Мислам wow, зашто мислат дека се толку entitled па ако се лечиш кај нив, друг доктор не смее да те има пипнато Ко божем тајни агенти се па ко тужи баба те третираат, не доктори
И јас така знам. Боже Господи кај живееме? Доктор, анестезиолог, ги снимал пациентките за на тик ток. Ова ни во Бангладеш го нема.
Само едно ќе ти кажам како тазе бивша вработена во болница. Не е исто дали имаш 5, 15 или 30 минути за пациент. Докторите со кои јас работев (не знам за други и не коментирам) во просек гледаа 40+ пациенти на ден, при тоа беа хирурзи, значи требаше време и за сала да има, преврски, пост-оп контроли, редовни контроли за цитостатици, дијагностика. Ако 8 часа му е работниот ден, ти направи математика по колку време имал за еден пациент. Тебе може не ти е гајле, ама треба да ти биде, ни доктор, ни сестра, ни болничар, ни администратор за лек нема. Лесно е да викаш отпушти го, ама нема кого да вработиш, ретко кој сака да работи државно здравство. На конкурсите за сестри една со искуство не се пријавуваше, само од клупа излезени, со цел малце знаење да стекнат и да фатат џаде по Европа. Не ме сфаќај погрешно, ни еден доктор немам намера да перам од одговорност, само ти објаснувам и еден друг аспект. Или ајде за мојава работа, не беше исто да услужиш 30 и преку 200 пациенти на ден (редовна бројка околу 150 беше). Ти подели ми го денот и види колку време сум имала да објаснувам, при тоа не заборавај да ми најдеш време за контрола на МТ (прегледи, операции, итн), време за извештаи дневни, неделни, месечни и квартални, време за уште еден вид извештаи (финансиски) и на крај потпишување и прегледување на цела документација од цел ден. Истовремено најди ми време кога на секој доктор треба да знам во момент да кажам кое упатување како се прави, со која дијагноза да води за ортопедски помагала, кои ортопедски помагала смееме да ги издаваме, кои се регулативите на МЗ и социјално према нас. Не е ич мал и занемарлив фактот недостатокот на кадар, јас си ја сакав работата, заминав оти имав премногу, невозможно премногу работа, а плата очајна. Никој не е должен така да трпи. И не сум само јас, во 1 месец три сме, за другите две колешки знам со сигурност дека работеа посветено и чесно. После короната не е реален одливот на кадар. И тоа има и те како директни последици врз пациентите. Едит, да се дополнам. Се чека месеци за операции, а сали како сали има опремени. Ама не оперираат салите, оперираат лекари. И не само хирург, ти треба уште еден најмалку со него асистент, инструментарка, анестезиолог, анестетичар, болничар. За некои операции оперираат и од различни специјалности. Така треба. Само што прво анестезиолог нема за лек државава. Нема. Џабе хирургот ти е, ако нема кој да те заспие и разбуди. Причина зошто државно нема епидурална е баш немање анестезиолози. Илустративно само. Како што се исфрустрирани што на сметка на приватното еба мајка државата на јавното. Секако, за тоа не е пациентот крив, не смее на него да истура бес, само ти кажувам од каде потекнува. Друга тема е, ама намерно и свесно се ебава јавно здравство за да цвета приватно. Доктор што самиот нема да ти каже да побараш второ мислење пред некоја екстремно значајна операција што ќе ти промени живот... не иди веќе кај него. Не верувам на доктор кој самиот не сака да слушне и друго мислење. God complex на најјако.
Види Giovanna не викам дека не си во право како треба да се постапи оти ние сме уплашени за нашите бебиња, само не знам дали си имала искуство со пораѓај или не и дали си ја имала таа среќа да се породиш за 1 саат. Многу ја имаат, но 90% од прворотките се пораѓаат 12-18 саати, второ ротки до 5 саати, секако има исклучоци што одма зе породиле. Е сега, според мое искуство еднаш не беше направено ехо на бебе за време на целиот процес, паа да видат дали е заматена водата, се прави цтг и се гледа вагинално колку е отворена родилката, се прави клизма и тоа е тоа, порѓајот почнува и во меѓу време на саат-2 се прави цтг. На тие што им го пукаат водењакот го пукаат после саати контркции ( кај мене беше точно 13 саати во болка, 7 саати поминати од стапнување во болница) еднаш ехо не беше направено за да се види плодова. Значи никој не пука водењак од кога ќе стапниш на болница. После пукање на водењак, ниедна не се породила спонтано за 15-30 мин.а никој не пука водењак на 7-8 прсти отворена. Значи поминува време 2-3 саати минимум од пукање водењак-до бебето да излезе надвор. И кај тие што пукнал водењакот дома, а имале заматена вода, траел процесот со саати ( ете другарка ми). Не е во прашање плодовата вода, во прашање се тоновите на бебето, колку и дали бебето било под стрес. Значи ако се добри, не одат на царски поосебно не странство, Мк полесно идеш до царски,ни еден доктор не ризикува 2 дена шетња по ходници, шо тука не е пракса, ма колку сака да е уредна бременоста и пораѓајот едноставно 2 дена е претерано да мачиш жена. Добар доктор после пораѓај ги шмука материите од носе и уста, продолжува одма со антибиотици. И бебето ако вдише од мекониумот, дише тогаш кога се спрема да вдише воздух ( уште главчето кога само им излегло знаат да фи вшмукнат материите. Воопшто не е страшно ако бебето голтне од заматената вода, тоа не предизвикува поголеми компликации,само ако е вдише, шо е мнооогу редок случај. Значи тие што имале заматена плодова вода, успеале на свет да донесат бебиња кои потоа биле здрави и прави, повторувам ЦТГ-то е битно и тоа како постапиле од кога излегло бебе на свет. Ако добила провокации, дали бебето добило реалција од провокацијата, дали тогаш покажало дека е под стрес т.е дали срцето му работи правилно, затоа не се праќа дома жена со провокации. Вака само нагаѓаме кој биле пропустите, не го знаеме целиот процес.
Многу работи одеднаш се случиле, околностите очигледно се премногу сомнителни, само дали тие што се стручни да пресудат овој пат конечно ќе застанат на страната на пациентот. Затоа и другиов дел од дискусијава ќе го ставам во спојлер да се дообјаснам општо за тоа што почнавме, не би сакала да се сфати како тврдење за конкретниов случај. Спојлер: Спојлер Многу пати сме зборувале за разликите во пристапот помеѓу различни здравства и други држави и тука секогаш ќе има поделени искуства. Сепак јасно ми е дека различен здравствен систем, може различно да третира одредена состојба. Исто така држи вода и тоа што го кажа, меѓутоа пак ќе повторам има различни степени тука и доктор и неонатолог треба да одлучат заедно како ќе постапат. Какво сака нека е здравството не можам да се согласам дека е така наивна состојба, напротив. Фала богу па не се случува до толку често. Истражувањата што ги зборувам укажуваа на различните исходи при спонтан и царски пораѓај и секако го земаа предвид и степенот на заматеност и степенот на стрес кај бебето. Ако некој го интересираат деталите, можам да се потрудам да ги најдам пак. Заклучоците беа дека што позаматена е водата, толку повеќе се зголемува стресот на бебето и се добиваат неуредни тонови. Исто така, при состојба на потешко заматена вода тие бебиња што биле со царски поминале и со помалку компликации. Како и зошто докторите тука и во други држави одлучуваат не сум кадарна да кажам. Сепак има причина зошто оваа состојба се смета за ризик фактор и зголемува стапка на царски рез или асистиран пораѓај со вакум и слично.
Тек допрва ќе гледаме вакви глупости , луѓето кои живеат во вакви градови како Тетово не се зачудени од ова туку дури и очекувано е . Не сте свесни верувајте кој се се вработи по болниците . Нема врска Макњдонци или Албанци тоа е најмал проблем. Но , има мед. сестри кои не знаат македонски , како да се разбереш со нив ? Мое мислење е дека тек допрва ќе гледаме вакви случки. Ако на ова премолчат блиските на жениве и не дигнат револуција , не не бива скроз. Имаше уште една вест дека на детето со цистична фиброза докторка му се заканувала ако продолжи да дава изјави за него ќе немало место во болницата. Каков човек треба да си да кажештакво нешто на млад човек кој секој ден ја гледа смртта во очи ? Па плус доктор.Ужас на сите страни тотално и свесно го уништија здравството со купени дипломи , распад систем.... е си оделе луѓето епа ќе си одат ...
За се надоврзам точно ова јас со прва бременоста бев кај док. Михајло презадоволна, но нели лежиш таму и иди визита да те прегледа, доага дотичната докторка и ми вика аууу ти кај Михајло си не те гледам...Замина буквално ни рана од рез ми виде, ни дали ми ставија нешто за болка, дали сум добро не не замина. А кога одев на цтг се погоди и кај неа во смена и за тоа ми рече оти не идеше кај мене замина кај Михајло епа тој нека те види... Нареден ден докторот Михајло помина кај сите до еден без разлика кој ги породил праша како сте, болки, рана се.. За вториот пораѓај бев со дог. Царски само што појдов кај докторот мислам толку сигурно се осетив оти знаев дека ке ми обрни внимание, 100 пати ми јави да праша како сум бидејки имав испад и се изнаплачив од искуството со докторката од првиот пат и нејзиниот однос...Докторот не го знаев прв пат го видов кога одев на цтг и со него се договорив дека сакам кај него и така беше наместо јас него да го барам и прашвам тој ме бараше да праша да не имам болки или да не ми пукнал водењакот..
Едниот доктор што е запишан со иницијали е од другата политичка партија, за другиот не знам кој е. Затоа Михајло е со име и презиме, а другите се само иницијали. Двојни аршини Кој? Пиши иницијали барем име, мислам дека знам за кој се работи. Страм да им е, значи нивното препукување меѓу себе ги доведува во ризик пациентите. Секој доктор на визита е должен да ги види сите пациенти без разлика дали ги примил тој или некој од колегите.
Срцево почна да ми чукат брзо.. не е секој за доктор, жалосно кој се има право да лечи. Значи збориш за истата докторка што ја породи родилкава?
Леле ептен детски чоече. Пих Михајло нека те лечи, него го сакаш, мене ме неќеш, мрш Еве јас скоро правев преглед за приватно и сеа испаѓа не треба на државно да ме примат за операција, како така сум се осмелила на приватно да ме прегледуваат, а се оперирам државно Макар што операцијата на приватно ми мноооогу поскапа од еден преглед таму. Ај нека им дојде некој "битен" човек и нека му речат "Аа ти имаш пари, иди лечи се во Систина, ние не те прегледуваме" ако имаат муда Ама само врз обичните смртници ќе се изживуваат
Ма они сите доктори на оддел се против Михајло затоа што сите пациентки од млади до постари го бараат него за сè, во него имаат доверба и овие другите се увредени па ко мали деца се понашаат.
Не знам дали за истиот дечко се работи, ама еден имаше објавено дека порано го испишале од болница а датум на испишување пишува 18.04. Требало две недели да биде хоспитализиран и да прима терапија ама го исфрлиле неколку дена порано. Можда се па многу напред у време, што ги знаеш.
Истиот е. Мислам дека колективно треба да се кренене со протести со чуда затоа што ова веќе не го бива, ја претераа човече.
како и да е, факт е дека во државава или имаш пари да се лечиш или буквално одиш во смрт со лудиве кои во болници најдоа да се препукуваат од која партија се. Господ нека им суди
А докторкава што му јадела лајна, добро бе, зарем не ѝ е неа желба да се обезбеди лекот, да не мора да се хоспитализираат постојано, да се тргне напред у лекување на тие луѓе? Па не знам кое лајно од човек да си такво нешто на болен да му кажеш што со страв се буди секој ден. ***** Едит Кажете што сакате ама оној анестезиологот што објавувал на тикток му треба ќотек. Не сум за ќотеци ич, ама ова неговото е тотално подјебавање у фаца. Зашто неговото нема врска ни со немање персонал, ни немање лекови и време и чаршафи, ни со мала плата или долги тешки дежурства. Има врска со тешка глупоќа.