Ја овде не влагам. Макар да знам дека стварно ќе умрам за брзо… Бар ќе поживеам Господ сите да ги казни од чистачка до директор. СИТЕ до еден
Воопшто не се во ред вакви експлозивни наслови. Луѓето го читаат само насловот и прават заклучок од една реченица. Момчето барем една недела имало континуирано висока температура и не побарало лекарска помош. Тоа воопшто не е мал период. ДИК е состојба која кога ќе започне, се одвива по процесот на позитивна повратна спрега, има тенденција се повеќе и повеќе да се влошува и покрај започната терапија. Верувајте, многу е важно навремено отпочнување терапија! Сепсата и ДИК имаат релативно висока стапка на смртност од околу 40-50%.
Важно е, ама кој смртен случај им е на овие по ред... Треба да се испита зошто го пуштиле дома и како го третирале. Изјавава на директоркава е како политички подготвен изговор.
Проблемот е шо ко ќе си набиеш лоша репутација, после и навистина некој да почине и да не може да се спаси, никој нема да го сфати како такво. Битолската болница си наби трн в нога, заради неспособност испоумреа деца и млади, е сега и кога ќе се во право, никој нема да верува.
Детето имало сепса, јас фатив сепса на пораѓај, значи одма почнаа со терапија, многу е важно одма да се третира, ако он не се лекувал цела недела, докторите не можат ништо да направат кога веќе има непоправлива штета.
Јас како шо разбрав недела седел дома, па отишол кај матичниот и почнал да зема терапија, но поради влошување на состојбата отишол на болница. Е сега прочитав дека го пратиле дома после прв прием и тоа највеќе ме мачи.. зошто? Не знам дали има извештај од ДСЗИ, би сакал да видам шо викаат тие.
Недела имал температура од кои последните 3 дена примал антибиотик, си пишува. Не знам зашто матичната дала антибиотик без барем крвна слика да направи. Знам дека е опасна болеста ама не значи дека е океј да правиш пропусти само зашто "секако ќе умре"
Често се коментира тука за тоа како живеат жените во Ирак, Иран, Авганистан. Со фемицидиве и ако се земе предвид дека многу жени трпат насилство, можеби секоја втора или трета, до каде сме ние? Ниво или две над нив, ама не сме многу поарни. А и нема да бидеме, македонските мажулиња не ги бива да градат куќи, да наполнат фрижидер, ама за тепање на жена, мајка, оооффф, тоа им е јака страна и шљокање алкохол и павкање цигари, евентулано уцена со порно клипови, дремење по обложувалници. И после другарка мажена за странец ќе ми рече „абе ладни се некако“. Бујрум, врати се во Македонија, ќе ти виси свекрва над глава, мажот ќе те молзе финансиски...
Исти сме и ние како арапките само шо не сме забуљени. А тоа за странците "ладни се" преко глава ми оде веќе, ладни се ама со нив знаеш на шо си, а нашиве ќе ти праат филмови од тука до небото за џигерот да ти го земат и на крај пак крива ќе си. И цел свет ги збори како се нерадници а сакат да се праат шерифи.
Ми го зема зборот. Уште бурки ни фалат. Да, ладни се странците, ама па како што рече, нема глумење лудило кај нив. Џабе ти е овде два дена ти прави филмови дека си му битна, те манипулира, а потоа маст ти вади. И тие што си ги колат жените и бившите љубовници лажеле и манипулирале за да добијат внимание. Што фајде од неколку месеци глумење заљубеност, кога ќе ти уништи после 10-20 години од животот или цел живот ќе ти го уништи. Па нормално дека повеќето се неработници. Сакаат да шефуваат, ама со туѓо. Пример, жена си продава имот наследен од татко, мажот однапред има план и наредува каде ќе се трошат парите, а планира да ги троши за глупости и ситници, за отпад што по месец, два, година ќе заврши во контејнер.
https://kurir.mk/republika/opstini/...terala-detsata-da-pushat-elektronski-tsigari/ Жално, но вистинито.
Морам да се надополнам за ситуацијава бидејќи ме исфрустрира наодот од обдукцијата, а воедно и изјавата на директорката на болницата. ДИК не е примарна болест, станува збор за релативно ретка и живото-загрозувачка КОМПЛИКАЦИЈА. Меѓутоа, честотата на ДИК кај пациенти со сепса е висока. Кај пациентот е потврдена сепса и постоење на "тежок инфект". Не ми е јасно, зошто на прв прием кај пациентот не се направени доволно испитувања за целосно утврдување на состојбата, а тој е испратен дома со терапија? За по еден ден дојде во многу тешка состојба и утврдување на сепса. Значи ниту сепса, ниту ДИК се развиваат преку ноќ! За тоа зборува и нарушената здравствена состојба на пациентот од барем една недела! Апсолутно е постоењето на примарно жариште(засега за нас непознато, бидејќи никаде не е наведено) шо евентуално довело до бактериемија па сепса. Имајќи ги предвид моментално достапните информации, речиси сум сигурен дека на прв прием да се направеле повеќе анализи(состојба на примарно жариште и особено хемокултури), би се утврдила фактичката состојба и пациентот би бил хоспитализиран, а не пуштен ДОМА. А доколку директорката смета дека со моментално достапните информации за јавноста можи да кажи дека нема лекарска грешка... хмм
Висока температура, интензивно потење, бледа кожа, конфузија и огромен замор, тахикардија, тешко и плитко дишење, губење на свест. Како и кај друга инфекција карактеристични симптоми, само подраматични.
Имаше споделено др.Беќаровски од роднина. Детево имал стара рана мислам и докторите решиле да не прима тетанус. Од таму почнала целата работа. Еве