Не знам, можеби како и за се останато, треба да сме на улица а не на тастатура дома. https://www.slobodenpecat.mk/direkt...chenik-so-nesoodvetno-povedenie-da-uchi-tamu/
И тоа нема да функционира, мислам на протестот за ЈСП се покажа кои беа најбројни. Така и ова, ако има ќе излезат само родителите т.е баш оние граѓани кои најмногу ги засега.
ова дете од 10 години да не е по раст високо ко 15-годишно дете? Коста најверојатно не, Штекли поверојатно
За детево уште лани се пишуваше, мислам. Истото дете е што кубеше коси, ги тепал наставничките... итн. Се пишуваше дека ѕатко му е јака фаца во МВР или има партиска позадина. Во секој случај, криви се сите, од родители, преку служби во градинка, училиште, инспекторат!!!
Јас да сум на местото на наставниците кои напуштиле раб. место кога ќе му ропнам една приватна тужба за психичко малтретирање, па кога ќе почнеш од психолози, педагози, директори. Све по список. Како можеле ваков случај да остават вака. Да е за нив дали ќе седат на такво работно место. За срамота. Ако детето е со посебни потреби, а очигледно е дека е, нека си го сместат во посебна установа. Малолетен дегенерик. Имам пријателка професорка. Вели родителите ги форсираат децата со спорт, музичко, странски јазици. Децата немаат енергија за многу активности по училиште, со самото тоа немаат ниту интерес за тие работи, а на родителите им е полесно децата дома да не смараат. Случајот со родителите на ова дете е сличен. Којзнае уште каде се не оди, и тероризира уште 10 деца и професори.
Родителите ги бутаат децата секаде само за да не им се дома. Демек да им било исполнето времето... Наставниците во никој случај не се заштитени, зошто не смеат да се пожалат доколку имаат проблем со некој ученик. На родителска не смеат да кажат пример тој и тој е послаб математика, туку мора општо да кажат, на некои математика послабо им иде. Или имаме проблем со читање... Ама јас скаам да знам ако моето дете има проблем, тоа некои деца не му помага на ниедно... И нашата беше спремна да си замине, што се случи не знам па остана. Иначе беше драматично. Но овде е многу поинаква ситуација и опасна и може да прогресира. Мора да се постапи соодветно од институции, ако не ради другите деца,ради ова на кое очигледно му треба помош и лекување.
Нормално дека сето ова е точно, бидејќи уште не отидени у школо, на 5 годишна возраст родителите им гаат его. Моето прооди на 3 години, еј па да знаеш моето како читаше на 1 година. Моето е многу бистро. Па друга ќе се надоврза и така до недоглед. И кога по некоја година ќе им кажат на родителска како нивното дете не го бива за читање, одма таргет се наставниците. Што знаеш мори ти, моето е израснато со сензорна симулација со гравчиња од прв месец.
Гледав пак вести, татко кажа дека детето кршело инвентар по училница. Абе школо ли е тоа или воена зона? Весна вчера кажала дека МОН не е надлежно? Па мојот подрум сигурно не е надлежен за насилно дете и уште понасилни родители. Оставка да си поднесе и Весна, вчера кажа родителите претерале. Значи за неа е ок дете да тепа наставничка, да крши инвентар, да соблекува девојче во тоалет? Оставка од неа и одговорност за родителите. Интерпелација и за Весна. Ако има разбирање за дивјаци, нека го земе дома детето и нека му предава. Само бојкот, секаде каде има насилни деца, бојкот и крај.
Зошто бе дете од 8 години го именувате каки дегенерик? Што ве прави поразлични од неговите родители? Не е виновно детето, туку родителите и оваа заспана држава. Да беше на друго место, детето оддамна ќе беше одземено и соодветно третирано. Службите спијат, каде е ЦСР? Не смее да не оди во училиште, ама може да биде одземено од неодговорните родители.
А па дека ќе го земат од родителите и ќе го сместат во дом, детево ќе се смени.. Едноставно, некој деца во гените им е да имаат психопатско однесување, и деца на професори станале наркоси, насилници, убијци, и деца на селани станале професори, научници, примерни луѓе, некогаш не можеме да влијаеме на децата.. Сум читала неколку пати низ теми на форумов, мајки се жалат и си кажуваат дека знаат дека нивното дете лаже, дека нивното дете се закача, дека нивното дете е немирно, и тоа е разликата, имаш родител што знае дека детето му има проблем и бара решение, и имаш родител што не сака да прифати дека детето има проблем и не му помага него му одмага..
Тотално си во право. Не е криво детево, родителите му се. Татково изигравал шериф со пиштолот кај детето во школо, па што очекувате? Мајка му се заканувала. Не може од ненормални родители да излезе нормално дете. Тепало деца, учителки, директорки. Соблекло девојче во тоалет ГОЛО. Што уште треб да направи? Да потпорасне уште малку и да силува? Да убие? И не, не е решение да го шетаат по триста школи детето. Ако тоа го правело во аеродром, истото ќе го праи и у центар и во карпош и на марс да го качиме. Детето е за психијатар, му треба помош. Исто како и за него, така и за другите деца. Не е фер едно да малтретира илјада деца.
Тоа дете е премногу мало за да размислува трезвено, што гледа дома тоа и на школо прави, сигурно викаат дома како луди, се караат, може и ја тепа таткото мајката, жал ми е што ќе го кажам ова, ама на тоа дете, со нашите институции кој што немаат како да му помогнат бидејќи се тотално нефункционални, ќе заврши прво во поправен дом, па затвор, и така во затвор ќе излезе за едно дело, па ќе влезе за друго, ќе му помине животот.. Во нашата држава тоа дете нема иднина бидејќи нема кој да му помогне, а најголем кривец за неговата уништена иднина од старт се тие што го створиле.
Ист случај, потполно ист имаше во Хрватска неодамна, менуваше школи, родители не си ги пуштаа децата. За да на крај се донесе одлука да му се прави проценка на детето. За да ја избегнат побегнаа од Хрватска , се иселија. Исто ке биде и овој случај. Законите за образование и деца го штитат малиот, мора да биде во образовен систем. Да го одземат не може ако немаат доказ дека е занемарувано или малтретирано.
Секако дека родителите, системот се криви, но и детето е виновно. Растроен веројатно е, а ако е, не е за во школо. Еве кај нас доаѓаат три деца, со разведени родители, мајката и нов дечко си најде, не им се посветува, ама самите деца, имаат многу висока свест, зрелост, емотивна интелигенција, знаат што се кажува во јавност, што не, не кажуваат семејни проблеми, учат, знаат како да комунцираат со непознати итн. Не дираат никој, а се бранат ако некој ги чепка. И не брнете дете од 8 години што соблекло друго дете, тепало, кршело, сега кажаа дел од тепаните деца на психолог оделе поради него, ама дете било, брее. Дегенерик е секако. Зошто некој да тероризира некого и да биде толериран? Затоа што таква е македонската работа, од век и веков, само изговори да се бараат за се што е настрано и нездраво. Одамна требало родителите да одговараат, одамна, а и детето да се смести во институција, кога веќе се очигледно дека има психички проблеми. И треба приватни тужби кон семејството и чао, кога ќе ги соголиш, да продадат кола да ти платат оти ти тепале дете и го трауматизирале, ќе си осетат тие гадови. А Весна што им се лути на тие од УЧК од Челопек, кога е ок помочано дете да демолира школо, да тепа се живо, мислам тоа не се двојни аршини? Се.
Детево што прави такви проблеми, нели по дифолт треба да работи со психолог? А да работеа, досега проблемот немаше да постои. Нели во прошлиот систем постоеја институции за проблематични деца? Пошто ова ако не е проблематично, не знам што е.
Како родител, баш можам да разберам некој тука што го нарече детево дегенерик. Од гледна точка на девојчето што било слечено голо од проблематиков, да, и полош збор би кажала. Редно е да се дејствува. Службите да го тргнат од домашната средина, која очигледно е лоша, да му се направи проценка и да се одлучи што понатаму. Греота е едно дете да малтретира 1000.
Психологот може да работи но битна е работатата и соработката со родителите. Без проценка исто е џабе, а родителите сигурно и до сега имале упат. Можеби е болно. Можеби е жртва. Немаше институции за 10 год деца. Тие институции ги има и денес поправниот дом во Тетово и Велес мислам, ама ова дете не е за таму.