Многу исчезати ги нема. Се сеќавам на Марија од село струмичко мислам беше, пред неколку години имаше дека ја нема, па сомнезжи дека сопругот ја убил па не знам што бидна. Еве уште не е најдена а толку години поминаа. Чудно. Кој знае што се крие во позадина.
Има некоја Тетовчанка на темава да каже што се случува во Тетово деновиве? Наводно 5 малолетни Македонци биле тепани на неколку локации низ Тетово од страна на Албанци? Македонците од Тетово бараат Оливер Спасовски да дојде во Тетово да ја смирува работата за да нема одмазда од Македонците ако не се уапсат сторителите кои се познати на полицијата. https://mkd.mk/node/515294 Наводно целата вистина за ситуацијата во Тетово деновиве. https://www.expres.mk/tezhok-incide...vski-slavi-i-se-fali-so-nivoto-na-bezbednost/
Покуси да не останеме. Спасовски па коа ке оди,сета ке ја скраси. Брат ми ние сме 'малциство" во "државата" наша,а не сограганите од муслиманската вероисповед. Работата е веке заташкана. Ај нека се случеше обратно. Македонец да крене рака на Албанец. Досега ке беше избришан од матична книга на родени.
Јас сум од Тетово , не сум слушнала ниту прочитала за ваков инцидент , што не значи дека не се случило . Само , некако тука од 2001 па наваму е " див запад " па и не ми е чудно . Ќе се распрашам баш за ова .
Исчезнале две девојчиња во Скопје, се уште се трага по нив! Биле во посета на саемот за книга, при што последно се забележани кај Веро Џамбо. Телефоните им се исклучени.
Ова ме потсети кога бевме во средно на екскурзија во Скопје кога имав15 години, поточно на саем на книга бевме. Не знам како успеав да се изгубам, батерија веќе празна, кредит едвај, носев мобилен телефон на татко ми, среќа успеав да го пронајдам мојот клас. Се надевам ќе ги пронајдат.
Не ми е јасно медиумиве дури сега пишаа, бар да реагираа одма сигурно ќе ги видел некој околу 16ч е полно со луѓе. Немаат сите Фб. А и да се изгубиле, до сега па ќе прашале некој, има локали, продавници на секој чекор од џамбо према центар. Жално стварно за тие родители што ги чекаат дома...
@Milkiway Истото го помислив. И во ситуација да им е испразнета батеријата, урбано место е. Би требало во некој мол, кафуле и слично, да побараат помош, да се јават. Се надевам за брзо ќе ги пронајдат живи и здрави.
Јас мислам по некој дечко се заакале негде и сега бог знае кај се.. Јер денешниве деца не одат никаде без батерија на телефонот, а и да немаат батерија, ќе најдат некого да се јават од негде.. Што значи.. Господ на помош, ама мене ми личи не се загубени туку нешто им се има случено.
Јас мислам да се направат паралелки со по 15 ученици. Едноставно само така ќе можат да им посветат повеќе внимание на учениците. И повеќе да работат со нив. Па нема да можат да се вадат на бројот на деца и на тоа дека неможеле да приметат промени во односот на детето. И онака имаме многу администрација па ете ако веќе не ги отпуштаат нега ги пренасочат оние со соодветно образование во школството. Подобро повеќе кадар во школството него ли во министерствата.
Мене не ми се јасни неколку работи. Тел ајде им се исклучиле, да веруваме за батерии, ама не знаат ли тие девојчиња случаен минувач, продавничка, кафич да побараат да се јават на блиски? Друго, која е одговорноста на наставникот, класниот раководител? Ма на секоја мин треба да ги контролира, пребројува. Какво делење од група, каде еден, таму сите. Дај Боже да се најдат побрзо здрави и живи.
Снимка од камера, каде влегуваат во улица кај новата зграда до Веро Џамбо. Според оваа снимка, тие се упатуваат спротивно од центар, не знам што бараат на вакви споредни уличиња.
Тука едното од девојчињата зборува на телефон. Зарем не можат да ги проверат повиците од МВР? Каде се гаснат телефоните? Не сакам да мислам на најлошото, ама оваа ситуација мене не ми мириса добро..