Овде кај мене двајца се тркаа со колите во населено место, едниот што возеше во спротивен правец удри во друга кола при што загина брачен пар и добија по 5 години затвор. Епа видите сега колку вреди човечкиот живот.
Другарка пред 2г ја згазија на пешачки во сред центар. Тој што ја згази уште се суди, го прават луд... ни ден нема да лежи. Детето си расте без мајка..
Башка што го немаше нигде 30 саати, можеше да се рачуна дека е во бегство, ама тоа они го имаат занемарено, зошто којзнае колкава паричка има заиграно.... Жално и страшно за тоа дете, каква смрт.... Кожа ми се ежи кога ќе помислам како ли она се осеќала во тие моменти. Болка, страв, умирање, во неколку секунди.... Работава е ќе убијам некој на улица што ми смета, ќе излезам за 3 години. Мечка да убиеш е 7 години затвор. Па сега видете колку ни се вредни животчињава.
Значи овој што уби дете ќе одлежи помала казна затвор од тој шо крадеше ќебапчиња или дедото шо продаваше марули на црно. Дури ќутиме, арно нѝ прават, и ова нѝ е малку.
Судствово и правдава на апарати ни се во државава, ако гледаме по таа логика зошто не им намалија на овие што го усмртија Тот? Како што знам нити Андреј ни Анџело се женети плус Клементина е мајка на малолетно дете. Нив само им ги потврдија казните тие не се млади? Не дека ги бранам овие треба да си одговараат за стореното дело но правдата треба да биде за сите, а не за некој мајка за некој маќеа. Излегува дека Тот само зошто е странски државјанин ќе добие правда ( инаку колку и да добијат никогаш нема да вратат човечки живот), а малечката нема да добие правда зошто е наш државјанин...
Па и не ти е касно. шала на страна ужасно е се. Тие ваквите како овој се или нечиви дечиња или внуци и сл на куѓе што имаат пари.. како викаат старите ни бургија не буши таму кај што пари бушат. Овие на тот ем странски државјанин, ем јавен притисок, а не биле ни нечиви па затоа така поголемки казни добија. Дури и нивните се мали. Да одземеш нечив живот, да лишиш семејство од среќа и да си полежиш малу и да излезеш ко ништо да не се десило. Недан боже овој семејство да има и да се размножува… вакви дебили не и требаат на земјава, напротив вишок и се
Дури и за Саздо, ист случај како со Тот, им ги намали апелација казните од 19 на 16 години, дека млади, неженети, дрн дрн.. Судството ни е селективно, и си судат како им текне, и според тоа колку е случајот познат на јавноста..
Судството ни е катастрофа,здравството ни е катастрофа,образование исто така. Ништо не функционира во оваа наша државичка како што треба,за жал.Јас не сум политички определена сите се исти г...а само кое повеќе кое помалку смрди.Само едно знам дека вака никогаш не било,ова сега е допрено дно.
Имаше опљачкано врабтен во Тутнска пред неколку години. Парите не ги врати , лежеше во затвор може до сега е излезен. Кој цар е човекот.
Смртна казна за силувачи под итно. А пред блага смрт, мачење. Да не се извлече толку лесно. Само, законот додека да стигне кај нас, поголем дел од силувачите ќе се истребат и ќе си отидат да живеат спокојно другде.
Каква смртна казна Тоа е олеснување за нив Како у фашистичко време, или ко шо праеле тајните служби порано, измачување до бесвест Да вриштат од болка