Не мора да значи. И мене моите можеле сѐ да ми купат, ама кога било не, било не. Моментално иам тел 3ипол год, супер си е само неам меморија а ми треба нешо за работа. Ми рекоа годинава иаме мн трошоци, или ако иаме % у Телеком, или следната. Дури се понудив од плата да дадам дел. Сеа треба да зеам да го искршам овој? Нема да ми купат ни таков на копчиња ако го напраам тоа. Само ќе ме остаат без телефон. И да знам дека можат, ако ми кажат не, тоа е, за сѐ шо ми рекле не. Сум собирала пари. Пример против тетоважи се, 4 иам, 4 сама сум ги платила. Сеа од плата пак ќе се тетовирам. А не да зеам и да кршам. И ја сакам сѐ да добијам, и добивам, ама знам како, не си кршење. Бар кај моите не пали тоа. Да се дрзнам да искршам нешо, ќе ме иселат моментално, не по гз да ми идат. Шо се овие тантруми? Мене ме фати страв за мајка му, денес ТВ, утре она може да е. Ама она не мрда… земи залепи му ја една у тој rage moment да се освести па да видиме
Не знам како го поврзавте нетепањето со нешто вакво ужасно. Нетепањето не значи дека детето утре ќе порасне во психопат. Значи дека сепак растеш дете во средина со љубов и разбирање за неговите чувства. За ти да имаш дома ваков тип на дете со девијанто однесување, сигурно не си пружил љубов, туку баш насилство, не сакам ни да помислам што подруго за да ти дојде таква идеја за силување. Децата учат од она што го гледаат или доживуваат дома. Дополнително, од улица. Не се работи, според мене баш за отсуство на воспитување, затоа што тоа ќе се одразеше на друг начин. Ваков тип е баш пример за нешто многу поцрно од вашите претпоставки. Не е поентата да го искршиш од ќотек од кога е направена штетата. Нема никаква корист, освен инает и криење за тоа што има намера да го направи. Токму спротивно, да превенираш преку живеење во нормална средина, каде ти како родител ќе го научиш на емпатија, морал и останати родителски обврски.
Твоето е еклатантен пример за невоспитување. Што воопшто не е исто со случајов. Мислам во ред, поврзано е едното со другото, но тие деца пример, освен што вербално те нападнале, имале сопирачка да не премине сето тоа во сексуално насилство. Кај другиве, дефинитивно родителите само формално на хартија се напишани. Вистинското значење е изедначено со непостоење на истото. Дополнително верувам дека е вршено насилство и врз нив.
У Македонија се полоши, размазени и неваспитани деца, али се повеќе и повеќе совршени родители... Тоа ти е, јбг...
Дечки не збориме за воспитување со ќутек. Него да се знае шо е родител и авторитет. Мене од моите шо се вика до ден денес ми е страв. И затоа мн пати и не сум напраила глупости пошо сеа може да ме иселат. Како мала можеле да ми земат телефон, пари да не ми даваат. Мора авторитет. Да треба и да се збори, ама треба и да делуваш не само да дрндаш. Глеате дека соц мрежи, други деца, и тикток имаат поише влијание од вас. На Ана од 5а ѝ купиле ајфон 14ка, бара и вашето, ама немате. Ако го искрши сегашниот телефон од револт, ќе му купите нов? Ќе му викате ,, ама зошто мајка го скрши телефончето”? Или ќе добие за ало и чао само? Утреден ќе е нешо поголемо. Ќе земе ќе истепа некој, ќе удри некој со кола. Реков еднаш у СДК проблем на модерниве деца се модерни родители. Секој знае као треба со своето дете точно, ама има некои работи шо мора да се MUST. Тоа е дека зборот на родителот е ЗАКОН. Ако мама каже не, и не можам, тоа е. Не може и крај. Ви иам кажувано за една шо се дружев и бараше мајка ѝ да дигне БРЗ КРЕДИТ за да слави роденден у кафич пошо се срамеше од тоа кај живее?? Едвај преживуваат. Едвај. Коа ја фатив, викам ти нормална ли си, да дигаат твоите кредит за твој роденден? 18 год ќе полниш моеше ЦЕЛО ЛЕТО да работиш и да собереш пари. Дом каков таков, битно го имаш, и нема зашо да се срамиш, не живеат сите у палати. Земавме украсивме, напраивме јадења глупости и беше ТОП. Мислам сто пато боље него од кафич. Ама треба некој да ти каже изгледа
Не дека темава е за тоа, али ај. Примерот на крај што си го дала е класика комплекс, не значи дека родителите не ја воспитале. Али од примеров се гледа дека ни во школо вработени не се замараат што се случува во нивен двор. Фали уште и полиција да не се замара, и може да прогласиме општо нередие ко во пеколен портокал.
Ne zborev za nevospituvanje Tuku go dadov ko primer za razmazena osoba. Ima sekakvi i deca i roditeli, Gospod napomos. Toa mozam da kazam
Врти, заврти, аргументот е дека децата не се тепани. Впрочем, во речиси секоја ситуација каде предмет на расправа се децата, главен аргумент е дека “не се тепани”. Жално е, шо многумина мислат дека авторитет се стекнува само преку ќотек или на сила.
Ќотекот е насилство! Насилството раѓа насилство! Не е решение затоа што често прави жртвата подоцно да стане вршител на исти или уште полош чин. Потребно е родителите да почнат да кажуваат „не“ на нивните деца. Често пати да го слушаат тој збор и еден ден ќе им стане јасно. Ако сами не можат да се справат со децата и нивното однесување, тогаш треба да побараат стручна помош. Потребни се нови, построги закони. Треба да излеземе на улиците и да побараме да бидат донесени. За случајов и не знаеме зошто дошло до тој обид. Дали некаде гледале такво нешто или тие доживеале такво или друго насилство што им го пореметило паметот...
Значи муабетов со ќотеков е дебилен. Тоа што вашите ве тепале за да добијат авторитет и да ви е страв од родител а класичен пример на неуспех на родителот. Не знаел како да се справи со вас и да реши било каков проблем па ај ќе го натепам или една воспитна па да му е страв цел живот од мене. моите родители во живот не кренале рака на мене. Јас немам страв од моите родители и сум разговарала за добро и за лошо и за сите глупости што сум ги направила, дури и ден денеска иако сум возрасна жена. Не ви држи вода муабетов, ако беше така јас како нетепана сеа од идризово ќе ви пишував а не од дома. Никад не ми текна ај да му пикнам шише на другаров у гз. Тие деца имаат некои пореметувања во мозокот, господ знае што е причината и зошто го направиле тоа, а ние тука можеме само да нагаѓаме
Можеби зошто не ти се обраќам дирекно на тебе туку на повеќего кои го имаат твојот став и зошто на сите тој ви е одговорот: па и моите ме тепаа. Трауматизирани генерации пренесуваат траума на следна генерација, па тие на следната и така во круг. И тоа не раѓа ништо добро, напротив. И да, не мислам ни јас да земеш да го искршиш од ќотек, но исто важи и за таа “воспитната”. И да, да не ме сфатите погрешно, не дека не го осудувам чинов, напротив. Немам дете за да знам како би постапила, можеби би ми дошло да го удрам, ама дефинитивно ова е некакво пореметување и психичка состојба, а не од “не јадел ќутек дома”
Се согласуваме дека децава згрешиле. Мене ме интреесира системот преку институциите што ќе преземе во насока на спречување на вакви срања во иднина. Ова се многу мали деца за вакви работи и значи дека со децава не се работело во градинка како што треба туки им се пуштале турски, шпански, индиски серии наместо едукативна содржина. Овде немаат одговорност само родителите и наставниците во училиште. Конкретно прашање: освен родителите кои треба да ја сносат целата одговорност, дали воспитувачките и негувателките во градинка ќе бидат повикани на разговор? *Ако поминале низ образование тогаш треба да имаат барем некакво досие за развојот на децава. Башка децава поминале стручна служба за да бидат примени во училиште.
А од каде сте толку сигурни дека циклусот се продолжува? Дека ако сте јаделе или не јаделе ќутек како мали,така и ќе биде класиката за понатаму? Не сум јадела ќутек како мала,ниту дете имам удрено или натепано. Ама верувам дека вакви работи ја поминуваат секоја граница,шо е ова вака? Јас шо сум,карикатура или ѕидна слика за детето да ме вреѓа на ваков начин? Значи тој со вреѓање и кршење а ја со не бе мамино,ако те тепам сега децата ќе си ги тепаш ти ко ќе имаш некад?! Дај боже децава да се негови дупло гори па да видам шо ќе прави! А значи споредбата штом ви е ваква ко примерот погоре оти тепањето раѓа тепачи,веродостојно е оти родителите биле вакви ЛИГУШИ па децата такви се метнале? Значи КРШИ ЛОМИ,пикај шишиња в газ,оти навремето и ние такви беме..примерот ви е ама баш таков
@Antebellum наставничката била запознаена со ова и ништо не презела. Еве од тука пример да почнат, образовен педагог што тоа и е единствена одговорност кога е со деца. Од друга страна, скроз банално е возрасни луѓе да ги потсетуваш за ова.
Чекај, ако ти работиш, заработуваш... не ти е срам од твоите да чекаш да ти купуваат или даваат пари за било што?
Зашто трауматизирани поради воспитна? Еве да ти кажам неам страв од моите, баш другарски однос иаме сеа, се е у ред. Еве не ми е јасно ни мене како. И пази не сум насилник, утре не мислам мое дете да млатам.. Пошо насилство раѓа насилство, еве не сум насилник.. Според некои од вас воспитните се чисто насилство. Ама да дозволам да ме вози дете нема шанси, авторитет пред се, и разгалување знам дека не би. Нежно родителство да, али се претерува и со него, колку и да не изгледа така.