И? Не знаеш што било. Инаку, мајката баш сега пишала дека се најдени. Фала Богу. Туку што е со пациентиве што измислуваат приказни во коментари и се претставуваат како роднини...
И да објават што се случило, да не се креват само паники плус и така деновиве сме под невиден притисок и страв. Рампа е близу до Џамбо, очигледно е дека намерно се оставени кај Рампа. Се мислам дека намерно имаат отидено некаде.
И јас истото го мислам од прееска. Има нешто сомнително шом збореле на телефон . Мислам дека ги снемало на кратко по своја волја.
И јас истово се запрашав и прашав и тука, ама можеби ќе дознаеме наскоро. Сега е најбитно дека се најдени и се во полициска.
Не се овие до толку мали девојчиња па да не знаат да се јават на телефон на другарки дека се изгубиле или дека се оддалечиле од групата. Или да прашаат некои случајни минувачи, продавачки по продавници итн... Моја претпоставка е дека тргнале да се видат со некои симпатии или шта год што ги познавале од социјалните мрежи. Друго објаснување нема. Што можат девојчиња од 13 години од Струмица да прават во Скопје за да ги нема 8 часа. Сеедно им скратија 30 години на нивните родители. Веројатно со душа ги чекаат да се вратат дома да им отчитаат убава и сочна лекција
Фала богу најде ни се живи и здрави тоа е најбитно. По се изгледа ми мириса на договор со дечковци, ипак и да се загубиле не се толку мали ќе прашале луѓе каде се наоѓаат ќе побарале помош. Зошто од Џамбо до Рампа нема многу одалеченост за да не ги најдат.