Мислењево да се префрли во Нудам работа и да се додаде загарантирана европска плата, одлични услови за работа, позитивна работна атмосфера исполнета со многу возбудливи моменти
Вака кога ве читам како паѓате во несвест по Раде дека ви е убав, стварно се прашувам кои ви се тогаш грди? Знам дека е вкус во прашање и дека за тоа не се дискутира ама мене ми е како чивава (фаца) заробена во тело на пит бул (тело).
Ви текнува на свекрвата од Кратово што ќе ја воспитуваше снаата дека мажот ја тепал дека не го слушала? Еве ја гнасата, ќе барала парично обештетување! Еве да си видите: Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
Е ова се случува кога некој е константно малтретиран а институциите не му помагаат.Жалосно за неа а највеќе за дечињата. Види ја женава ситничка,ти да се бориш со двајца мажи и двајцата да ги убиеш треба во тебе да има насобрано многу бес.
Не кажува свекрвата дека откако ќе ја истепале сите снаава спиела надвор пред врата, ама пари ќе барала таа била оштетена... Се надевам дека во судница ќе го пуштат видеото со изјавата за телевизија од свекрвата па судијката да ја види поубаво што човек е.
за вакви жртви од семејно насилство што трпеле и ќутеле и веќе им дошло преку глава треба да има посебен закон или нз нешто се надевам дека жената ќе има добар адвокат како што беше случајот со Пале од Велес
Жално. Стомак ми се преврте кога ја прочитав веста. Од каде ли толкава злоба у овие луѓе? Замисли каква адреналинска сила треба да имаш да се избориш со двајца мужи. Колку треба да бидеш гндвен и лут, за да ти надојде онаква сила А оваа свркрвата затвор треба да лежи. Уште отштета бара. Абе на Голи Оток камење да преместуе по цел ден. Со години ја малтретирала заедно со нив... Какви болесни умови постојат по светот...
Кај нас во мк само навидум има институции што ги штитат жените. Не дај Боже да затропа на твоја врата, погрешка да избереш некое психопатиште за муж За оваа вест само се знае. Колку има само што е преќутувано, колку има само во моментот жени што трпат Јас на мои другарки им викам, иако сме млади, викам немој да ви текнало да се мажите со некој ако немате 100 денари у џеб. Машкиве и на сила се појаки од нас. Замисли и финансиски да има моќ над тебе. Сфаќам има машки што се срце, ама не се сите ко нив нажалост. Најмало нешто како жена што можеш да го напраиш е да си имаш свои пари на страна, без разлика дали си домаќинка или па работиш или свој бизнис имаш. Значи секад треба да имаш пари достапно у секое време. Оти ако дојде некоја ваква ситуација се спасуваш себе со се деца и не трпиш непочитување. Жално за женава. Се надевам ќе се опорави од целава случка и ќе живее лагоден живот понатаму
Она кога буквално ќе го сфатиш црниот петок и мислиш се ти е за џабе ВИДЕО: Дошле со тротинет и сакале да го ограбат Нептун, полицијата уапси двајца – пиштолот и ракавиците се уште стојат на лице место
Што е работава со детето од Аеродром што не го примаат во ниту едно училиште? ПОЛА ВЛАСТ ЌЕ ЗАСЕДАВА ЗА ТРЕТООДДЕЛЕНЕЦОТ ОД АЕРОДРОМ? Општина Центар бара институционално решение за проблематичниот ученик Едит: видов и подобро да не знаев.. Поради запишување на дете коешто соблече дете во тоалет родителите почнаа бојкот на настава во ООУ „11 Октомври“ – Скопје
Жал ми е за детево искрено. Најмногу поради тоа што веројатно има несовесни родители кои не сакаат да прифатат дека детето има психички проблеми и му треба психолог/психијатар, соодветни третмани и терапија. Отфрлањето од средината не е решение.