Ама не збориме за хемија од тип Доместос, арф, циф. Кој од вас дома има ланата? И кој ја чува дома во шпајс?
Не се работи за арф или некој прашок за перење алишта, туку за отров што не се ни продава, смртоносен.
Жалосно. Бог да ја прости жената. Една грешка скапо се плаќа. Не знам како можеле да чуваат нешто опасно по живот на исто место со храна. Прочитав дека тој отров не се ни продава во Мк. Баш гледав на Сител дека и мајката и синот се во лоша состојба.
Ланате е забранет отров, инсектицид. Зошто воопшто некој би го чувал дома? Сите гледаме хемијата да е подалеку од место каде што чуваме храна, а камоли на исто место да се чува нешто што е и забрането. Страшно, се надевам дека ќе се опорават, жената нека почива во мир
дали некогаш имале проблеми со животни? Мене ова ми е ептен сомнително, се знае зошто повеќето го купуваат отровот, најсмртоносен е. Башка дома да го чуваш меѓу храна.. Треба без грам мозок да си прво да го купиш, кој всушност е и забранет, со години го нема во земјоделските аптеки, и го има само на црно. Несакам ни да помислам со кој цел го имале купено..
Ова го прочитав на фб. https://fokus.mk/kekekblisko-litse-...lanate-gi-otkriva-detalite-za-kobniot-nastan/
така е, всушност тоа е и единствениот изговор под кој може да се набави. Во комбинација со грешка вака излегува, со свој стап по свој грб.. Ама ете го користеле како отров за глувци, само нема ли друг начин да се отепаат глувците наместо да користиш отрови? А демек забранети се ама сепак не се.. Никогаш паметот нема да ни дојде.
Сериозно кој чува смртоносен педтицид во кујна? Што помеѓу солта и шеќерот да не им стоел башка ако жената имала деменција со кој памет бил во близина на храната...Не разбирам. За жал едната жена починала. Гледав на сител докторот кажа дека "ненамерно ( сеуште се истражува) бил ставен во питата и дека само еден грам може да убие човек.
Грешката е на личноста што го ставила отровот таму, знаејќи дека бабата не е добра. Се надевам дека другите ќе се спасат. Кој знае какви последици ќе имаат.
Да, ко што пишува во линкот погоре, со глувци имаа проблем. Иначе, имаат лабрадор. Луѓе чуваат сè и сешто, поготово во такви простории (шпајз, шупа, подрум, надворешна кујна). Отровот сигурно им е од пред 10-15 години, само треба да се третира исто ко пиштол, веќе ако го поседуваш.
Сега баш гуглав да видам како изгледа пестицидот, бела прашкаста супстанца ако бабава била дементна може мислела сол е. Бидејќи бил ставен во помала количина ако било повеќе ќе починеле и другите. Еден грам може да убие човек.
Ама искрено со кој мозок го чуваат тоа у кујна? Ние у кујна ништо такво не чуваме, освен за машината за садови. Сите можни средства ни се во вц, ако не таму, у шпајз. И уше го стаиле така у тегла еј.. самоубиство искрено Може ќе звучам лошо, ама сами се заебале
Може барала сол у шпаизот не знам ама такво нешто не се чува кај храна. Ќе види истрагата што се случило ако бабава преживее за да каже, викаат дементна била.
Ужас.. Општо тоа не е здраво у кујна да го чуваш. Поготово ако имаш дома дементно лице. Баба ми од кога почна и малце да заборава, немаше пристап до кујната никаков. Ни до шпорет, оштри работи.
Едната баба имаше склероза. Дома кај неа немаше никакво средство. Она некогаш и не распознаваше. Постојано ги мешаше течностите. За јогурт мислеше дека е сок. Уште хемикалии да имаше и тешко нас ќе беше. Ете што може да направи едно невнимание. Баш сега прочитав дека бабата е уште во кома, а синот во стабилна состојба.
може скоро некој поставувал на глувци, па заборавил да го премести, а бабата мислела дека е сол и ставила..