Го осудувам настанот и во оваа ситуација нема ништо да се превземе. Девојчињата нема да одат во малолетнички затвор за деликвентско однесување. Ќе добијат само кривична пријава нивните родители и никому ништо во нашава држава. Македонија дно дна
Ако веќе била решена да тепа што не отишла дечко и да го натепа. Од оваа постапка се гледа колку неваспитање има.
Строго го осудувам настанот и жалам за натепаното девојче, се надевам побрзо да се стабилизра и да го надмини ова што и се случува (што стана вест во цела држава; бидејќи и порано имало вакви случки, ама не се дознаваа како сега). Иначе, како што реков, и порано имало тепачки (повеќе измеѓу машки), ќе се тепаа, па следниот ден заедно фудбал играа. Растевме на улица, слободни, се каравме и смирувавме, никој од родителите не ни се мешаше. Но, она што го имам забележано е дека постоело насилство и пред родителите и пред наставниците и никој не реагирал. Шамар и залепи еден ученик на една ученичка (школски мои) и наставничката се насмеа и не изреагира. Исто и пред родители сум гледала насилство, а родителите со прст не мрднувале. Напротив, родителите дури и ги учат децата на насилство: ајде удри го чичо, дај и бокс на тета, удри го кучето, мачето...И после децата од мали маваат. Мене еден куп деца од новиве генерации ме имаат измавано. Кај се најдам со мали деца, се нешто ќе те треснат, искубат, турнат. Порано дечињата не се однесуваа така. Овие се нешто незадоволни, размазени, насилни, ем родителите си ќутат, нив се тоа им е дури и смешно. После, на 15 години сите со “дечко за сериозно“, или девојка за сериозно. Цигари, алкохол, што не. И ќе се тепаат, секако, кога прават нешто надвор за нивната возраст, прашање е кога ќе излези белјата на видик. Ние порано се каравме за жмурка дали ѕиркал тој што мижел и слични детски работи.
Додека учев средно, имаше страшна тепачка. Работата дојде до употреба на ножеви. Директорот тогашен на телевизија изјави - Тоа е детска игра. Ученичките доаѓаа од дисфункционални семејства.
И каква е завршницата на оваа катастрофа? Ги исклучија од школо ? Класните раководители добија отказ? Директорот даде оставка?. На безвредните родители им отидоа од социјално ? Им го одзедоа правото на родител ? Прашувам бидејки во нормална држава вакви мерки ке се преземаа !
Еве јас што сеуште сум млада 32год ке кажам оти мојата генерација беше со поголема почит и спрема родителите и спрема учители/професори.Секако дека еден двајца во одд/клас,секаде и секогаш имало бунтовни.Но ова денес што се случува......Дедоми невееувам дека ме лажел кога кажувал дека непослушните деца ги казнувале да седат во кош со колениците врз ориз или грав(за да ги болело),цел час.Или ги терале да ги стокмат прстите и ги фрскале со стапче по рацете.Слични случки ми кажувале повекето постари.И не мислам оти ме ме лажеле,бидејки бев мирна ученичка,дури и повлечена.Не ги оправдувам ваквите казни,што ги напипав,но НЕКАКВИ треба да применуваат професорите.Денес како прво родителите бунт ке кренат ако им го казнат детето,затоа и има вакви случаеви како снимкава.Знам за еден многу добар професор(ми предаваше) кој стварно се трудеше да ти објасни и да те научи.Не ставаше оцени на лепе очи,сакаше да те натера да учиш.Му го расцвета носот еден РОДИТЕЛ замисли,оти несакал двојка да му пише на синот без да одговара.И после вакви такви биле децата.....немам речи.Порано имало казни и напрсти не броеле бунтовните.Кај што нема казни,злото преовладува.Тоа и во библијата го пишува,и така и е.
https://fokus.mk/devojcheto-vo-nego...analna-prichina-javnosta-vo-shok-od-nastanot/ Најлошо е што мислам и оштета адекватна нема да му биде исплатена на натепаното девојче. Инаку, ни директор ќе се смени, ни класните раководители ќе добијат некоја санкција... Кај нас е лошо што системот ги штити насилниците. Кај нас во средно беа заштитени како бели мечки (посебно еден чиј татко поседуваше комплекс кафичи и професорчињава нормално од 7,8 единици што ќе добиеше на крај со успех добар поминуваше). Истиот тој малтретираше соученици на големо. А, се чудам премногу како во толкава маса народ едно двајца, тројца не се најдоја свесни да реагираат да ги спречат агресивните девојчиња да продолжат да ја кубат за коса. Што народ ќе бевме
Страшна работа. Не знам што е полошо. Дали физичко или психичко насилство. Не е ништо ново, за ова треба најстрога санкција. Парична казна, бркање од школо + некое време во поправен дом. Јас бев да речеме "жртва" но не допре до мене премногу, си средив сама. На систематски преглед некоја соученичка сликала без да знаеме, облечени во веш нормално... Од сите слики, мојата раширена "случајно". Замислете открив мотаајќи низ телефон кај тогашниот ми дечко... Среќа па долго се познававме. Немам зборови да опишам како се почувствував. Среќа па од далеку не ми се гледаше ликот. Отидов и изреагирав кај класната, па се среди. Апла се гледаше дека имам од оние зелените здравствени книшки. Сигурно намерно не позирам по веш додека чекам на ред за преглед на рбет. Имало и ќе има вакви случаеви, среќа па разбрани беа, сликата беше отстранета веднаш под надзор на класна. Девојката не беше казнета зошто јас не сакав. Нормално срам претрпев, не кажав дома за да не ги нервирам. Секое чудо за 3 дена. Која садисфакција е да се тепаат, да омаловажуваат, стварно не знам. Испуштени од родителски раце. Друго не знам што да кажам. Можам да замислам со какви трауми се соочува девојчето.
Имаше и кај нас такви кретени заштитени како бели мечки , а на професорите баш им беше брига , апсолутно незаентересирани ...вакво нешто не е од сега , кривицата е кај наставниците и неспособните родители што не размислувале што е вистинската суштина да се биде родител пред да склепаат деца , па затоа се размножуваат вакви кретени
Во нашава држава џабе е се!Се пропаѓа во вода Кога го гледав видеото нервите ми се искина си викам ах да сум сеа до тие две има да ги соблечам голи па со она прачено што писка кога ке го мавнеш ,па да ги маваш маваш има да молат да ги пуштиш дури има и да и се извинат на девојчето БЕЗОБРАЗНИ!Овие немат 2% култура исто како да немат родители кај се тие родители како не им е срам Двете ученички кои ја тепаа соученичката треба да одат во малолетнички затвор и таму едно 2-3 годни да поседат (6месеци без храна и без тоалет па да видите како ќе им дојде памет) Може џабе збориме тука на форумов ништо нема да биде поарно ни некој ќе биде осуден! Али треба да се крене целиот народ за да се направи нешто. И секако родителите треба строго да се казнат за ова за да запре и во др.училишта
И јас сум била мирничка, ама реално од кога заврши школото сите зборат само за колку послушни биле и колку учеле. Какви работи за во школо ми кажувале луѓе твоја генерација, што им правеле на наставниците и што се случувало на часови, работи кои јас не можам да си ги замислам. И кај нас имаше сѐ и сешто. Се степаа на сред школо две сестри близначки за дечко еднаш. Ако со секоја генерација станува сѐ полошо, замисли какви ќе бидат твоите деца. Не ти бега, знаеш?..
Дебатава е толку бесмислена... толку дефокусирачка.... оток. Ако се прашувате, оти не се решваат проблемите, еми е де.
Тоа ми беше зборот дека како оди се полошо е,а има удел и родителите како се понашаат.Кажав,бунтовништво имало одсекогаш но од времето на дедоми,моето,и сега има разлика.Штом ми ги кажувал казните дедоми,значи на некој се применувале.И немам чуство дека секој кажува колку билм мирен и учел.Јас бев мирна но не учев баш,се случувало и да препишувам.Мажот ми па што ми јажувал што правел во средно.Баш бил од оние бунтовните.Сега му е мака оти така се понашал.Но не оделе мајкаму да го бранат ако не го примаат на час,додека не се истриже(долга коса имал)Или ако се расправал со професор или нешто друго ако правел да не набројувам.
Дали сметаш дека казнувањето од времето на дедо ти е во ред, и дали ти утре би дозволила наставник да го тепа твоето дете?
Погоре на првото мислење кажав дека за тоа казнување што го напишав, не сум.Но некакво казнување треба да има,во зависност од понашањето на детето.Не сум за котек,но доколку моето дете претера во однесувањето,би дозволила и охрабрила да биде казнето.Неможе бе денешниве деца да ги командаат и родителите и професорите. Првична мерка би била разговор со родителот.
https://grid.mk/news/516660424/higienichar-pretepal-uchenik-vo-uchilishte-vo-bitola Јас би да го прокоментирала и ова, зошто и се работи за основно училиште во кое јас учев. Крајно осудувам фрлање на ѓубре, ама према мене насилството е непотребно, забрането, дури и злобно, особено од вработен во училиште. Сепак, суспендиран е скоро веднаш, ама мислам дека за напад врз дете и не е доволно. Јас лично не го познавам детето, ама го познава брат ми. Запрепастен беше. Се надевам не ја утнав баѓи темата.
Кога веќе се спомнуваат професори на темава- и тие не се тоа што треба да се. Какви професори има од понова генерација? Натегнати со хеланки , тесни фармерки, сукњи, блузи и кошули отворени, штикли до плафон, мастики во уста нашминкани и фенирани како за свадба, се натпреваруваат која е која помодерна, колкк се стручно спремни е тоа во несвест да паднеш,не знаат по пат да одат , а воспитуваат као деца... Ма немој, затоа образованието е дно, дноооо. Порано ,професорите одеа со мантили ако се сеќавате и се почитуваа за разлика од ова денес. Професорот го моли буквално ученикот за двојка да му пише, при тоа ученикот треба едно прашање само да научи по негов избор. Срамота! Има уште чуда да гледме со овој степен на свест.