Нормално. Така добиваат и гласови. Тие шо се на функции бираат кој шо ќе праи. Не може да ги знаат и Грчец, и Арачиново, и Барон и сите други, а да не ги апсат. Еве и овие на Тикток шо се силеа дека ќе го обесат. Шо не ги најдат? Мене стварно ми е страв. И на сите блиски им реков, следниов период молови и журки не. Не мислам некој ни крив ни дужен да го изеде пошо они се луди
Најдобро е да се преселиш на планина кај што нема ни пат ни струја ни вода. Глупости, не ќе застане светот сега ради будали што се пукале. Секој миг постои шанса да бидеш повреден/убиен. Може цигла да ти падне на глава дур проаѓаш, или да те удри кола дур стоиш на пешачки. Баш не одат у гужви да се пукаат, секогаш ваквите пресметки се со намера и знаат кого пукаат. Да, гинеле и други, ама па што сега...
Оние од Ист Гејт се запнаа со циркус рекламата. Ко да не се целата дешавка и нереагирањето на власта доволен циркус...
https://kanal5.com.mk/pochina-ushte...-skopje-izdadena-naredba-za-obdukcija/a608740 Бог да ја прости бабата. Трагедија.
Штекли пуштен дома. Да побараме од одговорните за Ист Гејт да му забранат влез. Не се купуваат ствари со страв.
Да ја прости, ама ова можеше да се избегне. Се надевам дека на синот веќе нема да му текне да има отров дома.
Абе нас на паркинг во Сити мол, во Недела, на сред бел ден кола ни ограбија, на сите страни што е со камери, тоа и записник ни имаше сменето командирот во Карпош, па демек снимките ги чекавме, па снимките се бришеле после незнам колку време... Уствари полицијата е уиграна со сите лопови и криминалци. Уствари не, не, полицијата се лоповите и криминалците. Толку.
Имено, затоа и луѓето си заминуваат од државава. Немаш никаква сигурност, тие што треба да те бранат всушност се истите од кои се жалиш и пазиш..
Баш. Ни здравство, ни полиција, ни образование. Зошто би остале? Најчест муабет што слушам "седи бе, таму и кирија плаќаат и стално ќе се странци". Зошто овде не сме странци во свое нели и зошто многу голема плата зимаме, па тие што треба да плаќаат кирија во странство се за греота.
Најмногу ми е жал да останам овде и моето дете да треба да расте во ова општество. Секој ден си го викам ова.
Еве јас да си пишам мое искуство. Истото мислење го имавме со сопругот. Тој едвај се реши да замине. Па не повлече и нас. Верувај.. Тоа е најдобрата одлука што сме ја донеле. Точно е дека таму си кираџија... Ама ако тргаш пари на страна можеш и твој дом да си имаш. Јас познавам личности кои купија станови. Тука си странец, ама имаш и помош од државата. За децава земаме детски додаток. А оние што имаат мали примања земаат уште еден додаток. Работата ти е платена. Образованието е поквалитетно. Не жалам што заминавме. Не размислувам да се вратам во Мк.
Родителите на петгодишната Јана Христовска од Битола, која почина во битолската болница по примањето инфузија, се иселија од Македонија. Кумот на Јана, Игор Петковски, за Макфакс вели дека заминале оти целосно ја изгубиле вербата во нашите институции. „Стравуваа како ќе појдат со синот на лекар ако, не дај боже, затреба. Ставија шест месеци на Јана, се спакуваа и тројцата заминаа од државава. На најтешкиот начин почувствуваа како функционира таа спрега меѓу здравството, судството и сите институции што имаа допир со случајот на Јана. Сите оставија впечаток дека се штитат едни со други. Најгневни се на обвинителката, која го затвори случајот само врз основа на изјави, истрага не видовме. Институциите покажаа дека сите се поврзани едни до други и кај нас се владее по системот на династија“, вели Игор Петковски, кумот на Јана, за Макфакс.