Болница е, а во болница може и да се умре... современата медицина иако мошне напредна во однос на минатото, не е семоќна. Деца умираат и во други држави и болници, не само во Македонија.
Девојчето умрело од менингитис. Знаеш ли што е тоа и како воопшто се лечи? Пред да плукаме и наоѓаме виновници во здравството, треба да видиме каква била состојбата на пациентот. Докторите не се семоќни.
Рекоа дека не е познато како била третирана и претходно и ваму. И други починаа ваму во краток период. Мора да се испита персоналот.
Леле ај бе, во краток период починале 5 души. А знаете ли во краток период колку души се разболуваат. Еве, на дневно ниво? Или, за 5 дена, колку нови случаи само на канцер има регистрирано во Мкд? Па тоа се нешта кои, за жал, не се контролираат. Тоа е исто како да речам дека нешто не штима во мојот град, пошо во ЕДЕН ден починаа 5 души (се случи пред една недела тоа). Не може сѐ да се зема здраво за готово и да се купуваат политички проблеми. Исто и со Србија. Како може премиерот или претседателот да е виновен што паднало тоа? Мислам, не може он да контролира кој објект што има, како има... За тоа си одговараат тие што си се одговорни, архитекти, проектанти, работници, од кај ја знам... Ете, министер, тоа е океј. Овие само чекаат да се деси нешто за да прават протести. И не се чаталете многу дека ете, многу сложни биле. Тоа е политички протест, сакаат да ја земат власта во нивни раце, ко да тогаш сѐ ќе биде под конче. Нема да биде, само ќе се заменат улогите.
https://mk.tv21.tv/pronajdeni-tri-pochinati-litsa-vo-skopje/ https://24info.mk/се-уште-се-трага-по-жената-од-јурумлери/ имате ли инфо шо се дешава? Многу Сус
http://sitel.com.mk/barale-pari-za-...Xdqg6J5LSl_HnYmNvo_aem_tiKx6NMOHcg10LUq2SStiQ Мрзам кога сум у право за вакви работи.. говеда
Како и секогаш, си тераат мајтап со вакви случаи. Дно. И жената од Свети Николе не е најдена. Не се секогаш виновни докторите.
Мене ми личи дека овие случаи не се поврзани, како што читам сите лице се пронајдени без траги на насилство, што значи не е виновен човечки фактор за нивната смрт.. А за женава што исчезна, не знам што да кажам, да беше постара, ќе речев нешто со паметот е отидена, се изгубила, не знае како да се врати, или така нешто, вака млада жена, како што кажаа нејзините е здрава, стварно чудно е да ја снема туку така мада секогаш од дома ќе речат дека се е во ред, а само она си знаела каква и е психичката состојба, можеби имала суицидални мисли, од кај ќе знаат маж и или ќерка и за тоа..
Ако е точно во новинарскиве натписи,семејството кажало дека од видео надзорот се гледало дека жената изгледала вознемирено .Не секогаш семејството може да примети депресија ,постои и скриена депресија или наречена насмеана депресија. Друго,не понела лични документи,мобилен,новчаник,време на излегување рани зори,ова ми е црвено знаменце. Дај боже да се пронајде здрава и жива!
Некои навистина не треба луѓе да се наречат,имаше сличен случај кога сакаа да им украдат пари на семејство собрани од донации за болно дете.За вакви само доживотна казна.
Пак пукање у Чаир. На Штекли му ја дигнале куќата у ваздух. Со се него внатре. Може некој да го исели типов? Два пати го пукаат у сред мол, сеа ова. Еден ден ќе настрада некој ни крив ни дужен, а овој е ко мачка.
Епа, не е во странство. Медиумите велат дека тој е повредениот. Стварно, еј. Ради него да му е страв на човек да иде да купува кај што он се движи.