За итен случај одма добиваш термин. Тие што не се итни случаи чекаат. Во Мк маж ми го оставија да чека за термин 3 месеци, а имаше неподносливи болки. А чекаше затоа што немаше апарат за снимање и затоа што тие со врски ги земаа термините. А не беа итен случај. Овде ако немаш потреба ќе си чекаш. Нема преку ред. За основни анализи уште истиот ден завршуваш работа. И по тоа гледаат да ти одредат термин. А не во Мк здрави прави зафаќаат место на некој на кој му треба. Затоа што докторката им е роднина. Тука се грижат за пациентите. Во Германија сум.
Оф леле, те уверувам дека здрави прави луѓе не трчаат за термин. Сите имаат некоја мака. И од каде знаете дека тие што наводно биле без термин, не се поитни од вас? Им ги читавте наодите или што? И што, во Германија без потреба одите на снимања или друг спец. преглед, па "ќе си чекаш ако немаш потреба"? Ќе си чекаш и таму и тука, потреба секако имаш, толку е муабетот. Дајте малку бидете пореални, не туку идеализирајте без основа. И без потреба.
Најпрост пример ми е золва ми. Во Словенија се. Не многу далеку од тука. Таму педијатрите им забрануваат на родителите децата да им седат во позиција седнати на коленици ама ноџињата нанадвор (незнам дали објаснив убаво), зошто им се криват и утреден ќе одат криво, односно ќе им требаат ортопедски кондури. Овде ги прашувам и им го кажувам образложувањето, ти викаат "уживај бе мајка, ти колку се мислиш". шо повеќе да кажам
Искуствата се различни. Нашиот детски ортопед исто советуваше, никако седење како во првиот случај што си го пишала, туку на под седење само по "турски", крснозе. Кога бирате доктори, малку распрашајте се и за нивната стручност и посветеност, и кај нив закажувајте прегледи, мислења и сл. Ги има секакви, како и во секоја друга струка.
https://insiderevening.com/нова-тра...F6lXtXeAmqYPA4USLymmlOJkQZ8cS9kc1ZwZwSFP7Kqq4 Мизерија од доктори, заштитени бели мечки, грев од господ да Ве фати, се прашувам дали докториве имаат совест????
До вчера во здравство работев, па ќе си кажам - секако дека гледаат најбрзо што можат. Во ниедна странција специјалист не гледа 70-80 души на ден, а овде со овие што работев, просек по доктор беше 50, со тенденција да се и повеќе ако не се најде специјализант да помогне. Така што, овде во Мк не знаеме да чекаме, се' ни е итно оти денес сме решиле да одиме на лекар (кичмава 7 години ме боли ама сега решив и сакам ОДМА) е голем проблем, итн. Ама дека гледаат побрзо да те поминат, да, пошто уште 30+ чекаат пред врата.
Ептен генарализираш. За истата позиција со ноџињата, ќерка ми до 7 години одеше на контрола на ортопед. Тука во МК Иначе, за воспевање на странството и плукање на МК, најреална од сите ми е @danichap и само нејзе и верувам, оти ептен ми е приземна и разумна Другиве (барем повеќето) се уште се со розовите очила и мислат дека рози цветаат по странството, па и ќе измислуваат ако треба, само да се издигнат себе си, а да ја исплукаат државата од кога што вчера излегле
Ана, не е идеално, ама овде не умираат новороденчиња секој месец. Мислам дека дното во Мк е допрено и џабе се препукувате. Секаде е подобро од Мк. И тоа не е плукање, тоа е реалноста. Еве имам термин за син ми кој не е итен и ми закажаа за нареден ноември. Од друга страна се јавувам и велам ме боли дојката и ми вели дојди одма. Нема здравствен систем во светот кој е совршен, ама барем не се случуваат вакви работи како во Мк.
Ма какво чекање. Маж ми имаше закажан термин во 9 часот, а чекал до 12. Затоа што имало 'итни' случаи. Уште пред да оди му реков да оди на приватно, ама не сакаше. Овде докторите ги почитуваат термините. И пациентите. Уште се чудам колку е поинаку од Мк. Имам роднини на Клиника и секакви работи сум слушала. Ретки се оние доктори кои си ја работат работата како што треба. А за детенцето... Нешто ми е сомнително. Како можеле да не забележат дека имало инфекција? Прочитав дека и рекле на мајката дека се работело за жолтица.
Да, да продолжам со тоа дека во 21 век, во Струшка гинекологија немаш стручни анестезиолози за Спинална/Епидурална кога се пораѓаш, туку сеуште во 2023та година царски те пораѓаат со целосна анестезија, а за природен пораѓај немаш никаква анестезија. Ко прабабите наши по ниви што раѓале, нешто слично. А до пред 2/3 години, важеше за една од најдобрите во државава. Замисли.
Знам на што мислиш, ради ова имав проблем како дете што среќа се реши благодарение на стручен лекар. Инаку така е, далеку попосветени се тука, единствено од што не сум задоволна се општи матични лекари пто немаат ист пристап како во Мкд или барем јас сум имала среќа да имам најдоври двајца матични лекари у мој живот таму. Ова е така затоа што у странство (ке зборам за Ит) и малите градови се опремени со опрема, (е сега за персонал се снаоѓаат) ама затоа не ни чекаме за прегледи тука, факт е дека ако имам потреба од специјалистички преглед без приоритет, за најбрзо да завршам работа може да ме пратат во град што ми е оддалечен некои 60км од мое живеалиште, ама барем не чекам за догодина да се видам со специјалист. Проблем во Мкд е што се е сконцентрирано на клиника во Ск, наместо да го олабават Ск и да ги спремат убаво болниците од периферија тие ги запуштаат и со опрема и со персонал.
Проблем е цел балкански менталитет. Ги читам на форумов како со деца со 40тт дома ги враќаат или со саати чекаат во УЦ (по ЕУ ова). Кај нас со саати со 40тт да чекаш со дете или да те испратат без антибиотик драма ќе настане. И исто е проблем одење на лекар од денес до утре (пошто ќе си фатат врски или матичниот ќе напише лажна дијагноза - го прават ова секој ден) за работи кои не се итни или приоритетни, ама пак ќе кажам, до менталитетот е. Со секакви луѓе сум работела и никогаш нема да разберам толкав примитивизам (од двете страни!). Кај тебе матичниот нема да ти напише дијагноза што не мисли дека ја имаш, овде да, оти нема последици. И цело здравство во цел свет е во курац, последно го гледав Take care of Maya, толку е се' у пм...
Ја не се контрам ама чисто сакам да прашам. Ако за неитни во странство ете чекаш со месеци или саати за преглед, како знаат кој е за чекање, кој не без преглед. Случај 1- Личност оди во болница и се жали на силно стегање во рамена и гради, тешко дишење и ладни екстремитети. Може да е нешто лошо и да биде итна, може да е и обичен паничен напад и да може да си чека. Спојлер Кај блиска симптомиве испаднаа тежок инфаркт што многу нормално од брзата помош не беше препознаен Случај 2 Девојче сред ноќ ја носат со јаки болки во долен дел на стомак на дежурен. Може да се само менструални болки и да чека, може да е нешто итно. Спојлер Читав за ваков случај, не кај нас туку во Британија ми се чини. Ја враќале двапати дека се само болки од мензис, да не драматизира. Испаѓа кутрово со апендицит било, тек кога трет пат дошла и инсистирале родителите за преглед. Случај 3. После ручек човек добива многу јаки болки горе во средина и повраќање. После неколку саати, оди на ургентен. Може и тука да е и итно и неитно. Спојлер На колешка татко ѝ на клиника вака му давале аналгетик додека си лежел со факинг пукната жолчка. Не, не мислеле операција да прават, не морало одма. Во 8ми Септември итно, во последен момент го оперираат, со долга операција и огромен рез. Па еве чисто ме интересира како за вакви случаи во странство, значи не се ова несреќи со механички повреди, прегледуваат и одредуваат кој е итен? Значи само ме интересира политиката на работа во една европска номинирана болница
Конкретно за овде ќе зборувам, овие се итни случаи, имаш тријажа, таму мерат притисок, проверуваат витални знаци и одредуваат за колку време да влезеш. Прават ехо, ренген, кт, или ќе те задржат на следење. Ама ако имаш скршеница за која се чека, камен во бубрег има да си чекаш на Итна оти тоа не е животозгрозувачка состојба.
И ова е вистина. А исто вистина е дека постојат пропишани процедури за пораѓање, (како веројатно и за се друго) значи не може да се случи јас да родам дете со нелечена бактерија или што и да измислуваат во случајов како изговор. Ако не сум била третирана пред пораѓај, на пораѓај интравенозно се добива антибиотик или како и да беше. Освен ако не се породила дома сама жената. Ова е све резултат на незаинтересираност и нестручност мислам.
А каде виде ти дека јас го воспевам нашето здравство? Си ги знам фалинките, за жал. Мене не ми е јасна вашата потреба да го споредувате западното здравство со нашево, притоа да плукате по системот од кој до вчера сте биле дел и сте придонесле да биде таков каков што е! Значи... ако ја исплукате СеверЏанијава, не значи дека вие сте подобри, напротив.... Здравството и системот го правиме сите: и ние што останавме и вие што се отселивте. Оти, здравствово не стана ужас откако се отселивте, и претходно беше такво, а вие сигурно сте придонеле да биде такво. Се прашувам само какви ќе станат западниве држави за едно 10 години, откако ќе исплива балканштината на површина и ќе се инфилтрира во нивниот ситем, заедно си сите избеглици кои се доселија. Од мое лично искуство, тој што наоѓа маани, секогаш и секаде ќе најде нешто да му смета, без притоа да се запраша дали можеби во него е проблемот и од него треба да започен промената.
И кај нас истото го велат и на син ми ортопед и на золва ми. До твојот др е, не се сите исти. И 90% што сте во странство, доаѓате тука да се лечите, пораѓате, поправате заби, да се снимате и сл освен ако не ви е ептен итно, па таму да завршите.
Те сфаќам дека го доживуваш како плукање, и може е, ама мораш да сфатеш дека добар дел си заминале и поради тоа гнило здравство па сега им тежи и пишуваат. А здравството односно целиот систем е таков од нас, народот. Инаку нашиве кога се во други држави почитуваат правила, кај нас не. Оти им се може. Ќе се инфилтрираат младите кои растат во тие држави, така да иако постои можност, не би рекла дека ќе биде исто како на Балканот. Не знам кој оди да се пораѓа во Мк. Заби прават, не знам зошто, јас досега не сум платила. Ок, естетиката е поскапа, ама тоа е. И на крај не може да очекувате никој од страна да не коментира, кога секој месец умираат бебиња. Тоа е она што најмалку треба да ве иритира.