Казни ќе им дадат колку што го казнија докторот кој ја оперираше Јилдиз или за докторката што ја оперираше Дона. Теба лиценца да им се одземе.
Некако се ме тера да мислам дека да не беше случајот со Јана, ова ќе си поминеше исто така.... Да видиме сега баш што ќе биде.
Јас зборував за родилката оти тука синоќа им ги читав киксовите. Не смееле пауза да имаат, да ги затворат во подрум. Се пишуваа страшно злобни работи и од тие луѓе не очекувам помош. Ниту емпатија, нити осет. Законски 30мин ти следува пауза за 8 часа работно време, а ние добро знаеме каква им е паузата нивна и како ги третираат пациентите. Сите преку врски, преку ред. Ти фрла во лице документ,ти затвора шалтер пред нос, си ги прима пациентите како сака. Дали е со упад или без не е важно, на закажано во 8 наутро влегуваш во 10часот и завршуваш за 5 мин. Не те ни прегледува него ти викаа “ништо не ти е”. Кадар обучен? Тешко. А тие што си ги бранеа сите се со врски обезбедени за не дај Боже на повик. Не осетиле они како е некој да ти умира на раце дур у друга рака држиш телефон и се расправаш со сестра која не сака да прати возило. Па малку е казна, се пораѓала во болница и ја извадиле матката, се пораѓала во болница и извадиле два органи. На диво пораѓал пошто бил син на познат доктор. ИМА ИСКЛУЧОЦИ СО ЧЕСТ. Тоа никој не го оспорува. И пак бранете ги, постапиле совршено, да навистина ги искасапија родилкиве и којзнае уште колку имало претходно за кои немаме поим.
Иначе не му е прв скандал на докторот од Битолската болница, тоа е оној истиот кој си ја носеше неговата жена на пораѓај без таа да има лиценца за работа. Е за овој случај можи да се дискутира дека има пропуст кога веќе е наведено дека гинекологот и сестрата на смена не напишале ништо во рапортната книга, а секој доктор и сестра пред завршување на смена мора да напиши што било примено т.е да даде рапорт за тоа што се случувало, за наредната смена да има увид.
Нема да се прочуе освен ако не земеш наместо во АХВ, по весници да пријавуваш. АХВ за џабе плата зимаат, нигде нема толку диви "одгледувачници" како овде и Србија.
Кучињата 99,99% ќе бидат успиени, предвидено е законски куче што тешко повреди/усмрти друг човек/куче да биде успиено. За каснување без посериозни последици не ги успиваат, но се плаќа казна и не смеат без маска надвор од двор, макар биле "неопасна" раса.
Ама кај нас нема таков закон, единствено може да го успијат само и ако само не положи тест за социјализација, и тоа на барање на сопственикот три пати може тестот да се повтори на одреден временски период..
@Munchmallow20 за тој што ќе фрли отров во нечиј двор може да се терети за обид за убиство на луѓето во тој дом. За расфрлање отров по улици, паркови, школски дворови, е казниво, но е сосема друга тема.
Значи има закон и ако треба ќе го најдам, куче што смртно или сериозно ќе повреди човек/друго куче се успива. Нема "поправен" тоа куче.
Абе јас ти кажувам како ми збореа лани у темана. Дека тие што пријавувале уствари им давале повод на трујачите.
Не знам што ти збореле, глупости. Мислам колку треба да си мрднат да расфрлаш отров, не само куче, човек ќе отруеш. А уште помрднат треба да си во двор да фрлиш отров. Глупости се тоа веројатно од дебили сопственици што пуштаат кучиња сами да се "прошетаат" или "испразнат" и не собираат гомна по улици. Апсолутно пријавувајте несовесно сопствеништво. Трујачите се посебна патологија и немаат врска со цивилизација, не припаѓаат во темава.
А извини ама каде да пријавиме несовесно сопствеништво? Озбилно каде? И дали воопшто некој ќе преземе мерки? Не верувам.
И кај нас другарчињата на син ми што одат сами на училиште си носат некакви батерии за заштита. Децата се по 7-8 години. Тешко на родителите само ќе речам, џабе се коментира сега ко го нема детето веќе.
Јас само не можам да сфатам како 4 години живееле таму пишува и детето цело време си играло со кучињата во дворот. Претпоставувам дека не е прв пат да се прекачило вака, си играло и ништо не се случило. И верувам и родителите и сопственикот знаеле за тоа и биле ок со тоа. Верувале на кучето, што според мене е погрешно од двете страни. Колку и да е дресирано и социјализирано (А верувам било. Детето го знаело доволно долго кучето да знае дека не било агресивно, инаку и тоа знае самото да расуди и да не влегува во двор со агресивно куче), не можеш таква раса да оставаш со туѓи деца без никаков надзор. Немало никакви шанси за одбрана. Да, влегло во туѓ двор, ама било "со амин" да речеме. И е неодговорно. Особено од сопственикот. Неодговорно е кон детето, ама и особено и кон кучето негово. Баш кога знае дека е дете и не може да предвиди дали ќе се случи нешто непредвидено да го тригерне, треба да ги заштити и детето и кучето. Немам чувано куче, ама гледано случки. Ова кога во парк носи куче на поводник и друго куче на поводник му се доближува. Колку пати ќе каже не, на што другиов одговара "ама питомо ми е кучето". Супер, ама може моето не е. Не ја разбирам таа 100% доверба во куче, пошто е сепак животно, ама уште помалку разбирам како имаат доверба и во спротивната страна.
https://drive.google.com/file/d/1IjezpeZX-7RVnOtcytf9bpGwzhUmN4UY/view На истите броеви се пријавува и обид за напад, и да нема каснување (излезе куче од двор и те лае пример). АХВ се произнеле на темата, мрднале од зимски сон. https://fva.gov.mk/mk/230412-ahv-sorabotka-organi-rasvetluvanje-pocinato-dete-napad-kucinja Или ако не сте сигурни за каде треба, овде:
Ти само за во Тексас си Како се запна, мој имот, заграден, неповикан.... Те замислувам како со пушка си го чуваш дворот од неодговорни минувачи. Таман во Тексас стил
Ако се случи тој период поради некои околности да ти искрсне нешто? Да не ја тупам, не сите функциунират на ист начин или ко шо сакаме ние.
Ако знам што зборувам, Форумче, а на тема кучиња знам, ќе зборувам се' додека сметам дека треба или сакам. За законите во врска со кучиња во оваа земја, знам. За законите за кои одговорности ги има сопственик - знам. Знам и за други земји. Луѓе што не сакаат кучиња или не чувале куче, ниту па се информирани на темава, нема сигурно да им кажам оќе, така е.