Ние во Германија на екскурзија исто правевме. Исто и во Прага. Си имавме време кога и каде да се собереме за одење и во меѓувреме си шетавме сами. И никој не се изгуби
Ццццц безобразнички мали Каков стрес им приредиле и дома и на наставничката, не се нормални! Сите сме биле деца, од 10 години сум одела на екскурзија во Скопје и секогаш сме имале време за сами да шетаме саат или два и тоа на отворено. Се паркираа автобусите на паркингот пред ГТЦ и смеевме да шетаме низ ГТЦ, да си купиме нешто и да јадеме. Никој ама никој никогаш не се загубил!!! Ова е и повеќе од јасно дека сами сакале да си се шетаат и си имале задни намери. Па да се изгубиш, исплашен ќе си нема да си се шеткаш лабаво. Ај ако се загубиле може им било страв да пријдат на некој на улица да прашаат на каде да одат ама има толку маркети, продавници по пат кај што се движеле што можеле да влезат и да замолат да ги контактираат домашните и да останат таму додека не дојде некој од нивните да ги земе. И супер што ќе ги суспендираат за сите идни екскурзии!
Очигледно е дека тие не се ни свесни каде погрешиле, а тоа многу зборува за нивното воспитување без разлика дали се од село или град. Родителите имаат доста да работат на тој аспект и воопшто не сметам дека ќотек во овој или било кој случај е соодветна мерка. Реално, 12-13 години е возраст каде одговорноста треба да биди на определемо ниво, а не тие да си “шетаат” слободно, а нив им рекле за 1 час да се вратат. Ова нека биди wake up call за родителите!
Ние секогаш на екскурзија вака сме правеле. Секогаш, ќе шетаме прво заедно, ќе не' однесат каде што треба да не' однесат и после ќе ни речат: Имате два часа да шетате, во, пример, 13:00 сите да сте овде вратени. И од сите деца на екскурзија, неколку помали групи се одвојувавме и заедно шетавме. И секогаш навреме се враќавме назад. Не би рекла дека е ова пропуст на наставниците и дека овде лежи проблемот.
Епа не можеш да ме цитираш и да речеш “ние бевме во Прага” а да не напомениш години, неможеш да правиш споредба на 13 и 17 години. Вината е во родителите пред сѐ и воспитувањето, ниту ги бранам ниту оправдувам девојките него гледам се натегате да најдете виновник. Така да, ние случајов нема да го решиме овде, ако вашите деца одат на екскурзии во време кога не е безбедно моите нема сигурно. Друга работа е што многу лековерно смислиле сѐ, ако имале пари са такси ќе оделе на местото на договореното место. Не биле во затворен простор туку во Центар а тоа широк поим. Значи смееле околу Центар по некоја логика по одреденото време да се движат. Не е исклучена можноста да се нашле со некој дечко бидејќи на сликата изгледаат како да брзаат некаде, не изгледаат загрижено. Но, како и да е ги најдоа живи и здрави. Ако мајката знаела дека никогаш не биле во Скопје требала тоа да го напомени на класната, а најверојатно и класната знаела. И што е виновна класната? И покрај тоа што знаела дека не го познаваат Скопје лековерно им дала еден час самостојност. И да знаете, кога малолетници одат на екскурзии сета одговорност за нив ја сноси наставникот. И не, јас не ја обвинувам класната гледам само пропуст од нејзина страна. Вина највеќе гледам во воспитувањето.
Не требало да се прави паника - рекле. На вестите кажаа дека фактички тие избегале од автобусот пред тргнување, кога пребројувала учителката тука биле. Како и кога излегле не се знае. И ете пошто сме испаничиле баш ме интересира друго нешто... Како планираа да се вратат дома? И кога што е исто така важно? Во 3 наутро? Под железничка ќе ја преспиеја ноќта? Цццццц (плукам впазува скраја да е господе).
Пак ќе кажам не можете да споредувате пред 15 години и сега. Тогаш во групи сте се воделе вие, а во денешно време нема група, по двајца највеќе тројца шетаат. Мислам дајте малку реални бидете. Ок, може постојат исклучоци и прават групи за шетање тоа е реткост денес.
Одговорен наставник и да дозволи 1 саат самостојно шетање, ќе напомене да му кажат каде ќе одат и да му се јават на мобилен. Без тоа нема да ги пушти. Одговорен родител учи деца да не се двојат од групата без валидна причина и секогаш да се достапни на мобилните. Случајов е резултат на пропуст на две страни.
Нив ги немало до полноќ мало морген дека тргнале накај мол и се изгубиле. Значи во Скопје точно можеш да залуташ ама да се изгубиш во Работен ден од 16ч и да те нема до полноќ не е возможно во строг центар. На секој чекор таксисти, коли, полиции, трафики, продавници...градов не спие 24/7. Да се во шума ќе разберам. Имаше објава ради возраста не давале податоци. Ама итекако полицијата треба да си излезе на прес и да каже детали каде биле 8 ЧАСА ги немало.
@buba4e89 не барај вина во наставниците во случајов. Така е и денес, а така било и од секогаш на екскурзија, 12 години не се малку да разберат што значи во 13ч сите да сте тука. Мислам дека децата наводно предвреме пораснати денес, ама јас би рекла недоздреани. На 12 години веќе не сметаа за големи... зошто денес на 12 треба да ги сметаме како тодлери? Ако ги третираме како такви, такви и ќе бидат.
Пак криви родителите ,наставниците...Сите само децата не. Затоа што секогаш наоѓаме оправдување за нивните постапки ги разбираме нивните "маки" е затоа вака прават. Јас баш мислам дека сега родителите се многу попосветени и повеќе зборуваат со своите деца и им посветуваат внимание за се ги разбираат.Јас одамна не сум видела родител што тепа дете и не треба нормално.А обратно за жал почнувам да гледам.Дали физички дали со дела и постапки. Не сум сигурна дека и ова е вистинското. Разговор разбирање оправдување...до бескрај. Премногу демократија доведува до анархија.Секаде па и во воспитувањето. И сите вие кои не сте искусиле родителство од срце ви посакувам барем по 3 деца да си имате и само еднаш едното 1 час да не ви крене на телефон а не нешто повеќе па да ве слушнам дали нема да ви дојде да го казните.
Јас растев во друга држава и сега растам дете во друга држава. Дури е дете на училиште е одговорност на училиштето. Со причина. Одговорност, да повториме, за среќа нема вина, оти ништо за во црна хроника не се случило. Ама чисто да се знае, јер сешто можело да се случи.
Ох.. Жаклин не барам јас вина во наставниците туку во воспитувањето. Се разбира дека не треба да ги сметаме за тодлери, меѓутоа за мене дете од 12 години е сеуште дете и не ми е верно дека може само да снаоѓа по улици,по продавници на екскурзии.
Претпоставувам дека и рекле да одат во тоалет. Уште во наше време имаше ученици што само што ќе влезевме во автобус им се одеше во тоалет па мораа да ги пуштат бидејќи тргнувавме на пат. Епа тие влегле веројатно во Џамбо од предниот влез и излегле од задниот за да си ја остварат замислата.
Не знам која генерација сте повеќето на темава ама јас сум 92ра и кога бев 12-13 год и нам ни беше дозволено да се шетаме на екскурзија во групи и сме се одвојувале од групи и некои се губеле, јас на 13 се загубив во Охрид оти ни се расипа педалинка на сред езеро и не знаеше улчителката дека сме се качиле, па со крајбрежна стража не бараа, не размисливме се качивме и отидовме далеку, не секогаш си свесен за последици на таа возраст, не дека бевме лоши деца. Не значи дека и девојчињата се лошо деца или се невоспитани, јас не гледам пропуст ниту кај родител ниту кај наставничка, како нам да не ни рекле пред да не испратат на одмор не одете далеку и не правете глупости ама пак сме правеле, млади се и бунтовни и тинејџери луѓе, не бива не знаете како може да ти лудува умот на тие години, згрешиле, направиле глупост и ги засекирале сите ама одма да заклучиме дека се лоши деца или имаат лоши родители според мене не е баш ок, казна веројатно ќе функционира ама не у вид на забрана за одење на екскурзија доживотно или ќотек или не знам што, треба да им се укаже зошто згрешиле и зошто да не се повтори. Може јас сум премногу мека или млада ама и ние правевме глупости и пораснавме во примерни возрасни, не знам што очекувате од тинејџери, ретки се оние кои се бајчиња по природа на тие години, и не треба да се, мора да испробуваат, да учат и да сфаќаат од искуства каде грешат.
Добро ете, децата се криви и шо понатаму? Ќотек ќе изедат и? Да седни некој да поразговара со нив, родител, психолог, психотерапевт? Да се дознае зошто ова го направиле, кој им бил мисловниот процес?