Зборуваме за Скопје, Центар, да беа изгубени до сега ќе го најдеа патот за назад. Многу е поверојатно дека сами се оддалечиле, од било која причина. Пострашната опција е некој да е вмешан во исчезнувањево или биле намамени некаде. Да се надеваме дека е првото. @Polyincognito никаде не видов официјално дeка се најдени.
Но, тие се движат во спротивна насока од дрводекор. Нема официјална информација дека се пронајдени, од пред 2ч се шират страшно многу лажни информации, особено дека се пронајдени, а не се! Страшна работа!
Денес секаде можат да најдат полнач. Страв ме фаќа. Или се имаат договорено со некој да се најдат и сега им е страв да се јават.. или не дај боже не сакам ни да помислам.
Не ми е јасно, дали таа Мери еднаш напишала дека се најдени, па тогаш е направена сликата. А сега е избришано. Ако е така, зошто ни еднаш пишала дека се најдени, а потоа да брише
Ако тргнеме лоши сценарија настрана, можно е намерно да се имаат оддалечено и исклучено телефони. Мене ми сомнителен беше лик од лажен профил, кој коментира под објави за девојчињата и тврди дека е татко на едно од нив, а апла се види дека лаже
И јас го приметив тоа, ама објавата беше од мајката на едното девојче. Еве ги нашле кај Рампа, ептен залутале, ама добро е штом добро се завршило.
Не знам дали гледавте "заспиј ако можеш". Во емисијата рекоа дека се само шпекулации информациите дека девојчињата се најдени,и дека сеуште се трага по нив.