Заради коректен однос имале лек? Коректен однос? Луѓе, се зае*авате??? Лек заслужува СЕКОЈ и МОРА ДА ГО ДОБИЕ! Таман работа ако заради нечиј однос добиваме или не добиваме лек!
Ако имало потреба да го примат во болница,а нема место таму каде што треба нема сигурно да го вратат дома кога животот му е во опасност. Каква услуга какви бакрачи тоа им е работа.
Мене пак обратно ми се случи. Породена кај друг доктор, а Михајло дојде на интензивна и ме праша кој ме породил му кажав и ни рана ми виде ништо туку ми вика а за првото кој те породи му викам влатко ауу прај плодност ами шо си дошла сега тука дека е без пари кај нас.. многу неубав впечаток ми остај од прв пат што го видов.
Па баш заради тој етички кодекс треба да е забрането. Мислам тој што има етички кодекс и без таа забрана не би се довел во ситуација преку фб да се расправа со луѓе кои треба да ги лечи. И да, важно е дали се социјални мрежи затоа што цела јавност е запознаена каде лежи пациентот и што здравствен проблем има - нешто што не смее доктор да сподели со сите. Друго е кога би го викнала во канцеларија и меѓусебно со договор би го решиле проблемот. Али изгледа желбата да се докажува е поважна од сите морални принципи и кодекси.
Да, треба да биде. Пр, во зграда се потпишува за основна работа - да пројде некој кабел за да има некој стан струја. Никој не потпишува освен 5 стана. А основна работа е во 21 век, нели? Благодарен ли ќе е тој? Да, би требало да е, затоа што и другите можеле да потпишат и им било обврска ама не потпишале затоа што се кретени. Благодарност не е мито, не е давање бонбониера, не е давање имот. Збор со значење е. Научете се малку на културно однесување. И други доктори има кои нешто „им е работа“ па со прст не мрдаат за да направат нешто. И сега ќе ги изедначиме тие и овие? Затоа што на некој ќе му падне круната од едно благодарам? Ако некој сака да биде некултурен малограѓанин, слободно може да продолжи и така да си се шета неблагодарен. Можеле и ништо да не направат. Мислиш огромен процент од докторите им е гајле за нешто? Баш ги заболе дали некој ќе имал лек или не. Ќе го пишат „ова ти треба“ и толку од разговорот. Мислам, стварно го делиме мислењето дека секој заслужува лек ама кој друг се заложил да помогне? Никој. Сите ги оставиле на милост и немилост на (неодговорноста и незаинтересираноста на) државата. Ве читам и се чудам во каков паралелен свет живеете што мислите дека докторите, ма било кој помага до толку за да не морате ни да изустите едно благодарам.
Коа ќутиме, зашто ќутиме. Кога дечково секој божји ден пробува да привлече внимание на медиуми и соц мрежи и све и сите го откачуваат, па ајде што морало толку да крева фама, нека си ќути таму. (Читај: нека умре) Оние си го прчат со 80% повисоки плати, нешто што одма го изгласаа ама за трикафта имало процедури, немало буџет, не идело така брзо, постапки ова она. Ку*ов мој не идело брзо.
Секако дека треба да се буни, само не по цена на мирот на останатите пациенти сместени до него. Единствено тоа е проблемот овде.
За лекот трикафта единствен виновник што не можи да го добијат сите е државата поточно министерство за финансии и министерство за здравство. Тие требаше да се залагаат сите заболени да го примат. Кога може да си покачуваат за 78% плата функционерите, може да се издвојат средства за сите. Не е ниту Игор ниту Фуштиќ виновна. Многу е тешко да си во позиција да одлучуваш кој ќе го добие, а кој не. Требаше да почине Благојче па да се заложат за набавување на лекот. А сега прават раздор меѓу болните кој е поитен за да го добие. Константно си поигруваат со здравјето на народот
Не знам дали си сериозна со коментарот. Можеле докторите и ништо да не направат, можеле ама дали е во ред??? Тоа им е работа, а богами и должност штом се одлучиле за таа професија. И да, не треба пациентот да е благодарен што го примиле на клиника, должност е и на државата и на институциите да го згрижат и да постапат соодветно на неговата состојба. Благодарен треба да е ако го примат во Систина и го лечат доброволно на нивна сметка, тогаш да. Ама да е благодарен за државна институција каде цел живот плаќа здравствено осигурување е нонсенс....
Јас сериозно мислам дека не знаеш каде живееш. Немаш поим колку е лошо здравството и се надевам дека никогаш нема да дознаеш. Најискрено ти го посакувам ова. И да, од благодарам нема да ти се сруши егото, колку и „да им било должност“. Основна култура е. Никој не рече дека е во ред ако не прават ништо, не ми извртувај зборови! Никој не се замара, на никому не му е гајле за пациентот, луѓе чекаат со месеци за основен преглед и сл. Стварно ти е многу игнорантен коментарот ако мислиш дека здравството во Македонија е американска серија! Луѓе по ТВ молат за лек, лек НЕ ОБЕЗБЕДУВААТ и покрај тоа што излегуваат на ТВ и вие ова го пишувате... Еве 3 пати го читам и стварно немам што повеќе да искоментирам. Со секое наредно читање сфаќам дека си пишувате на памет. Бидете живи и здрави и никогаш да не начекате да побарате помош во тие ходници, без оглед на тоа колку години имате плаќано здравствено. Само еден пример ќе ви дадам: моја блиска личност беше една од првите од медицинскиот персонал на една болница, дел од првата постава со оставено живот во болницата. Кога дојде ред да биде примена во истата таа болница, не ја примија. Така да, одминете ме со игнорантноста. @FridaodaMk конечно некој го напиша и сфати онака како што е!
Власта е виновникот. Ама, докторкава претера. Не треба благодарност за закани, туку некаква санкција. На нејзино место да стaват некој што има бар трошка емпатија и разум.
Имала ама и за другите затоа што веројатно не е само еден пациент таму. Којзнае колку е извадено од контекст. Само тоа за бркањето 3 дена порано не е во ред, единствено тоа треба да се разгледа и евентуално сакнционира.
Баш дека е лошо здравството, не треба да се тешиме и ние и они со "ќути има и полошо". Ова како хирург да ти заборави инструмент во стомак ама ти да велиш "абе ќути, какво ни е здравството можеше уопште да не ме прими на операција". Се научивме така со минимум да се задоволуваме и секој што бара повеќе ги брука лекарите демек.
Дали ќе има лек за некој или не, не зависи од лекар туку од државата. Лекарот можи да побара, државата обезбедува. Некогаш не е лесно, затоа што имаат одредена сума, па треба комисија да одлучи дали за таа пара ќе се набави еден лек за една личност, или друг лек што таа сума покрива лек за 5 пациенти. Еве јас да сум нема да можам да одлучам пошто кој сум јас да му ускратам право на живот на некој. Епа да, државата ускратува затоа што нема финансии, а и на тој што одлучува вервам дека не му е баш лесно. Тоа е суровата реалност кај нас. Препукување преку социјални мрежи не е потребно затоа што повеќе можи да наштети отколку да помогни.
Ама знаеме како се добива таков лек. Со дебели врски. Кој не имал работа и не му требало таков лек, нека не зборува. Докторите те ставаат на списокот. За жал, луѓето се приморени да се појавуваат на медиуми за да добијат некој лек за да преживеат. Така и дечкото, он единствено сака да живее. Нема врски, нема пари најверојатно и мора вака. Уште па и ќе ја оправдувате докторката. Нека молчи кога знае како се доаѓа до тие терапии.
Никој не ја оправдува, нејзиното надмено однесување како клиниката да е приватна сопственост, а не државна е осудувачки. Нема она што да се препуцава со пациенти мислам дно дна е тоа, не и доликува. Јас Игор комплетно го разбирам, а и ги разбирам и другите кои го добија лекот затоа што се работи за живот или смрт. Да, себични се, али секој е себичен за неговиот живот, тоа е природно, сите кога станува збор за сопствен живот сме такви. Ивана и ред други не се виновни што нема лек за сите, не е Фуштиќ виновна, виновна е државата што не можи да набави за сите. А ние како поединци сме индиферентни кога станува збор за други, не реагираме, само чкрапаме на фб, и толку. Затоа не газат како што сакаат, за нив бифтек, за нас ронки леб.
Никаде, ама никаде не го напишав тоа или дека треба да се ќути зошто има полошо. Напротив, цело време го пишувам обратното, ама и да се каже „благодарам затоа што не бевте имбецили како што ви се колегите“, а сите имаат исти задолженија.
Докторка се препукува на социјални мрежи со пациент? Факинг докторка, еј Овие па, од здружението на лица со ЦФ, се оградувале од ставовите и барањата на човекот кој моли за лек и кажува дека има закани дека нема да биде примен веќе во болница доколку не престане јавно да зборува, еј во јавна болница, која сите ние ја плаќаме, да не случајно и е приватна своина на докторката и таквите шерифи ко неа Абе наместо да излезат сите сложно да молат и колат за лекот, тие се оградувале бе, да не е тажно, ќе биде смешно и не дека баш ќе сменат којзнае што, ама барем ебено еднаш да бидеме сложни и да нема поделби, па така може ќе се сожалат оние воловите во Влада кои јадат биволи и елени, кои увек паламудат дека за граѓаните е празен буџетот За случајот со Битолската болница, стискам палци родилката која е правник, да ги уништи сите мршојадци како што вети, затоа што ова веќе е надвор и од граници на најголемото лудило.