Вака човек може педофилскиве мисли да ви ги види. Како не ви е гнасно вака да пишувате? Шо праеле и како, нивните дома ќе откриваат, дали биле со дечко или не и што ќе прават со нив, тоа е нивна работа. Што ви е со ќотеков и глупостиве?
Само што отворив коментари на фб во врска со оваа ситуација. Да му се згади на човек какви сценарија имаат изрежирано потенцијални педофили
Видов. Ми се гади! Како родител во паника објавуваш, бараш помош да се најде детето, а уствари читаш што пишувале вакви болни копита, па уште повише страв те фаќа. Абе ужасни
Баш дека многу ќотек сакате да мавате, децата ништо нема да ви кажуваат и зголемена ќе е веројатноста вака да се однесуваат. Прво родителите сами на себе ќотек да си мавнат. Пошто се 12 и 14 години во прашање, сами не се одгледале и воспитале децава. Дали не обраќале пажња и залутале, дали намерно се одвоиле, дали биле со некаква цел, дали се допишувале не е толку битно. Битно е што родителот треба да си го познава детето. Па ако знаеш дека е склоно кон залутување, нема да го праќаш на екскурзија.
Децава не знаат ли гугл мап да отворат и да се снајдат со гугл мап да се вратат назат? И не ми е верно баш двете да немале батерија на телефоните..
Богами да ми приреди ваков страв има да ја заклучам од дома нема да излезе. Доста со тие бре нежни начини на воспитување.
Извини, сум дала доверба сум ја пуштила на ескурзија. И ми го приредува ова? Во денешно време кај да влезиш полнач има. На било кое место да се обратиш ќе ти помогнат. И уште со капи се криеле кога ги нашла полицијата и викале дека не се тие.. Е ќе си добие што и следува.
Да, има штекери во ГТЦ, има штекери во Веро да си наполниш телефон, па дури и во автобус ако се качиш, тие новите автобуси од ман имаат да си го ставиш телефонот да ти се полни..
Треба полабаво? 18 саати да ги нема нареден пат? Не знам како го замислувате вие тоа строго воспитување ама се става акцентот на воспитување а не на строгоста. Треба да им се насади у глава дека може да се најдат у опасност. А понатаму, не можела да се снајде телефон да наполни додека цела Македонија е на нозе? Не и треба телефон додека не се научи како се полни. И слично.
А зошто да не коментираме, уште повеќе да не се дознае вистината. Па цела Македонија се крена на нозе. Како ќе ги најдеа инаку? И класните раководители имаат вина, како порано кај и да сме оделе абе на пола саат сме се пребројувале. Нема сакам-нејќам. Одиш каде оди претпоставениот,групата. И ако е вистина она што го изјавија анонимните на тв, дебела казна треба да им се даде. И џабе кажувате дека строгите казни ги прави такви децата, аха мало сутра...Оти се им е на тацна денес, се им е достапно, оти реалноста е дека ние како родители може премалку време имаме, оти се пуштени како од дивина, затоа прават вака.
Јас друг црн филм направив,дека се затворени од некој. Многу време е за шетање. Бсшка зошто биле видно вознемирени ако своеволно “шетале”. Деца здрави прави каде би спиеле? Плус кај Рампа има баш луѓе навечер,централно подрачје,би ги виделе и претходно,некаде биле. Нека се здрави и живи ама не сум сигурна дека шетале баш.