Не знам кој кога бил последно во училишна клупа ама кон крај на основно и почеток на средно, за голема жал, тепање е доста честа појава, особено зошто едно младо дете и не знај како поинаку да се изрази кога му дивеат хормоните. Но, сепак, јас максимално осудувам насилство, иако во училишта насилство во благи форми се толерира, кое према мене е грешно зошто насилство можи да створи само повеќе насилство. Едно е насилство кое го гледаме на училиште каде двајца/ две рамноправно се тепаат, па не ти е криво сеир да му фатиш, ако не се доволно паметни-- нека се тепаат. Ама, да се изживуваш, да малтретираш, деградираш соученик, да се поставуваш како супериорен врз него и слично, е бедно, лошо и не смеј да се толерира. Колку што сметам дека грешат девојките кои удираат по девојчето (колку што видов ја влечка за коса на земја, ја мава со клоци, се чувстував како Троја да гледам или евентуално Панишер, а не тинејџери во училиште), сметам дека грешат и тие кои не преземаат ништо за тоа, туку ... пази ... снимаат! Би сфатила да сними некој дур другите помагаат колку да се има доказ за ова, ама да снимаш и сеир да фаќаш ... Читкав колку што ми дозволуваше времето денес, се согласувам дека најчесто детето е слика на родителот и на непосредната околина. Исто така, сметам дека не треба да се занемарува женска агресивност само зошто е девојче и зошто е понежен пол. И двата пола можи да бидат насилни зошто крај краева индивидуата е која е насилна, а не полот. Средно уште првите недели имавме во соседниот клас излив на, што би се рекло, женска ( ) агресивност, која беше третирана подеднакво како машката ( ) агресивност, зошто агресивност е агресивност, тепачка е тепачка, булинг е булинг безразлика од кој пол е насилникот и безразлика од кој пол е жртвата, или пак од кој пол се двата учесници во тепачката. Накратко, видеото е ... тажно. Иако ова е само визуелизација на она што тајно удира во психа на некои деца дур се уште во училиште. Како што не е во ред ова што се случи, не е во ред ни психичко насилство. Туку сем видеото и нешто што заслушав на телевизија и не знам друго. Паднаа некакви казни, или други мерки?
Епа ај да чекаме не дај Боже да убијат некого на училиште па да реагираме за „секојдневно“ училишно насилство, да не зборуваме па за психолошко малтретирање на кое ова е ескалација, гола вода Скубанка на сељандури? Тука има една жртва на тоа насилство, која може после тоа да носи трауми од тоа! Дечко ај иди скриј се некаде молим те, ми се гади вака како што те читам, жими сè!
Медиумите реагираа, инспектор на терен, консултиран директор и учесничките ќе бидат казнети. И претходно биле проблематични. Од каде знаеш дека и девојчето што беше тепано не провоцирало и барало ферка надвор? Што понатаму? Како ќе спречиш нешто што не се спречува? За да го доведеш насилството до некое разумно ниво треба цела ревизија на општеството и вредностите што ги увезуваш од страна, а против тоа не можеш да се бориш ни под една цена. Поентата е институциите да функционираат и да си ја работат работата како што треба.
А кој би барал ферка која не е 1 на 1? Па и да испровоцирала жртвата, овие другите од планина да не слегле па така реагираат на провокација? Едно е „ферска“, а сосем друго е ова. Ова е деградирање, малтретирање, омаловажување. Ужас. Важно е да се реагира, гледам сте пишале дека е соодветно реагирано. Тоа е важно. Ова видео треба да е пример што не треба да се прави.
Ваквото однесување кај тинејџерите влече многу длабоки корени. Не е само до ученичките, ни само до родителите, ни само до наставниците. До сите е. Ова е пропуст на една цела нација. Во училиштата нема никакви санкции и казни. Јавниот морал е на многу ниско ниво. И да има обиди за казни, родителите одма врски фаќаат преку роднини и пријатели, коа ќе видете дека за оценка се фаќаат врски, што останало за покривање на девијантни однесувања. Дете на познаници убоди дете во рамо со ноже. Среќа со лесно помина детето. Директорот нивни прв комшија, триста чуда направи да ги заќути родителите на повредениот. Има класни раководители што мака мачат да стапат во контакт со родители, телефонски, писмено, на секаков можен начин во 21 век се обидуваат да исконтактираат родители, за да добијат едно понашање кое е дно, дна, демек ние сме задолжени како се однесува дома, вие мислете му ја за во училиштето. Деца со гордо крената глава се ,,фалат,, како тоа никој не им може ништо, без разлика што прават и колку отсуствуваат од настава. итн итн Се би било поинаку ако барем казните се спроведуваат и учениците имаат страв од последиците од нивното однесување. Ама за жал таквите денес ни ја водат државата, не лечат, ни предаваат...
Економската несигурност кај многуте семејства е исто така круцијален фактор. Родителите не знаат како ќе преживеат секој месец, а таа апатија и нервоза се префрла на децата.
Па не би рекла баш. И баш тие деца што живеат во некој си луксуз се доста девијантни. Тие се тие чии родители се знаат со секој и можат да допрат до секој, па никој ништо не им може.
E нема. Што повеќе либерализам, тоа помалку строгост и осуда, а повеќе насилие и криминал (ќе) сведочиме во општеството низ децениите. Тоа е очекуван след на нештата.
Јас мислам дека мобилните телефони и интернетот се главниот извор за вакви насилства. Желбата да се биде главен, кул, омилен, опасен ја реализираат со видео снимки. Денес децата уште од градинка имаат мобилни телефони, ќе удрат во ѕид и нема да приметат зјапајќи во телефонот. Животот им се претвори во глобална социјална мрежа. Не коментирам каква личност била тепаната, ама овде нема само две насилнички, туку цел двор насилници соучесници кои снимаат наместо нивната обврска да помогнат и да спречат. Џабе е да обвинуваме кој е крив, сите се криви. Институциите не само што молчат, туку и не функционираат. Ние имаме изгубена, девијантна, пропадната младина. Што е најтрагично, поправање нема и оди кон полошо. За ова треба казнено поправен дом, казна со ќотек, присилна работа и рехабилитација. И додека не се забранат мобилните телефони, одење со кило шминка, вештачки нокти, гол стомак, кинати фармерки, ташничка наместо ранец во училиштата, вакви случки ќе бидат секојдневие и ќе поминуваат само со опомени. Треба да се освестат и родителите но и институциите, казни за сторителите но и нивните родители, па и за институциите. Униформи во училиштата, не само за учениците туку и за наставниците, како што има униформа за доктор нека има и за наставник. Наставникот покрај предавање треба да има улога и на психолог, треба да знае да го открие карактерот на ученикот. Недозволиво е ваква тепачка да не биде приметена од ниеден наставник или вработен во институцијата а да не зборам за снимање порно снимки во училница. Наставникот треба да го пријави секое сомнително однесување на ученикот. Ова може да се спречи ако родителите и наставниците си ја работат својата работа. Имам деца и страв ми е какви времиња доаѓаат. Ќе треба да ги праќаме на часови за самоодбрана, да нодат солзавец во ранец, да носат ножеви, безбол палки итн. А тоа не е решение, туку уште една грижа за родителот каде го праќа детето, дали во училиште, боречки ринг, или можеби јавна куќа? Слушајќи разговори меѓу средношколки се запрепастувам и не знам дали живееме во ист свет. Нека не ве чуди, од мобилна телефонија и интернет станаа сите зависни. Пред некој ден на семафори во една кола мислам помлад брачен пар беа, не гледаа во семафорот туку зјапнале во телефоните и куцаат. Ете каков пример би дале на своето дете.
Која катастрофа се денешниве млади... Коа велам млади, мислам особено на тинејџерите. Страшно! Тотално искомплексирани, издивени, распашани, разуздани, не знам како веќе да речам... Генерализирам, секако. Страшна една работа како се извитоперени, каков живот живеат... Не знам... Немам коментар. Ги жалам, искрено! Какви ли индивидуи ќе станат тие девојчиња кои си дозволуваат да тепаат соученичка, да ја кубат, да ја влечат по земја, да ја навредуваат и да ѝ се закануваат? Нивното мислење дека нештата се решаваат со тепање е еквивалентно на тоа што највеќе го мразам - дека во светов се' може да се реши со војна. Трагично... P.S. Џабе е и да ги казнат. Всушност, како би ги казниле, освен со некои совети, ДЕМЕК социјални служби и слично... Живееме во искварена држава, ако воопшто може да се нарече така. Ништо не функционира. Кај нас ваквите нешта се нормални. Сакам да кажам, дури и парично да ги казнат (што не ми се верува) - дали така ќе им се промени нивниот начин на размислување, погледите за животот и справување со проблемчиња и проблеми? НЕ! Можат само да бидат како опасни волци врзани со јаже и да се нервираат што не можат да направат нешто слично, се' до моментот кога ќе успеат да се ослободат (кога-тогаш) и ќе почнат да прават хаварии. Срамота!!! О, каква срамота!!!
Напротив. Либералимот ти е слобода на избор, дека жртвата е жртва. Да не одеше општеството напред и не живеевме во релативно либерално општество работата ќе беше „па женски се, не е страшно“, „сигурно оваа си го бараше, остај“ или како што имаше коментар погоре дека ние не знаеме, можеби жртвата ги испровоцирала девојчињата. Дно. Грешно имаш сфатено некои работи како што ми гледа, не знам, ама така ми гледа, затоа и ќе повторам, либерализмот не е апсолутна неконтрола, ниту пак се да е дозволено, не е безредност, туку е нормалност каде секоја сличност одлучува за себе и не смее да ограничи или прекрши одредено право на друга личност, каде не смее да се деградира, исмејува одредена личност. Дали се крши одредено право во видеото? Дали се деградира, исмејува тепаната личност? Апсолутно. Од таму, дали е во ред однесувањето на видеото? - НЕ!
Еве имaте пoгoре видеo, не сo бoдење aмa сo пукaње. Изигнoрирaнo тoтaлнo. Гo кaжувaте бaш истoтo -не е тoa ништo стрaшнo, си пoигрaле мaлку сo пиштoлoт.
За држава каде ништо не функционира како што треба, сосема логично е насилството по училиштата да биде присутно на секој чекор. Насилниците се свесни дека скоро никој од нив не бил казнет. Сум била сведок на разни тепачки и малтретирања низ школо, секогаш виновниот излегувал прав или во најмала рака се гледало ситуацијата да се омекне и да се најде некое оправдување за да биде поштеден од подрастични мерки. По дифолт секогаш службите се на страна на тој што не треба. Го гледав клипот и се згрозив искрено. Тие кобилите што го влечат девојчето, под итно треба да бидат избркани од училиште па по можност сместени и во поправен дом еден период. Кога така би се постапувало, во иднина секој два пати би размислил дали е подготвен да сноси таква последица после матретирањето на некого. Чудо голема која сила ја покажаа, јасно е дека поголема група може против едно девојче. Па и тие сеир што гледаа, како не се најде барем некое попаметно машко кое ќе ги оттргнеше лудачите.
Чаир и се е можно. Не знам што да искоментирам, дека е нормално-не е. Ако се сеќавате пред некоја година слично нешто не потресе само заврши кобно во Ново Лисиче. Типот што ја уби жената со која се гледал во пролаз на зграда. Не е нормално. Никогаш нема да биде. Било кој вид на насилство не е ок. Ни меѓу мажи ни меѓу жени ни меѓу деца.
За видеото со пукањето во Чаир не знаев, сега видов. Страшно. Каков народ ќе беа, за секој спор пиштоли вадат... За тепачката... се згрозив. Почувствував гнев. Ваква ли треба да биде младината, нели на младината е иднината, каква ќе биде иднината со вакви луѓе? Ова е одвратно. Се надевам дека со нив ќе постапат како што треба и нема да им се прогледа низ прсти. Но мислам дека најголема одговорност носат родителите. Како што кажа една професорка, децата се производ, нема лоши деца туку лоши родители. Не ги воспитале како што треба и резултатот е тој. Ако од малечки не се поведат по правилен пат, потоа ќе биде тешко и со последици. Се надевам дека малтретираното девојче ќе биде добро а другите дека ќе се опаметат.
Бриџет сега го видов видеото Ако ми зборуваш за игнорирање од страна на Мамли, искрено не се чудам. Изгледа нормално е насилството, а ние не сме слушнале досега за тоа
Пoстaри луѓе или мoјa вoзрaст некaде, сведoци нa aгресивнoст вo свoјaтa oкoлинa oд мaли, дaли кaј рoдители, дaли вo училиште, дaли нa улицa, гледaм сегa зaчудени и пoтресени кo дa вaквo нештo ни нa сoн не виделе. Пa кoментaри вo стил -вo нaше време вaкa немaше, денешнaвa млaдинa, дрн дрн. Денешнaвa млaдинa е нaш, вaш прoизвoд. Дa се сaмo двете девoјки прoблем ќе речеш исклучoк е. Ами сите oние oдoкoлу штo гледaaт и нaвивaaт? Се' кoмплет е зa превoспитувaње. И се дoдекa имa вoзрaсни кoи слушaaт тепaчки кaј кoмшии и не реaгирaaт зaтoa штo не е нивнa рaбoтa, ќе имa и вaкви децa. Пoследичнo си дoaѓa, дa не глумиме изненaдени и увреЏени туку дa пoчне дa се реaгирa и вoспитувa, oд мaли. Кoлку вoспитувaaт децa -oкo зa oкo, зaб зa зaб и сметaaт декa е прaвилнo? Штo aкo претхoднo девoјките биле истo или сличнo пoвредени oд искубaнaтa девoјкaтa пa пoучени oд дoмa врaќaaт сo истa мерa или дуплo? "Не дoзвoлувaј сине никoј дa те гaзи" -вo сељaчкa верзијa. Oвa е тoa.
Видеото е загрижувачко. Очигледно дека родителите и училиштата пропуштиле некаде кај овие деца. Проблемот има подлабок корен од првичново што се гледа. Во мое време имаше ваков случај во мојот клас. Само шѕо немаше снимки е разликата. Никој ништо не превзеде, ниту таа што тепаше, навредуваше и беснеше не беше избркана од училиште во најмала мера. Сегашава младина следи многу трендови што диктираат и вакво однесување,доказ снимкава е. Снимкава треба да се избрише од секаде ( малолетници) и да се превземат сериозни мерки сите.