Не сте свесни колку ви е ретардиран муабетов за ќотек на секоја можна тема особено во контекст на деца кои пробале да вршат силување. Тоа што 10 годишни деца пробале да силуваат друго дете сигурно не е пошто од дома не им купиле ајфон 16, ама битно како папагали одма се фаќате за истото па истото без да се препрочитате што пишувате и да ја сфатите сериозноста на вакви ситуации.
Не е поради ќотекот туку е поради попустливиот стил на воспитување кој денес се негува. Децата се родители на родителите. За “Не” не слушнале. Нема граница, нема линија до каде може да се оди. Тоа дете нема проблем да повреди друго, кој к ему рече немој?! Тој збор не се употребува.
И вие не сте свесни и не ја разбирате поентата, и тоа дека навидум ситни незначителни работи можат да бидат причина за некакво девијантно однесување. Али се чита само тоа што ви одговара. Не знам кој рече дека токму овие деца се обиделе да силуваат зашто ајфон не им купиле, туку паралела се прави. И факт е дека се повеќе деца денес се тотално испуштени, колку сакајте негирајте.
Испуштени се оти немаат страв од родителите. А како најважни особи во нивниот живот,ако немаат страв од нив,ќе немаат од никој.
Страв од родители? Зошто би сакала конкретно моето дете да се плаши од мене. Сакам да ме почитува, не да се тресе од мене затоа што можам ќотек да му удрам. Секако дека можам, поголема сум. Но, што ќе добијам. Страв, криење, правење зад грб работи, преќутување за битни работи. Тоа се тие трауми што остануваат. Штета што мислиш различно, ама нема да ти се најде твоево во животот.
Дај боже моево да не ми се најде никогаш. А тебе ти ја посакувам цела среќа да си ги изнесеш децата на прав пат. Немора да се плаши,ама да те почитува тешко.
Хаха не! Никаде не напишав оти ќе го кршам детето од ќотек ако не ме почитува. Јас дадов мислење конкретно за вакви ситуации. Во вакви ситуациии моето дете ќе го прекршам од ќотек..јас лично. Почитувањето оди отом потом. У глобала и да не должам оти не можам да се мудрувам ни да наметнувам мислења и да судам,а и не сакам,на сите ви посакувам децата да се ваша копија,а моја сигурно нема да бидат.
Не, воопшто не ми е срам. Поради тоа што многу деца се оставени сами на себе, имаш 16 годишни деца наместо да уживаат во младоста, ги тераат да работат по кафичи, фабрики, за после цела плата да ја спукаат на апарати или на телефон и облека. Буквално 90% од луѓето што ги знам а почнале самостално, денес немаат направено ништо посебно со животот, сакам да кажам се мачат, чекаат плата за најосновни потреби и слично. Од друга страна, оние кои потекнуваа од богати фамилии, на кои џепарацот месечен во средно им беше колку една просечна плата, учеа и се надоградуваа на секој можен начин, едноставно инвестираа во себе и своите вештини, и сега се на угледни позиции, или добро платени работи. Ако беа препуштени сами на себе, ќе работеа во смени по казина, кафичи, фабрики, фокусот на образование и вештини немаше да им биде на високо ниво. Не велам дека оние кои сакале и морале да работат по кафичи се неуспешни или глупави, но статистиката вели така (не дека се глупави и неуспешни, туку некој просек во општеството). Ако родителот нема финансии да го издржува детето, во ред, тоа е тоа, детето ќе се снаоѓа, ќе носи пари дома. Ама родителот да има пари, и свесно да не му дава (за образование или било што друго што ќе му донесе личен бенефит, не за ајфони и облека), за мене е поразително. Да, ден денес барам пари од моите за што и да ми затреба, наместо да земам кредити, да се задолжувам по другари или уред од 200 евра да го плаќам на 12 или 24 рати, како што прават голем дел од луѓето. (Пак ќе речам, тие што немаат не ги осудувам). Наместо да чекам плата или бонус за да си купам нешто што ми е неопходно (повеќе или помалку) во моментот, ќе позајмам од моите, и потоа ќе им вратам. И не, не станува збор за разгаленост, туку станува збор за практичност и функционалност. На моите сум им бескрајно благодарен за секаква поддршка што ми ја дале, а и финансиски постојано ми помагаат. Да имам утре натпросечни примања, ќе ги третирам како богови. Работиме на случајот, па ќе видиме дали ќе ми се оствари замислата. Слободно може мислењево да се префрли во друга тема.
Наставничката што дознала за обидот за силување, а не преземала ништо е обична психопатка и поддржувач на силувања која сега треба да оди зад решетки. Кога ќе излезе од таму, треба да биде обичен голатар, да седи без работа. Сите да дознаат зошто била во затвор, зошто останала без работа и крај. Слика и прилика на тоа македонското, само научило да дреме некаде и да земе плата, не го интересира ништо, дали ќе се случи силување, убиство, тепање, сеедно им е. Зошто не ги објават некаде по социјални мрежи, да ги видиме, силиувачите, родителите на силувачите и наставничката? Дај нека ги направат популарни, да ги познаат кога ќе одат до маркет.
Нигде не сум рекла дека ме тепале. Последно коа мајка ми ми удри шамар, беше на 12-13 год кога им избегав у Грчка и ме немаше со саати. Жената коа ме виде не знаеше шо да напраи. Им кажав дека идам по сладолед и си отидов на друго место намерно. Никад од тогаш не се десило да идам негде, а да не знаат кај сум. Иам 23, веќе одам и на раб, уште кажувам кај одам и со кого. Пошо знам дека тоа не смеев да го направам. Тоа беше у афект. После тоа се гушнавме. Ама бев крива, излажав, ја уживав они се секираа. Шо требаше да напраат? Да ми речат, друг пат цел ден да ме нема?
Наставниците не можат да ги пратат сите 30 деца што прават на одмор.Порано имаше служители во школо,чистачки тетки кои не познаваат со години а не фирми кои ги менуваат жените секој месец за чистење, дежурни наставници секој ден во период кога имаа празни часови. Сега има камери,обезбедување,каде било или се занимавале со други работи.Порано и директорот шеташе и контролираше во школски двор. Суспензијата на наставниците не е решение на проблемот.Каде се родителите на насилниците,зошто не се казнат за постапките на своите невоспитани деца? Обично во таа возраст тоа што гледаат тоа прават или се злоставувани. Сигурно не им е првпат да малтретираат некое дете,да тепаат или навредуваат. Сега насилството отишло една скала погоре во сексуално насилство. Целата педагошко психолошка служба ако воопшто ја имало во училиштето не си ја вршела задачата. Наставниците ја вршат образовната дејност на часовите,зар тие можат да контролираат толку ученици надвор од часот? Но најлесно е над нив да се истура,зашто родителите на насилниците се сигурно исто насилници и не смеат со нив.
Извини, еве сакаш да украдеш нешо, да убиеш некого, нема да ти е страв од судот или Господ? И зошо? нема пред да посегнеш да украдеш (ако имаш малце мозок) да си речеш ,,еј абе може затвор да лежам”. Тоа е до негде страв и позитивен. Знаете шо е стравопочит? Е од овде ,,не треба да им е страв”. ТРЕБА да им е страв. Тенка е границата меѓу храброст и лудило. Едно е да си храбар, друго е да си вразумен. Никад не ви било страв (ако сте верници) од Господ? ја многу работи неам напраено од причина шо може моите да ме иселат и да искочам лоша и со прљав образ пред Господ. некад е добро доза страв
Од кај си сигурна дека дознала наставничката прва? Не постои наставничка која ќе го преќути насилството.Се додека постои јавен линч на луѓето кои ги образуваат вашите деца и ги чуваат додека сте на работа нема да постои ниту почит и авторитет на децата кон наставниците. Повеќе треба да ги направите популарни родителите на насилниците кои ги (не) воспитале свите деца. Ако не ги цените наставниците тогаш не ги пуштајте децата во школо или платете таму кај што мислите дека ќе имате подобри наставници за своите деца. П.С Извини но не се обраќам лично кон тебе туку кон сите кои фрлаат дрва и камења кон луѓето кои навистина се трудат во скромните услови да образуваат.
Треба да им е страв дека ако направат злобно дело може да лежат затвор? И ќе горат во пеколот? Не, феминка. Треба да научат - да стекнат здрави позитивни морални вредности и принципи - дека злобни штетни дела не треба да ги прават затоа што тоа не е во ред оти со нив штети некому, повредува, нанесува болка. А не дека ќе лежи затвор. Пред сè, тоа е себично гледиште, да мислиш само за себе, што лошо би ти се десило откако би сторил нешто лошо ти самиот. Второ, системот е несовршен, еднаш да не го фатат, ќе сфати дека може да прави злобно дела без да лежи затвор. И шо дека детето ќе се плаши од родителите, кога еден ден ќе порасне, нема да биде веќе дете, нема да зависи од родителите? Поентата е да се вкоренат добри принципи и навики, и да се работи со детето, да се прати развој.
Постојат такви. А, членката знае бидејќи сите медиуми кажаа дека ќе има дисциплинска постапка против 4ца вработени, а суспензија за наставничката одговорна за одделението. Во случајов постапила неодговорно.
Toa sto plasiraat mediumi I toa sto e vistina e nekogash razlichno.Za doktorite sto zaginaa od plodnost cel den site mediumi pishuvaa deka celo semejstvo zena I dete se zaginati,a vistinata bese sosema druga. No najlesno e da se vidi disciplinska samo za nastavnicite ,kade e odgovornosta na roditelite,na drugite ?
Не ми е страв ни од Господ, ни од судот. Страв ми е од самата себе и својата совест. Што доколку Господ не постои или настане анархија, ќе посегнеш по нечив живот?
Имаше во медиум, дека детето кажало, а таа не преземала мерки. Детето кажало на наставничката, таа си молчела, а потоа кажало дома и таткото пријавил во полиција. Треба кривично гонење за такво нешто, психопатка. И родителите исто, кривично гонење. Само се жалат за плати наставниците, а ваму гледаат само да фатат пат за дома после 3-4 часа. Да, да, не постои, светци се сите во државата, затоа прогуглај, ќе видиш дека пред некоја година во Кочо Рацин криеле силување на дете, иако знаеле. Со тој случај колку што знам не бидна ништо. Овие хорори мислам дека само ИСИС може да ги прави. Сметај ги овие македонски деца, нивните родители и тие што премолчуваат силување рамни на ИСИС. Каде праќаат деца родителите? Некаде каде има силувања, тепачки, психичко насилство и каде најмал дел е учењето? Блазе си им на тие што избегаа од овде. Мирна глава.