Не знам од каде дојде заклучокот дека делото е резултат на гледање порно содржина… Тоа е засега, само шпекулација, која дополнително ја подгрева ситуацијата и потенцијално ја движи истрагата во многу опасна насока. Навистина не очекував од еден “експерт” - социолог да си дозволи вакви искази - “најверојатно”, кога и самата таа ги има истите информации шо ги имаме и ние. И секако, повторно тие анегдоти стари колку и времето - “Не се тепани дома.”; “Многу се размазени од денешните родители.”; “Сѐ им е дозволено, па збеснале.” итн.
Добро кои се опциите? -од чиста мира, психопати -ги злоставувале дома -гледаат за Менендез браќата не секад се злостаувани од дома.
Како може на толку мало дете да му падне на памет да направи нешто така одвратно? Па дете беше најневино суштество, полно со добрина и љубов, што се случи? Родителиве денес не знаат да воспитаат, какви генерации, страшно.
Е да си жива и здрава. Зашто на овие што пробале очигледно дома родителите не им се авторитет. Ама сето им се дозволува, буквално сè. Се немаат граници веќе. Немаат срам. ,,Ти глуп/а ли си?" фрази по улица како најнормален дел од речникот.
Мене еднаш кажував, летото во населба деца од негде 8-10 години ми доаѓаат на клупа и ми кажуваат во фаца фак ју, бич, пичко, курво. Само едно девојче им вика абе немојте така, срамота е. По некое време идат родителиве, децава продолжуваат пред нив и истово девојче вика мамо види ја пцујат. Ни а ни б, овие ги викнаа децата, си седнаа настрана, децава идат по две минути и пак истото. И баш дента имав преусран ден па ич не ми беше до карање иначе ако не ги направев резил пред цело маало, еве на. И она што повеќе ме загрижува е што ајде дете ќе повтара тоа што слуша. Ама како кажаните зборови беа баш сите пцовки, а не некои рандом бесмислени реченици? Зашто знаат што значат, зашто тоа им е целта, да навредат некој. И ако детето твое на таа возраст во мозокот си вика ќе идам ќе пцујам луѓе, а ти абер немаш да се извиниш, па јасно ми е како стојат работите. За ова случајов не знам дали би било иста теорија ама крај крајова, дали гледало или оно е жртва, пак родителот треба да го истресеш сосе гаќи.
Ако збориме за авторитет, денес авторитет има повеќе кај деца од селски средини, тие имаат повеќе почит и кон наставник. Децата од градско подрачје немаат авторитети односно ниту дома ниту во школо. Попустливото родителство за жал има голем придонес за однесување на децата денес.
Vcera gledav video, dete u USA, i vika na majkata ,,are you gonna buy ME a new tv?” I ovaa mu vika ne I posle sledese: I zenava stoi mrtva ladna. Da zemes da go zgazis. Go iskrsi tvto ej
Ќути за тепањето. Ќе скочат мајките од спротивните теми,и ќе ти кажат дека у книгата пишува дека детето не смее да се "тепа" туку долги разговори е спасот. Дури и ако извшри нешто вакво ЛИГАВО
Младината е страшно невоспитана. Ви пишував претходно, дека гледав лани зима како едни млади замавнуваат со клоци на постојка накај еден размкнат дедо, ги опоменав неколку пати, да го остават на мира, се смеат и ми кажуваат дека не бил за жалење. Кои глупаци, дедото може е малку ретардиран и со пречки во говор, овие ретардираните на што личат. На пештерски луѓе, како да се растени во штала, не се тие со разум во 2024, во 1902 се, пред кревање на Илинденското востание, таму се. Можеа да го залепат со клоца во глава, така зезајќи се и да го убијат, да го остават на место, дека стар човек, од кај знаеш што болести има. Завчера, исто на постојка, средношколци се жалат како не им се оди во школо и еден пензионер им вели „зошто сте такви, не ви се оди во школо, бате и тате ќе средат нели, а јас сум завршил факултет, па еден ден немам отсуствувано“, и девојче му враќа „аххх бе дедо, ти да имаш факултет, сега ќе беше господин, со кола ќе се возеше, а не да чекаш автобус тука, хахааха, ај не замарај“, човекот и објаснува дека нема да се вози, туку живеел блиску, пеш ќе си оди, а на постојката случајно застанал, девојчето пак му се смее „како да не, ти да имаше факултет, нема да си во влечки, господин ќе си“. Човекот очигледно живее во близина, не знам во костум ли треба да биде за да ги задоволи критериумите за ГОСПОДИН на тоа смотано девојче? Има луѓе што навистина имаат факултет, биле градежни инженери, просветари, па земаат мали пензии, не се богаташи. Потоа му реков на девојчето, зошто го исмеа човекот, не е ок. Ми вели „хааха, како да не, тој мене ќе ме тера да учам факултет, па ако тој има мала пензија, зошто јас да учам кога пак ќе земам исто така мала пензија?“. Каква младина никаква. Три грама памет немаат. Татко ми со средно, влезе во пензија со 13.300, на другарка ми таткото со факултет, зема пензија од 19.600 денари и тоа пред некоја година, што е сосема друга приказна.
Mi e gajle. Moe dete da e perduvi ke letaat. Da se osudi da maltretira nekogo? Na koj doma ne se karaat negovite ili neso? I da se karame i da oseka neso loso i da mu prai nekoj neso, KE ZBORIME. Ne poso e on osteten da osteti nekoj dr
Bukvalno. So se televizorot niz vrata. Moze nema be majka mu? Kolku moze tolku. Arno ima kakvo takvo tv, i ne vika kupi tv, vika BUY ME a tv. Ete na ssto se glea Insta acc moze da go vidite mockoto
Грешиш Овие деца имаат од пиле млеко,затоа крши ТВ. Знае дека ќе му купат ново,од мали се така учени...еве нека си го видат исходот родителите,за жалење се вакви фамилии
Леле бе пак не признавате дека родителите страшно потфрлуваат во воспитувањето и се прееееееевише попустливи. Тоа дека ги занемаруваат, си стои, тоа дека можеби дома во потесната фамилија има проблеми кои директно им влијаат, пак си стои, туку шо праиме со пропустливоста и немањето авторитет? И не, упорно не одговарате зашто и покрај тоа што ги галат и мазат, децава се поише и поише се безобразни и невоспитани.. Не знам шо фората ви е на поединци да се сложите, дали и вас така ве имаат разгалувано или пак вие вашите деца така си ги тинтрате, се дур не почнат и вас да ве манипулираат, не ми е јасно, ама ваше си е тоа. На шо личи еве понашање како што опишаа Манчмелоу, Тања, а тоа е секојдневие. Не сте биле сведоци на неандреталско понашање од страна на збеснати тинејџери на пример? Хормоните им се у пм, да, али тинејџери сите ние сме биле, и не сите така сме се понашале, проблеми као не сме имале, трауми, нервози никако. Или ко Феминка што вика за дебилов шо кршел тв, сум видела деца телефоните си ги кршат, за нови да им купат. Сето ова во ред ли е? Тие којзнае какви содржини пратат на тоа Тиктокот и кај све не, ниту ги контролира некој, ниту надзор имаат, родителите си бркаат кариери, си гледаат своја работа, баш ги брига и еве што се дешава.
И ова е точно, ама и тоа дека од две деца растени исто од двајца родители во иста средина, едното може да буде мирно, добро,послушно, а другото сѐ спротивно. Барем во мојата средина има многу такви.
Има да. Ама ќе ти кажат тука дека не биле воспитувани под исти услови. Они дома најубаво си знаеле како е.. Точно е дека најдобро они знаат, но точно е и дека карактерно две деца може да се дијаметрално спротивни.