Искрено не дај боже да малтретира некој вака мое дете, ако не преземаат ништо родителите, јас лично ќе превземам, тотално револтирана сум од настанов, не сакам да замислам да сум во ситуација на родителите од соучениците.
Не знам како заклучи дека женава дава дијагноза, кај го пишува тоа? Баш пошто однесувањата се многу бизарни, голема е веројатноста дека има некоја попреченост што не се третира и не се работи со него и после тоа се манифестира вака. Не се должни да страдаат сите други деца и не ни треба да се настојува да учи со нив, ама најлесно е да се отпише како психопат и да се забатали некаде. Исто како што никој не установил дали има пречки во развојот, исто така уште никој не установил ни дали родителите се за нешто да бидат казнети.
И после пак коментари зашто сме го вреѓале дегенерикот. Ова не го прави нормален човек без разлика дали родителите го воспитале или не. Колку деца се запоставени од родителите па какви се’ личности произлегуваат од нив
И родителите имаат клучна улога, и баш мислам дека не се замараат баш, а и од блиски соговорници, и надвор од школо бил таков, не може за своето дете да не се замараш во каков човек ќе прерасне утре, значи проблемот е во тебе како родител. Многу деца од лоши родители излегле превоспитани, а многу и дегенерици, сите сме различни, и не сите исто ги прифаќаме работите.
Незнам што може дете да доживувало за да стане во ова што е сега. Не е ова запоставување... од запоставување други проблеми ќе имал. Проблемот е огромен... а од што е дојдено до ова, којзнае. Детето сигурно има и некоја дијагноза, ама нешто и дома се случува што е таков... Аутизам сигурно не е, ама некоја хиперактивност адхд има сигурно, плус на тоа нешто од дома. Па во џунгла да пораснеше како Могли, вакво однесување немаше да има. Којзнае што е работата...
Работата е испуштање на конците од страна на родителите. Разгалено уште од малечко. Нема никаква попреченост,само растено во погрешна насока. Немам што да додадам повеќе.
Абе куп размазени деца има, ама ова никаде го немало. Детето сигурно од мало било хиперактивно, не се справувале со него... а не превземале ништо. Детето со таа хиперактивност растело без никакво воспитување. Тоа не е свесно уствари за своите постапки. Мое мислење, не го познавам детето, ни родителите... ама вака по возраста и постапкиве (плус коментарите), тоа е моето мислење. Многу голем проблем си имаат...
Апсолутно се сложувам со сè што кажа. Дете не може да прави вака, а сè да е супер во неговиот живот. Проблемот со ситуацијава е многу подлабински отколку што изгледа. Родителите се најкриви во целава случка. Двајца возрасни луѓе кои по своја волја донесуваат нов човек на свет кои би требало да се грижат за него. И не секогаш грижата е храна, вода, облека, антибиотик кога е болно и греење во зима. Некогаш грижата е и барање психичка помош за некој кој го сакаш. Но зафркнатото тука е, што веројатно неговите родители немаат проблем со неговото однесување, а можеби они и се побетер од него. Не знаеме какви луѓе се. Што ако се скроз забегани. А не сфаќам вие што го нарекувате детето со секакви погрдни зборови, помирно ли ќе спиете вечер? Ех бе, дете е тоа, дете на кое не знаете како му е у психа и што го довело до тоа. Сфаќам дека прави неубави работи, но ве молам зборовите чувајте си ги за возрасни луѓе кои свесно носат последици за своите неубави ствари. Ви благодарам.
Не знам каде ми е поракатаа...која вртеше и кога беше случајот за ВАЊА... Може и НАЈБИТНАТА одлука во животот е - изборот на парнерот.
Нормално, ја не филозофирам многу...секогаш кратко и во срце. Дете растено во пријатна средина и атмосфера, не верувам дека ќе го направи тоа.
И да кажеме дека се погрешен еден за друг, дека не се избрале еден со друг како што треба, иако не ги знаеме луѓево, зар ова ја одбегнува одговорноста и грижата за свое дете? Ако некој избрал погрешен животен партнер, дали треба да си го запостави сопственото дете? Друга ми беше поентата кога прашав каква врска има со темава.
Семејна психотерапија за таткото мајката и детето И ќотек на сите тројца Елај нека ми чепне мене дете па да ја виде до кај е макединија Ќотек до посер Сеа модерен свет не се тепало требало зборување У наше време на одмор појавиш ли глава од училницата го јадиш прачето Оти тогаш немаше вакви работи Сеа се галено и распрдено и олеле
Но како знаеш дека еден за друг не се добри? Може причината е сосема трета, а не некомпатибилност на родителите? Ова ваља, ако ги познаваш луѓево лично. Факт е дека нешо не ваља во животот на детето. Не знаеме што е. Но едно е сигурно, а тоа е дека родителите не направиле нешто ко што треба за детево...
Многу е за пишување и објаснување и разглибување на ситуацијата. Утре ќе ти пишам,за разлика од тебе немам сили да ти пишувам реферати и објаснувам. Инаку влијае се врз децата додека се мали,ама многу од родителите тоа го фрлаат у заборав,со зборовите "мал е" не разбира.
Во ред, те разбирам. Сфаќам дека се влијае врз дете. Но сакам да кажам, дури и да имало нешто такво, постои решение како развод или ко-родителство. Вината е опет на нив двајца, оти они се возрасни и требало да знаат подобро...