Нормално дека ќе заминат. Го допревме дното. Одиш во болница и се молиш да излезеш жив оттаму. Грешките на докторите ги покрива земјата.
Баш така. Се доведуваме во ситуација и за најобична работа да бараш врски, да се јавуваш итн. А што ако немаш врски? Ако немаш кај да се јавиш?
Многу наивно. Божем во странство не умираат пациенти поради лекарски грешки. Напротив, умираат. Некаде дури илјадници. И во странство лекари поминуваат неказнето ако имаат дебели врски и ако луѓето не се бунат. Кога ние не се буниме, не можеме да очекуваме промени. Рипате за браво, а не ја гледате поголемата слика. Луѓево се мотивирани или заплашени да се тргнат и да ја баталат работата. Правда од близина тешко се тера, а од далечина па ич не се тера.
Чисти рекла-кажала муабети. Не знам со кое право луѓево пишуваат како било, што било, ѓоа тие попис им правеле дома, или тие ја водат истрагата. На крај може да излезе сосема поинакво сценарио.
Не знам за сценарија, ама народов не се свестува дур не падне човечка жртва, а некогаш ни тогаш. Ако некое нешто е забрането, со причина е забрането.
Што се случува со болницана во Прилеп?? Има ли барем еден стручен доктор, една стручна сестра таму? Повторно смртем случај на бебче, од здраво живо родено, со сепса го испратиле во Скопје и починало, душиче.
Од странство, дојдов во мк со дете на кое инцидентно му требаше лекар. После искуството, мое, лично, наспроти тоа што го имам во странство- мене ми е ризик да доаѓам. Не беше вакво пред 13 години. Бунете се. А за родителите - мислам уште едно дете имаат. Штом се десило тоа што се десило, разбирам како заминување е единствената опција за нив.
Не знам у кое странство си, ама тука кај што сум и во соседни држави не постои нешто како врски на доктори/мед лица со не знам кој. Се до најситен детал се запишува, се се контролира и снима. Еден повик до централа ти е снимен а од таму не смеат грешка да направат за да те упатат како да постапиш, еден дефибрилатор кога ке се вклучи автоматски снима цел разговор додека е уклучен и врши функција. За една грешка се плаќа казна, имаш казнени поени, губење лиценци па и затвор на крај.
Па мислам она не е во странство затоа така збори. Оти нели западот е крив за се. Иначе јас кога прв пат влегов во болница во странција просто бев вчудоневидена како убаво се понашаат. Јас бев навикната на дерење, викање, необјаснување, да не те слушат шо збориш, од страна на нашите доктори. И затоа и јас не би ризикувала моите деца да ги носам по македонски болници.
Новороденче почина во болница во Скопје од сепса.. Сега видов дека детето се здобило со Ешерихија коли....
@nextredstyle овде кај што сум нема врски. Тука ако си тераат мајтап докторите, одат во затвор и лиценцата им ја одземаат. Во болниците имаат најсовремени апарати. Не чекаш со месеци за преглед. Љубезни и фини се докторите. Е сега... Ако некој боледува од неизлечива болест ни странство не го спасува. Немало скандали до сега. Разликата е голема со здравството во Мк. Како да сум во друг свет. Во Мк дефинитивно треба да има промени. Вчера читав за некое дете што починало од сепса. Мајката обвинува за лекарска негрижа.
За другите работи што ги кажа си 100% во право, ама каде живееш каде што побрзо се наоѓа преглед? Баш во поразвиениве земји за специјалист се чека со месеци за разлика од кај нас кај што може од денес за утре да се закаже и се зафаќаат термини и за џабе.
Да, точно е, во странство повеќе се чека за специјалист, ама ако е итна работата, веднаш ти дават термин. Ама барем ќе знаеш дека си салам прегледан, ќе ти објаснат убаво и се. А кај нас само гледат да те поминат побрзо.