Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    14.048
    Пол:
    Машки
    Не се нормални! Првичната, погрешна информација била резултат на изјава од портпаролката на болницата! На што ли се сведоа државните институции… Наместо на народот, им служат на низа корумпирани, партиски идиоти.
     
    На Feminka22, SummerGirl, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    15.655
    Пол:
    Женски
    И тие корумпираните ги гласаше народот. Чекам ден да ги истребат, а да не се залажуваат постојано. Треба нови луѓе, скроз неповрзани со овие гнасиве.
     
    На SummerGirl, Mrs. right и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.381
    Допаѓања:
    37.524
    Пол:
    Женски
    Не знам дали имате пишувано за кучето мало што го удрил над 10 пати по глава со метална шипка или дрво, вработен на момин поток. Прежално. Сега било малку подобро.
    Во каков свет живееме чудо е и жално е. И внучиња имал. Како може да удира по глава мало куче.
     
    На Sielo❤️, Mumoftwo30, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.122
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе не знам за вас, но јас како мајка на мало бебе ме потресуваат информацииве! Што се случува со училиштата?? Замислете давење?? Немам зборови.
    Кога се случи силувањето недела дена не спиев мирно, со кого ќе го испратам утре да учи?? Го пазам, го мазам и на крај мамино синче на политичар да му направи нешто :swear:
    Многу сум потресена, немам зборови со денешниве деца.. ;(
    Убиство, силување… каде одиме луѓе?? Какви сме ние чим ни се такви децата…
     
    На Sielo❤️, azelea, LiquidLuna и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    14.158
    Има денеска на Тв 24 за детето од Велес. Треба акција, не пасивност. Пред школо сите родители, детето да се избрка. Што каде одиме? Абе народов е за лечење. Истиот тој нели фин, кроток, угнетен народ, што за ништо не е крив, ене го, тој народ врши нужда во центар на Скопје, фрла употребени кондоми, односно се секса кај музеи(ова имаше кај Видиновски, па секој што плаче за историја, наводно ни смениле историја, нокаут треба да добие). Еден од полошите народи сме во Европа, па и пошироко. Никакви навики, никаква дисциплина, никаков ред, никаква свест и совест, едно големо ништо. Ако имате дете, запишете го на карате, оти нашиве школи се бетер од воена зона, таму видовме дека тепаат, силуваат со шишиња, бодат со ножеви. Чекам сега некој срцепарателен пост од Македонци дека во Германија за 30 години ќе било лошо.
     
    На Stressed Out, Sielo❤️, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    1.734
    Како само бркање, ова родителите во затвор јавно да се објават каков монструм одгледале, а детево во психијатрска установа. Сега читам што се случило леле не можам да си дојдам при себе. Не видов никаде од вас дознав зарем настанов се крие?
     
    На azelea, Antebellum, tanjita и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    14.158
    Да сум родител на оштетеното дете, ќе ги тужам и ќе им барам отштета од илјадници евра. Затвор за родителите, одземање на родителско право, детето во поправен дом. Директор, наставници, и за нив одговорност. Некои членови овде се расфрлаат со термин „сатанисти“, за мене, нема поголема сатана од дете кое давело друго дете со намера да го убие. И тие што им е сатисфакција да силуваат малолетна девојка, исто се сатанисти, отпад, цивилизациско дно, уникатни дегенерици, а ги има такви многу, секој ден има по хроники.
     
    На christinnn, SummerGirl, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SunMar

    SunMar Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    За жал ова што се случува ни е само резултат на тоа колку генерациите ги пуштивме по вода.Еден ден силување,тепачки,булинг нов ТикТок тренд на притискање на дијафрагма до онесвестување итн..
    Плачеме кога ќе се случи нешто лошо а не се бориме за да го превенираме.Ниту законот за основно образование,ниту инспекторат ниту стручни служби,родители никој како да не сака да слушне за превенција наместо за ургенција.Немам строг закон кој дава мерки кои се ефективни,директори не пријавуваат за да не им се брои негативно,стручни служби фаќаат кривини да не работата а ние родителите најлесно ни е да им го дадеме телефонот и допуштиме се возможно,наместо да им обрнеме внимание или пак да си признаеме дека нашето дете има некаков проблем.Ова ми е мислење генерално секако дека постоја исклучоци.
     
    На azelea, SummerGirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    23.699
    Сѐ додека не ги чукнеш родителите по џеб...па не да ги чукнеш, да ги оставиш гаќи да немаат да облечат за вакви работи, ќе се случуваат и пострашни работи.
    Еве не знам, неќам да биде поаѓам од себе ама стварно ме занима како веќе размислува дете од 12-13 години. Како му доаѓа внатре да убие врсник? Оти ова е обид за убиство дефинитивно. Како малку не се плаши дека нешто лошо ќе му се случи на другиот, после и на самиот него? Децава сакани ли се од дома? Сакаат ли они некого во животот? Родителите, брат, сестра, миленичето, другар, роднина...Дали некогаш осетиле жал, емпатија према некого?
    Додуша и за родителиве истите прашања ме мачат.
    Ова се више дијагнози, не е детски глупи закачки
     
    На Stressed Out, Sielo❤️, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.907
    Пол:
    Женски
    Страшно е што се обидуваат да го прикријат ова.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Miss666 им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Како што прочитав (не знам дали е точно) овој во кома што е со години го малтретирал детето кое денес било во улога на напаѓач.
     
  12. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    4.738
    Пол:
    Женски
    Имаме. Во хуманитарни акции подфорум, петиција за животни нешто беше темата.

    На темава, како е детенцето?
    Како другите стоеле и гледале? Кои трауми ќе ги има тоа душичр, само да преживее. Тој, синот на вработен во општина треба да биде лишен од општествово. Затворен негде, да не пушта меѓу народ. Најстрога казна и за родителите и сите шо глеале и не презеле нешто.

    И што се случи со монструмите што се обиделе да силуваат дете со шише? Зошто нигде не можам да најдам информации?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    14.158
    Koга читам вака и гледам меѓу какви живеам, мислам дека овој народ, не заслужува живот во слобода и демократија, напротив, треба да се вратат Турците овдека и да им бидеме робови.
     
    На eliesaab и Miss666 им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    15.655
    Пол:
    Женски
    Не сум размислувала вака, ама во последно време дури си викам дека и турците биле луксуз за нас т.е ни нив не сме ги заслужиле. Они барем имаат некои манири спрема постарите.
     
    На Dominodancing, Amelia, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    14.158
    За друго немаме капацитет, еве толку години ич ништо не покажавме, а би биле добри робови, да не млатат секој ден и да ни наплаќаат арач. Не само Турците, еве и кога читам некои жени дошле од Филипини или од не знам каде, кажуваат дека почитуваат постари, болни, деца со посебни потреби, трудници, а вчера на вести се зборуваше за врснично насилство, па едно дете кажа дека помогнал, негови другари трепале деца со посебни потреби, тој го одбранил. Замисли како изгледаме во туѓи очи, бедно очајно, јадно, ќе видиш парталав човек, ама битно цигари пуши, ќе се качиш во такси, таксистот гледа ако може да ти дрпне плус пари, една шака народ, се тепаат секој ден како племе, па кога ќе прочитам тука на форумот демек другите требало да го следат нашиот пример, па ретардиран не треба да го следи нашиот пример.

    Слобода, демократија не заслужуваме, затоа што секоја будала тоа го злоупотребува, секој што може.
     
    На Miss666, eliesaab и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    7.371
    Па они се најзаслужни за овој менталитет и мајндсет.:DВо Словенија газела австроунгарска чизма, овде турска, има разлика.
     
    На Angie1432, Selena01 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.107
    Пол:
    Женски
    Во Чаир починала жена од како во неа удира кола управувана од 19годишна девојка. Жално и греота.

    Градов секој ден станува се пострашно и пострашно место за живеење.
     
    На azelea, SummerGirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. SunMar

    SunMar Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Многу сум навлезена во оваа тема и можам да дискутирам многу.
    Прво како родител на дете на таа возраст можам само да нафрлам неколку работи:
    1.Децата прво не знаат буквално што е нормална комуникација.Не знаат како треба да се дружат и всушност што претставува другарството.
    2.Емпатија е збор што ретко го има во нивниот мал вокабулар.Нема хуманост ,нема емпатија, има само јас имам оригинал патики што ми ги купи татко ми што чинат 20000 денари.Твоите патики се фејк и глуп си ако учиш и си одличен.Егоизмот ако може така да се нарече е на максимално ниво.
    3.Кога се оди на роденден се дреме буквално со тел. во раце и се гејма некоја игра.Симпатии детски наивни слатки не постојат.Постојат ку*** кои ќе ги плателе и се ќе ги научат пошто тато е многу јак има кеш и синот ќе биде мангупиште.
    4.Видеото игрите што ги играат без контрола.Конкретно јас ја видов GTA каде има екплицитно се од пукање,убиства бордели и чуда.Дали некој го контролира тоа? Не!
    5.Одлични деца кои сакаат да учат кои се воспитани и мирни се најчесто мета на булинг од страна на " фраерите"
    Има премногу што да се пишува на темава.Па ќе речам има исклучоци но вината јас пак ја гледам првенствено во нас родителите а потоа и во целиот систем кој трул,корумпиран и расипан.Од таквото нема иднина
     
    На azelea, SummerGirl, tanjita и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    4.738
    Пол:
    Женски
    И денес не најдов никакви вести во врска во случајов во Велес.

    Стварно ли ќе се заѕашка?!
    Онда на нас е секој нареден злочин.
     
    На Waverly Raven, SummerGirl, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    4.234
    Пол:
    Женски
    Има скромно нешто. Срам да им е на сите новинари што сигурно не смееле да зуцнат ( по мое мислење)
     
    На SummerGirl, eliesaab и Miss666 им се допаѓа ова.