Постои,ама повеќето го одбираат тој пат кој им се гледа дека е најлесен. Пример мислејќи дека некој од партнерот ќе се промени..втор пример мислејќи дека заради децата треба да останат заедно.. еве го исходот од таквите родители..пример детево погоре за жал..
Подоле има вели совет до родителите да си ја прифатат дијагнозата и упорно спомнува потешкотии, пречки, не знае да изрази емоции. И дека ги разбира како родител на дете со аутизам. Башка вели децата учат од возрасните ама во нејзиниот пост не се проблем возрасните дома, туку тие што се плашат за нивните деца. И да, да гледаш дека детето ти е апла проблематично, а да не преземаш ништо, треба да те протресат од социјално. И ако твое дете стори некое дело каде друг страда, ти одговараш. И прилично ниско од неа да каже "мислите вашите деца се мирни, никого не малтретираат"? Какво разводнување и whataboutism тип на пристап.
дали има некаде име и презиме на родителите? ми се чини дека и татково не е баш најздрав во умот, како ли стигнал да биде на висока функција во МВР којзнае
Го кажаа името на детето само, иако го криеја неколку денови, ама се сè дознава де, мало е Скопјево. Иначе да, во МВР е нешто татково, и во неколку наврати не преземале ништо околу детето, иако биле и на состаноци повикувани. Мислам дека овој проблем трае доста долго со детево, само што поради родителиве што не превземале ништо околу детето на време, ете до каде дојде работата. Родителите се први виновници за ова што се случува во школово моментално, прво зошто не превземале ништо, а друго зошто му дозволиле на детето да оди предалеку..
па и во партија да напредуваш треба да имаат добро мислиње и да те ценат сопартијците, шо знам некако чудна ми е цела приказна. Детево 3 години ги малтретира сите соученици, замисли доаѓа до момент цело училиште,1500 ученици да бојкотираат настава(!) само поради тоа што мајката се заканувала со тужби и татко му бил јак. Да не се некои братудечи на Мијалков/Заев луѓево, други колку сака нека се јаки не би можело да се премолчи ова 3 години
Е со други зборови ви го пиша тоа што скав да го доловам со муабетот, фала ти Точно така, нема сакам неќам. Туку мон или кој и да е надлежен (сите си ја префрлаат топката) треба да наложи: или психички ќе си го средите детето, или нема да ви се школува. И не е изговор секое дете има право школство. И моето дете има право да не биде мочано, тепано, малтретирано во школо па не гледам дека нешто се презема за тоа. Тоа сто посто. Пошо тато си го носи дома тој од работа и сигурно на маса го чува. Ова може да биде утре и Кецман 2
за ваквите проблематични деца треба мислам да одат како поправен дом а на родителите парична казна и кривични, се додека не се удри по џебот на ваквите родители џабе е се
Оф топик... Ама, штом Грујо и Зајко беа на чело на најголемите партии во МК, јасно е каков е критериумот на истите
https://sitel.com.mk/prekina-bojkotot-vo-ou-lazo-angelovski За постапките на детето виновни се родителите. Тие деца потекнуваат од дисфункционални семејства. Прво треба стручна служба да поработи со него. Во таа состојба не смее да се врати во редовна настава. Сега е соблекување на девојче, следен пат ќе биде нешто полошо. Тоа што го кажа министерката е
до крај на полугодие секако. Но нема да ме чуди многу, ако после зимски распуст, пробаат да вратат се по старо
Поентата ми беше дека премногу изигравате социјални работници и психолози. Никој тука не знае што точно се случувало со детево и дали има ментално растројство, дали нема, дали има попреченост, дали нема, дали го малтретирале дома или не за да се доведе до оваа точка и баш затоа повеќето од коментариве се без навреда ама - глупи. Никогаш не е само еден фактор во игра. Единствено што е објективно да се посочи е тоа што државата нема и никогаш немала ефективни начини да се справи со вакви случаи и секогаш "решението" се сведувало на префрлање на друго место. Ваљда ќе направат нешто суштинско сега, штом ситуацијава доби волкаво внимание.