Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Да кажам пар зборови за трагичниот случај со родилката.
    Јас сум породена со провокација. Бев задржана во болница. ЦТГ ми правеа постојано. Доаѓаа, прашуваа, дали е се во ред. Кај мене болките, пукањето на водењакот почнаа наеднаш. После тоа не бев во состојба да се движам, не па да треба да ме носи некој во болница. Не знам кои доктори останаа во земјава, но тоа што вреди е ретко, заминато во странство или во приватно здравство.
    И сега ќе се препукуваат меѓу себе кој е крив. Сите се криви. Која будала ја испуштил дома...
     
    На sj *O*, marchi-cool, Anaroz1 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.594
    Допаѓања:
    152.213
    Пол:
    Женски
    Врска немав што може да се случи и што треба да се направи.
    Од случајов се испотресов ионака ,а можев и јас да бидам ист случај бидејќи исто беше пристапено на почетокот.
     
    На Freckles., mal.ecka, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Оти битно е од која партија е докторот, а не дека една мајка без бебе дома си отиде.

    Мое лично ненаучно мислење - мораме да потестираме, ама одма.

    Не е нормална инстанцата на мртви деца на пород, не е нормално што се случува.

    За жената што не и' дозволуваа абортус на фетус со аномалии во Хрватска, па абортираше во Словенија, хрватките го дигнаа во воздух Загреб, а не овде органи вадат, деца умираат на пород, ние се чешаме.

    Кога си доктор сеедно е партија, националност, вера, пред тебе имаш пациент.
     
    На Harper, sj *O*, Feminka22 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.023
    Пол:
    Женски
    За оваа процедура читам многу родилки се избезумени и имаат трауматично искуство и мислат дека нешто насилно им правеле. Всушност, така се помага на бебето првенствено, а потоа и на мајката и е сосема нормална процедура.
    И мене така ме породуваа, бидејќи бев со провокација, отворена, ама бебето не се спушташе. Доколку ова не успееше, следно беше царски.
    Ова како појаснување за процедурава, не дека сакам да ја обвинам родилката или нешто слично. Според пишуваново има и повеќе од доволно причини да ги тужи и гони до крајот на животот. Како што читам правник била, нема да се извлечат лесно или барем не без борба ]:)
     
    На sj *O*, IRBBB, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Сама тешко, ама треба да ја поддржиме сите, инсајдерски знам дека ќе направат се' да си го покријат газот.

    Ама ако искочиме и правиме притисок, ќе паднат и казни, и лиценци одземени, ќе се прочешла убаво се', па ќе почнат да работат како што налага медицината, законите, а не како што им чини денеска и на која нога станале.
     
    На Harper, Freckles., simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.174
    Допаѓања:
    26.084
    Пол:
    Женски
    Епа да, затоа и почнав од почеток да пишувам како би можело да биде, пошо секој кој е запознаен со процедурата без разлика дали е применета на неа или не, знае дека буткање на стомак или вртење на бебето кое е исто така многу болно, не значи дека нешто лошо ти прават и се насилни, но доколку влечеле бебето за глава насилно за да се извади од каналот и не примениле ваккум правилно или воопшто, можно е да дошло до повреда, некои доктори одат на природно без да покушаат правилно да го свртат бебето, многу ги породиле без проблеми ама ризикот е огромен ако бебето е свртено со лицето накај стомакот од мајката, е сега немаме ние инфо каква била положбата, само размислувам на глас. А за царскиот, ако пораѓајот после пукање на водењакот течел нормално, тогаш нема да прифатат царски тоа е секаде така, сум молела и јас за епидурална, молеле и други и за царски, само да се олеснат, дури во странство по 2 дена оставаат родилка да шета по ходници и не прават царски ако пулсот на бебето е во ред, ако сматраат дека е нормална големина и ако родилката според нив ќе има сила да истурка до крај. Е сега, царски би било опција нели ако бебе не се спушта ама ако било во канал нема шанса.Едина грешка би било да го остават во канал повеќе време него што треба, без да мерат во меѓу време пулс, ако до тогаш нели цтг било во ред.
    Не сум најинформирана за случајов само коментирам статусов.
     
  7. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.428
    Пол:
    Женски
    Можам да потврдам за случајот со родилката дека докторот(гинеколог) е ВРВ! Престручен и предобар.
     
    На simoncelicius и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  8. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Кој доктор?
     
  9. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.428
    Пол:
    Женски
    Што ја породувал трудницата што го изгуби бебето во битолската болница
     
    На tanjaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.023
    Пол:
    Женски
    Кажи го де, со име и презиме.

    Зошто само лекаров од ВМРО е на тапет, а останатите кои ја породиле се пишуваат со иницијали? Нели е дволично малку?
     
    На Harper, sj *O*, Feminka22 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    10.445
    Колку што разбрав кога и го пукнале водењакот на девојката виделе дека има мекониум. Тоа е индикација за итен царски и бебето мора одма да се вади, а они чекале два саати и биле упорни природно да ја породат.
    Не знам како можеле да остават да поминат два саати, ми нема логика детето толку време да седело заглавено во канал.
    Жената не барала царски поради болките само, туку веројатно знаела дека водењак со мекониум е сериозен ризик за бебето.

    А тоа е уште една причина зошто не се пушта дома родилка што примила провокација. Не се знае никогаш бебето како ќе реагира и секогаш цтг-то покажува ако бебето е во стресна состојба, што всушност е и главната причина зошто се јавува мекониум при пораѓај.

    Прежално и немам повеќе зборови. Мене денови ме делат од пораѓај, кој голема е веројатноста дека ќе вклучи и провокации и ептен се потресов со целава случка. Замислувам да носиш бебе толку месеци да го чекаш со сиот ќеф и вака да си поигра животот.
    Дај веќе еднаш правдата нека излезе на виделина во ова скапано здравство. Не дека ќе го врати бебето или ќе ја намали болката на родителите ама барем да се спречат идни немили настани. Станавме шампиони за црна хроника да му се сневиди, секој ден не знаеш какво ново срање ќе те дочека.
     
    На Harper, sj *O*, Feminka22 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    23.709
    Може ова да знам зошто?
    Било кој.
    На каков ризик укажува мекониумот?
     
    На sj *O* и simoncelicius им се допаѓа ова.
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    10.445
    Мекониумот е првата столица на бебето што се акумулира во неговиот дигестивен тракт во текот на целата бременост. И е една потешка смеса со темно зелена накај црна боја. Обично бебето кога е под стрес при контракции или други стрес фактори знае да го испушти овој мекониум во плодовата вода. Инаку вообичаено во најголем дел од случаите не се случува.
    Ако се случи да има контаминација со мекониум бебето е под ризик да ги вдиши во респираторен тракт тие честички од изметот што првично може да направат механичка опструкција, а потоа и разни инфекции. Некои бебиња поминувааг полесно, ама некои завршуваат со механичка вентилација, антибиотици, тешки инфекции и не дај боже смрт.
    Затоа не се ризикува и се иде на царски. Особено не се чека два саати како што раскажува родилката дека било.
     
    На Harper, sj *O*, Freckles. и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.428
    Пол:
    Женски
    Не е прв пат кај нас никогаш никој не го напишале со целосно име и презиме. И да и јас мислам дека останатите се тие што треба да ги кажат јавно
     
  15. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    7.330
    За жал ова што го пишува родилката е реалност.
    Да докаже нешто не верувам.
    Знам колку е болен тој пат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.821
    Пол:
    Женски
    ;(
    Душичка. Се надевам дека целиот бес ќе го насочи кај што треба и нема да се откаже.
    Одвратни значи каков однос, каков третман кога сме најранливи.
    Точно дека притискаат на стомакот ако е високо бебето, и мене ми го направија тоа, ама претходно ми кажаа што ќе се случи и зошто, да се подготвам. Можам да ги замислам според напишаново колку биле одвратни, па уште оди во Плодност бе нелуѓе гнасни. Доктори се нарекуваат.:puke:
    Сочувство најголемо за Јован.
     
    На Harper, sj *O*, Freckles. и 12 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Колективно сме по ре ме те ни .
    Мислам кој сака нека се лути.
    Дали некој бре луѓе го спомна неонатологот???
    Пореметени сме еве ви кажувам!
     
    На Freckles., IRBBB и An-na им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.821
    Пол:
    Женски
    Мислењата за кучето и детето се префрлени овде, па можете таму да ја продолжите таа дискусија.
    Ако некое мислење залутало каде што не треба, ве молам да го пријавите.
     
    На Feminka22, FridaodaMk и marchi-cool им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.538
    Допаѓања:
    289.024
    Жално ;(


    Во извештајот од последното породување видов дека плодовата вода била со мекониум.
    Во моментот видов дека се е зелено, но искрено не знаев веќе што од каде испаѓа во најголемите болки, па не бев сигурна.
    Ме породија спонтано, претпоставувам не мора, само се препорачува и со огромно внимание се следат тоновите во такви ситуации, што тука очигледно не било случај:(.

    Истото се однесува и на стискање врз стомак, користење вакум, дури и стискање со кебе, често користени процедури во цел свет но мора со огромна претпазливост, стручност и внимателно да се следат тоновите.
    Тука целосно потфрлиле:(
     
    На MeowMeow, Freckles., buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.325
    Допаѓања:
    33.663
    Пол:
    Женски
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.