https://www.apla.mk/denes/item/1262...7Ae9aBfyQpeQvnCytEwepKPdPx9kM&mibextid=Zxz2cZ Вакуумот е страшна и многу ризична работа при раѓање..Ист ваков случај имав во блиска фамилија пред многу години. Поради повреда на мозокот од влечењето со вакуум бебенцето живееше само 24 часа. И никој кривично не одговараше…
Не, го чувам според македонски закони. Го очекувам истото од комшиите. На сандаче во зграда ми стои - контакт преку домофон. Никој не сакам ненајавен и тоа е тоа. Сега скоро некој ѕвонеше, не отворив. Зошто би? На кој му требам, а нема мој број, има домофон. За куќа па ич муабет не правам. Нула причини да влезеш неповикан, посебно каде што е затворено, со табла пази куче. Не влагај. Едноставно е. Нема да влезат или на сопствена одговорност. За 13 години јас немав проблем, другите нека си се организираат според своите услови. Мене ми се грижа моите миленици, не ЕВН. Ако ЕВН не си поставила саат кај што треба или како е редот, не е мој проблем. А, да. Еднаш овие од парно пробаа да влезат. Среќа беше татко ми дома. Ебате државата кога ти влагаат бе онака лабаво, кур ми е двор ми е. Сега веќе им е се електронски.
Не ме занима кој е крив кој е прав. Жално за детето и за тие родители, да не се случи вакво нешто на никого... Вечна му земја. Си го земал дедо Боже меѓу ангелите. За кучиња во оваа држава нема ред. Денес трчаа 5 кучиња улични по еден точак накај мене. Нема некој што нњ би се исплашил да гледа 5 кучиња како трчаат накај него.
Уште пораѓаат со вакуум? Не претставува тоа голем ризик? А родилката не им кажала дека била претходниот ден кај другиот доктор? Овде не читам ни провокација, туку само документацијата не се совпаѓала
Ги чекам тие шо ги бранеа докторите да се изјаснат со ова. Инаку назад на темата - Сите кучиња заедно на светот не вредат колку еден човечки живот, посебно детски. Сакам кучиња и чував ама никад нема да ги ставам пред човек. Толку од мене на темата.
Пораѓаат, а родилката не е должна да кажува дека била, има рапорт книга и доктор и сестра, во која се заведува секој пациент, ниту докторот ниту сестрата немале внесено, надзорот го увидел тој пропуст, а зошто починало новороденчето сигурно се чека резултатот од обдукцијата
Да, знам дека не е должна. Ама овие што пораѓале треба исто така да сносат одговорност. Не само префрли ја вината на другиот. И тој имал вина и е скандалозен доктор да, ама во случајов има и други виновни.
Неофицијално, детето прекачувајќи се преку ограда паднало врз едно од кучињата и затоа кучето го нападнало.
Како не е должна да каже? Што ако отишла во друга болница да се пораѓа и не каже дека ѝ е ставена провокација? Значи лажела за анамнезата? Не зборувам за оваа пациентка, туку општо. Во никој случај не ја обвинувам родилката, првичниот доктор кој ја примал и испратил дома е крив и никој друг
Ама тоа викам никаде не прочитав дека е ставена провокација. Спрема напишаното дадов став. Ако ја испратил со провокација виновен е, ама ете го теретат само поради документацијата
Родилката мора да каже дека била во друга болница, во конкретниов случај она се вратила во таа болница, значи не била во друга. Докторот мора да напише рапорт затоа што тоа е документ кој можи да подлежи на судско вештачење. Некои работи не се прескокнуваат, туку според закон се морални, а тој тоа не го направил и за тоа дело ќе биди санкциониран. А дали дал таблета за провокација или не, во тоа што е објавено нема таков податок, и заради тоа не можи да се дискутира, оти гледаме колку ни се веродостојни медиумите во однос на пласираните информации
Првично беше објавено дека со провокација ја пуштил дома што не смее никако. Ама ако не е ставена провокација и ја пуште дома да чека болки и доколку се било во ред не постапил погрешно. Едино е погрешно што не пишал извештај.
Пишува дека прво дошла еднаш, па вторпат со болки и ја пратиле дома па тек третиот пат дошла на пороѓај
Па и јас истото го кажав. 100 пати различни вести и за родилката и за детето и кучето. Изглеа на кој што ќе му текне си пишува
Па последно решение е вакумот, ако не оди пораѓањето ко што треба, ама бара големо искуство. Сепак, ради породување со вакум не можеш да теретиш никого. Е ако претходните постапки довеле до вакво комплицирано пораѓање, тоа е веќе друг аспект.
Еве сега прочитав дека е направен запис,ѝ отвориле историја, дале терапија и ја пратиле дома. Она треба да се потпише дека доброволно ја напушта болницата. Во никој случај не смеел така да ја оставе
Сум слушала многу лоши искуства на жени породени со вакуум. Можно е поради вакуумот да настанала смрт? Апгарот бил 2, не е можно од вакуумот да е? Меѓу итен царски и вакуум што е клучно да се одлучат на вакуум? Не знам стварно ми е нејасно ова со вакуумот. Знам дека за првото дете бев преплашена да не мора да интервенираат со вакуум од што имав слушано за последици од тоа
Вакум се користи кога главата на бебето е веќе во каналот влезена. Тука не можеш итен царски, додека да биде ќе се угуше бебето и затоа вакум користат за побрзо да излезе
Мислам дека се случува кога пораѓањето веќе тргнало и се нема доволно време за царски. Направиле најдобро што знаеле. Е тие претходно, ако вистина ја вратиле дома, па уште со провокација
Мене не би ми ни текнало да кажам искрено. Очекувам кога сум дошла пак во истата болница за кратко време да се запознати. Во никој случај не е е ни должна ни крива.