Во мое време една школска ја викнаа кај психолог откако на писмена по музичко, за некој познат композитор измислуваше биографија, дека имал временска машина, бавча и слично, а претходно девојчето доби 1 по музичко, оти таткото пие, ги малтретира и не стигнала да научи и доби 1 по 2 испрашувања за кои не беше спремна. Немаа поим дека дома трпат насилство, ама по составот со глупости, веднаш ја викнаа кај психолог. Овој претепал пола школо, мерки не преземале. И тоа школо не е на татко му, па да крши, тоа се јавни добра, платени од јавни пари. Порано ако скршиш едно стакло со топка во школо несакајќи на пример, бараа татко ти да си плати 300 денари или колку чини. Македонија се вратила во племенска заедница изгледа.
Едино школото да му обезбеди редовно психолог, ама пак тешко ќе биде ако родителите му се такви ко што се опишани. Паралелно они треба да идат, ама не очекувам дека би.
Едино школото да му обезбеди редовно психолог, ама пак тешко ќе биде ако родителите му се такви ко што се опишани. Паралелно они треба да идат, ама не очекувам дека би.
Сега се сетив дека детево е всушност истото што лани соблече соученичка во тоалет, како ли беше.. го пишуваа по порталите, дури и Весна петрушевска имаше лајф околу тоа. Има и доста пишувано во темата за насилства во училиштата. Колку што разбрав татко му е некој влијателен во мвр и затоа толкаво натегање.
До ова немаше да се случи ако наставниците се како што беа порано, вистински воспитувачи. Школо не е само образовна установа туку воспитно образовна, бар така беше порано. Сеа наставничките ги боли онаа работа за тоа што прават децата - чест да исклучоци. Во секое школо има педагог и психилог кои врска немаат зошто се таму и што им е работа. Да биле како што треба, ќе го забележале проблематичното однесување и ќе се реагирало многу порано. Дури и ако родителите не сакаат да го носат на психилог, школскиот психолог е должен да поработи со тоа дете и да види зошто и од каде потекнува проблематичното однесување. За жал, школството ни е како што ни е и ова ќе си остане така… ќе се заташка и детево утее ќе стане локален шериф/ рекетар у маало. Ист на тато
Е воспитна установа ако некој воопшто и ги есапи наставниците. Во ова општество се толку деградирани и омаловажени што никој не го вреднува нивниот труд и заложби. Кога ќе почни родителот малку од малку да ги почитува наставниците тогаш и учениците ќе го следат неговиот пример. Воспитувањето првенствено доаѓа од домот а потоа на тоа се надоврзува наставникот.
Психолог што работи во школо таа работа си ја смета за разонода, а не за нешто битно. Ако ги прочешлуваат убаво прво, нема ни да ги затекнат на своите работни места и најчесто преку школото си се вметнуваат во други ,,потребни" обуки за ментално здравје креирани од нив самите кои патем треба и да им ги платиш за да присуствуваш. Односно, школото им е само алатка која (благо речено) ја искористуваат. Всушност и тука низ форумов имаше таква тема, дали менталното здравје е пропаганда, мода и сл.(?) Пропаганда, помодарство, безобразлук.
На фб читам психолог го правда однесувањето на детево. Ај нека го стаат со нејзиното дете во исто одделение па нека збори.
Се е тоа партиски поврзано. Затоа до сега не е реагирано за детево. Родителите се бунат, службите не реагираат...
Ако наставниците не беа партиски испопикани на работните места и си ја сакаа работата, тогаш можеби некој и ќе ги есапеше. Ама (чест на исклучоци) повеќето се клати врата, земај плата. Одработуваат партиски активности и мува не ги лази. Да не зборам на кое ниво е спаднат Педагошки факултет Јасно е каков е кадарот што предава по училиштата.
Предизвици постоеле во секоја заедница. Соблекол девојче голо и бришел под со алишта, кои предизвици бе сестро? Родителите се криви ама детево го има ова однесување од градинка и има очигледен психички проблем, ни педагог ни свети педагог ќе помогне.
Незнам од каде заклучок дека детето е со аутизам.Детето било надпросечно интелигентно.Децата со аутизам можеби добиваат некогаш огромна енергија кога ќе се возбудат и маваат кога има некаков тригер,шетаат викаат.Ама ова дете прави одредени нешта со умисла.Дете со аутизам нема да сипува течен сапун по скали да паѓаат другите да ги соблака и да ги тера да чистат голи тоалет ниту сопки да им прави.
Еве нека каже дали нејзиното дете тепа и соблекува други деца, брише под со облека и мачка фекалии. И аман од тој форсиран инклузивитет за деца за кои не сме ни установиле дека имаат воопшто пречки во развој. Ова е за сериозна казна кон родителите, какво разбирање, какви бакрачи. Типкава ако е психолог ќе апелира некој да ги протресе родителите, оти подобро од нас треба да знае дека тие невидливи битки се водат и дома, а не одма аутизам бил. Ако така златна од ракав тресеш дијагнози, си утнала професија.
Детето не е со никаков аутизам, задоцнет развој или не знам која друга аномалија од когнитивен аспект, од психолошки и психички не знам ама многу е веројатно да има нешто. Исфорсирано буткање на детето во школо со типични деца не е решение. 3 години се жалеле родителите од одделение и никој, ништо не направил, па кој и да е тој грб до сега ќе попуштеше. Таткото е полицаец, дали на некој ќе му текне да го разоружа или не е тој тема на разговор, иако сега МОН изрекле мерки за зголемен родителски надзор на родителите од страна на Министерство за труд и социјала. Сега продолжен викенд, после пак бојкот.....1500 деца дома, родители се организираат да чуваат деца оти не се во целодневна.....боже сачувај...дно.
Децата со аутизам не соблекуваат други деца голи и не ги прават и другите работи што детиштето ги направило. Ако веќе претпоставува дека има нешто, подобро ќе биде да каже дека веројатно е психопатче кое треба да се лечи во институција.