Како ти се родителите подршката ако самите се можда проблемот? А многу пати се. Ако те нападне манијак - ќерко не се облекувај така, сама си го бараш.
Ама ти од кај знаеш дека се родителите проблемот? Зошто да не мислиш дека на децава им е допуштено шо ќе им текне да прават? Не ја прочита изјавата? И ако некој е решен да бега од дома, немаше да се појават.
Ја од изјавата прочитав. И пак ќе ти речам, ако родител е насилник, дете нема да се осуди така да одговори. Ќе му е страв воопшо да мрдне негде. И шо сакаш да постигнеш не те сфаќам?
А која е дефиницијата насилник родител? Зошто тука во еден куп коментари се спомна дека треба да добијат шамар, ќотек, воспитна.
@Munchmallow20 џабе се објаснуваш, во круг се вртат со истата поента која ја имаат зацртано. Како дома да им живееле, на полициското испрашување биле, кафе пиеле.
Па исто како вие што зборите ко дома да сте им живееле, така и ние. Ја барем давам мислење спрема изјавата која беше споделена овде, вие на лепе очи
Јас напишав неколку можни сценарија баш поради недостатокот на информации бидејќи не ги познавам. Изјава ставена како наслов за кликови не е ич меродавна. Искрено бљак. Ама терај си.
Со односов од минативе реченици/постови не ми влијаеш на мене туку на твоите деца. За мене не постоиш кога ќе го изгасам форумов, за нив постоиш цел живот и така...
Баш дека постојам стојам зад се што напишав. Јас ја родив ќерка ми, не таа мене. Јас и сум родител пред се и над се. После може да сум и што сака. Дали можиш да сфатиш не сум баш сигурна, ама рекла сам шта сам рекла Енџи.
Пак доаѓаме до истото. Да осетиш што значи да ти нема дете може само оној кој е родител. Да не си им бил во кожа на родителите. И пак се врти околу емпатијата. Децава,новиве генерации ја немаат, збеснати се ни срам ни страв ни перде имаат. Да ја имале би чукнале со главите дека некој ги бара. Дека е излуден што не се јавуваат. Време е да се менува воспитанието,пермисивното изгледа доведе до лоши резултати.
Другаркава што ја зборев у другава тема... Еднаш имаше дешавка со манијак. Да не кажувам сеа детали што како Ама вика - не смеам да им кажам на моите за ова, ќе ми забранат да излегувам. Значи до тој степен има изгубено доверба во нив (или им се плаши) оти и нешто стварно да ѝ се случи ради друг, она е крива што им приредува стресови. А они се стварно такви. Мање битно што и на неа ѝ се скратил животот, нивниот стрес е побитен.