cool, butterfly6223, kalinaka и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    23.711
    По истава логика треба чим ни направат операција за било што, одма да нe' пуштат, Какво лежење, каков надзор, какви бакрачи. Уште неосвестен од анестезија, те носат дома. Ее па и ти, и дома ќе се разбудиш, ќе лежиш и ќе се напиеш аналгинче за болки. Ако бидне нешто лошо ќе дојдеш пак.
     
    На marchi-cool, sj *O*, bicycle и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Вонредниот надзор на дсзи утврдил недоследности во случајот со починатотот новороденче во битолската болница моментално на вести кажаа..
    Ќе има казна и за докторот и болницата.
    Имало недоследности и во евиденцијата.
     
    На cresa-jagoda, simoncelicius, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.