Сега гледам кај Вишка, среќен празник и неќе да е за многу години. Ееејјј, гнаса. А женет беше со Македонка, и детето му е полу Македонец, и тој се заканува на цела една религиска група или народ. Против него треба постапка да се поведе и да одговара затоа што поттикнува омраза. http://www.govornaomraza.mk/ eве каде да пријавите Јас го пријавив. Има опција по мејл да го пријавите. Јас да сум на место на судија или обвинител, ќе го тужам и дебело ќе барам Вишка да ми плати оштета.
Ех,па не е само Вишко со профилна" не е завршено" и господин Таравари,ценет доктор и екс министер за здравство има такво сличе. Не знам,стварно не знам што им е целта,смртна казна можеби а? Начисто претераа,читам нешто ќе се бунеле пак.... А да не ви кажувам,колку само ми се повраќа кога на нацистичките пароли кај Вишка гледам поддршка од нашиве,и извинувања што не биле во можност да отидат на протест А колку наши деца,невини ги покри црната земја,еден како не рече да крене бунт,не бе...
Денес на Youtube осамна видео од брутлното претепување на ученичка од страна на соученучки. Од видеото јасно беше видливо дека толпата основци снимаа со телефон и навиваа, но скоро никој не пристапи во нејзина одбрана. Видеово ме згрози. И не е единствен инцидентен случај.Верувам дека вакви тепачки се нечие секојдневие. Ниту едно дете не заслужило ваков срамен и понижувачки "третман" ни дома ни надвор од дома. Како да се справиме со ваквите ситуации? Дали домашното не-воспитание е основа за вакво девијантно однесување на децата? Дали самата возраст е проблематична? Што мислите вие?
Денес во Чаир типов ладнокрвно си влегува во маркет и ја рока девојката со пиштол пред камера и куп вработени.
Го барам видеото,ама тргнато е. И добро е што го тргнале, да не се гледа бедата што ја доживеало некое дете. Го има како ударна вест по ТВ Вести на скоро сите телевизии.
Го погледнав на грид сега. Страшно. Досие е малку за девојкиве. На што личи ова???? И ние сме оделе во училиште ама не памтам никогаш вакво нешто да имало. Ни меѓу машки ни меѓу девојчиња. Децата се огледало на родителите. Ова од наставник сигурна не го научиле. Воспитни мерки испис од училиште и на посебна настава ваквите . Како викаа порано-поправен дом.Чим родителите не успеале некој друг ќе успее. Не сакам ни да замислам утре на мое дете ова да се случи.
@referentka само едно машко им рече да прекинат да го кубат девојчето и тие му се раздраа да не се меша,да не му е него гајле. Инаку да повеќето навиваа. Бедно бедотија. Како го влече за коса
Се згрозив гледајќи го видеото. А уште повеќе од тоа што во позадина се слуша смеење. Дали ова е за смеење? На што личи ова? На каде оди младината? Ја изгубивме човечноста. Како барем еден не изреагира да му помогне на девојчето? Што и да се случило претходно, насилството не е решение за ништо. Срамота. Загрижувачки.
Мене не ми се верува што видов. Еве што излегува од џукели што немаат кренато потешко од лажица во животот. Во какви домови и од какви родители растат вакви ѕверови? Од уште поголеми ѕверови ли? Жалам што се соочуваме со неколку последователни генерации на пореметени, душевно, духовно и телесно закоравени суштества. Нема ништо да стане од овие. На родителите треба длабоко да им се брцне во џебовите, да им се понудат услуги на психијатриско лекување (мада се сомневам дека било што може да им е од помош и нив и на нивните деца), егзорцизам и евентуално некој да им изгради плевна за да имаат кај да ги чуваат овие кравиве.
Неможам и несакам да сфатам ваков начин на однесување. Еве,родител сум и најодговорно Ви тврдам дека од секогаш сум ги учела децата да нема насилство од никаков вид во нивниот живот,НО ако некој проба да ги малтретира,да се обидат да амортизираат а ако не успее ДА ВРАТАТ со ДУПЛА мера за да иницијалниот насилник не се обиде ни да помисли на ново изживување. Незнам..можеби грешам..ама ова однесување посебно кај девојки,ме загружува..сметам дека тие се по префинети и го немаат во гените овој борбен код, ама сум се излагала.
Ваквото однесување за жал е се поприсутно меѓу денешниве деца. И резултат е не само не невоспитание дома туку голем и широк е спектарот на виновници за ова каде оди денешнава младина. Дома оставени сами на себе со родители задлабочени во своите егзистенцијални проблеми,образовен систем кој е најголемата експериментална лабараторија ,општество преплавено од насилство,говор на омраза,борба за превласт на секое поле и .т. н. Навистина страшно и жално...