Татко му на тој убиецот од Младеновац бил жив, денес го уапсиле.. Човекот си славел слава сега Ѓурѓовден пред неколку дена, си кршел колач и се тоа, нема врска што син му уби толку луѓе, му е гајле, битно од слава си славел, си се веселел.. И веста дека умрел била лажна..
Може не со сукало, ама и по мое заслужува ќотек и дебела казна. Кај сум смеела јас да закаснам дома 5 минути после времето одредено да се вратам дома, не па да исклучам телефон и да си шетам 8 саати по друг град итоа све ова намерно? Мене најлоши мисли ми поминаа, не па на родителот. Ми изгледа како неправилно воспитување, размазеност и тотална непочит спрема родител. Не сум за воспитување со ќотек, ама ова се тотално испуштени од раце девојчиња. Ја не сум многу во тек со генерацииве, ама маж ми ми кажува, кога се враќа од теретана навечер, после 10 секоја втора вечер, гледа 13/14 годишни девојчиња кои што ги познава лично, што одат со машки на места кои што сите знаеме за што служат. Како тие родители дома, не се прашуваат што прави ќерка им/синот во сред недела по улици, во волку мало место, што сигурна сум дека да излезат еден круг да свртат точно ќе ги видат што прават? Како може да се дозволи дете што треба во 7 да стане за во школо, да не е прибрано до полноќ дома? Ич не сум за ќотек, ама за строго родителство сум. За тие некои вредности со кои бевме воспитувани порано. Дете под некои 16 години нема шо да бара на полноќ по улици. И да, родителот треба да знае каде е детето. Одам кај Радмила, ама таму и да сум вистина. Има време во животот и кога ќе шеташ кај сакаш и што сакаш да правиш. Не на 14 години, а уште помалку на 12. Све им е допуштено и знаат дека ништо посебно нема да се случи, затоа си земаат за право 8 саати да се "изгубени во Скопје". За 8 саати цело Скопје пешки ќе го свртеа, а не две населби.
За голем дел се согласувам, ама тоа со саатницата нема поента. Јас од 11-12 години сум седел после полноќ (за распуст), а веќе и од 14 кога сакам. Па ништо еве не ми фали. Не сум скитал низ град, сум седел низ населба, па еве ме ништо не ми е. Напротив оние кои беа прибирани во 10 и 30, имаа комплекси затоа што другите седат надвор, и сега истите тие прават повеќе глупости него претходно. Зависи сега од населба до населба, ама јас каде што живеам, повеќе шанси има да ти се деси нешто лошо кога се сите надвор, отколку кога нема никој. Дека децата се невоспитани, се. Наставникот не треба да биде крив за лудориите на децата поготово ако се 12 години и повозрасни. Вие за колку пари би прифатиле да сте одговорни за група од 30 деца, 3-4 дена во друг град или држава? Јас ни за 10.000 евра, за повеќе би размислил. Затоа што не дај боже нешто ќе им се случи на децата, родителите ќе се закачат за наставничката. А тоа исто дете се тепа со кој стигне и скока од тераса на тераса (најчесто на екскурзии во хотел) и наставничката била крива. Утре на детето ќе му текне во куглана да си ја мавне главата со ѓулето, кој ќе биде крив, наставничката или газдата на кугланата? Сум правел и јас глупости, и на екскурзија и во маало, ама 99% од нив не биле животозагрозувачки, ниту по мене, ниту по никој друг.
Не е за ќотек ништо. Ниту едно дете не заслужува да биде удрено. Казнето да, удрено не. Кога сме кај ќотекот, никој не сподели за мајкава што ги наќофтала двете деца.
Па секако дека има исклучоци, ама во мојов случај е обратно. Јас бев таа што до кај 16 години полноќ надвор не виде и да лута бев тогаш, ама сега сум благодарна. Анџело и компанија, кој што сега е во затвор за убиството на Денис Тот, секоја втора вечер малтретираа деца по маало, едни други исто, повеќето што имаа невидена слобода или останаа трудни ептен млади или заглавија во некоја работа со која никако не се задоволни или им е под капацитет, се омажија со затупени луѓе кои што ги малтретираат, почнаа да слушаат шабанска музика по локалите од 13 години и им стана смешно шо не го слушаме Аца и не кршиме чаши во кафани на 16/17 години итн итн. Работите кои треба да ги проживува личност од 19/20 години, нив им беше изживеано и досадно. И незнам како сакате да нормализирате на 14 години девојчиња да се сексуално активни, зошто едно по друго до тоа води. Не зборам за седење пред зграда или на 3 куќи подоле од дома кај што мајка ти да ѕирне од двор ќе те види. Зборам за излегување, облекување и понашање ко 20 годишни. Исти случај се очигледно девојчињава од ексурзијава чим така без грам грижа ги снема 8 саати.
Ова сѐ кажува за тебе. И за овие што ти лајкнале. Секако не во позитивна смисла.Срам да ви е што толку ви е гајле што се случува во животот на вашите деца и отворено си признавате.
Дете прави масакр у школо- мора да ги најдеме причините за да превенираме идни вакви ситуации. Деца бегаат од група, дома, исчезнуваат уатевр - размазени, не слушаат родители, море ќотек за нив. И така Имаше така пред неколку месеци дете од мислам 6 години избегало од дома од мајка насилник и алкохоличар.. Само идело по улици низ Автокоманда и Центар. Не го памтам епилогот ама замисли вака некој лагано само да го врател за ќотек и никому ништо.
Па едно од девојчињата и рекло на мајка и "непотребно кренавте паника". Мислиш дека ако беа нејзините насилници вака ќе одговореше?
Ајде еве нека не бегале од проблеми. Што ако се запознале со грумери и тие ги манипулираат? Како ќе помогне ќотек? Очигледно не е битно допирање до суштината, само добивање чувство на контрола над децата. Мрзливост и игнорантност извира од 80% од мислењава.
Сосема едно е да бегаш од дома зашто едниот е алкохоличар а другиот со сосема друг маж ,башка разведени ( ја знам ситуацијата) а сосема друго да растеш во нормално семејство и да правиш проблеми од типот да бегаш и да ја креваш цела држава на нозе. Заслужува шамар и тоа убав.
Ако биле, кога веќе биле во полиција требало да си дадат изјава. А не "непотребно кревавте паника, ние имавме пари, со такси ќе си дојдевме". Воспитано и прибрано дете од 12/14 години после 8 саати поминати по улици во друг град вака според тебе треба да одговори на родител, воедно пронајдени од полиција на полноќ?
Затоа што така изгледаат луѓето ,башка се огласија од градоначалник до наставници. Ако стануваше збор за дисфункционално семејство ќе се знаеше.
Ти изгледа не сфаќаш дека кај нас не се сфаќаат сериозно случаи со дисфункционални фамилии. Освен ако дојде до ептен тепање, све си е уред.
Под казна повеќе нема да одат на екскурзии. Девојчињата од струмичко кои исчезнаа во Скопје повеќе нема да ги земаат на екскурзии