Па вреѓате дете кое очигледно е жртва на сопствените родители. Сте се запрашале зошто вака се однесува? Дегенерик, монструм… и сите вие растете деца. Не ве прави ништо поразлични од неговите родители. И после Коста, за жал на Балканот нема ништо да се смени. Коста молел за помош, моли и детево, ама кој да сфати.
Прошол возот он више е напраен монструм, социопат се станува у рана возраст, ради генетска предиспозиција плус дисфункционален семеен амбиент.
И други деца се жртви на сопствените родители, но не соблекуваат соученички голи и не прават ред други работи што ова ги направило.
Детето е психички пореметено, гарантирам. Нема шанси здраво дете така да се однесува. Па месец дена ќе му биде интересно да малтретира луѓе, па после ќе му здосади, а не па 3 години. Сигурно му е укажувано, сигурно деца плачат од него, свесен е за околината. Воопшто не ми е жал за детето, родителите ако му се насилници, не значи дека треба и тоа да биде насилно. Врзи го таму, давај му храна еднаш дневно, дур не се смири. Или убаво рекоа, префрлете го во Чаир, па нека проба така да направи, и он и татко му. Детето треба да добие посебна грижа, и подитно да биде татко му затворен. Ама не верувам дека ќе се среди ситуацијата, ќе се заташка и ова, ќе испаднат соучениците криви на крај. Јас да сум родител, моето дете нема да го пуштам да учи во таква средина. Или ќе го префрлам, или ќе седи дома.
Па не се. Некоја жртва ќе стане насилник пошо на тоа е навикната, друга ќе стане уште поголема жртва, трета ќе стане поцврста и нема да дозволува пак да стане жртва, итн. Не се сите луѓе исти и не трпат исто. Детево некој така го има научено, меѓутоа е тек 3то одд., и те како може да се одучи.
И Коста што давал знакови можда и би можело да се спречи да немаше пиштол на дофат но штетата на неговата личност е направена у рана возраст, другото све се тригер фактори. Слушав еден психолог смета дека Коста е малиген нарцис, бтв и Хитлер бил малиген нарцис чисто за компарација.. А дека може такво однесување да се смени со разговор искр мислам дека е глупост, очигледно е дека детето нема ни емпатија, ни срам, ни одговорност букв штетата е направена.
Мене не ми е гајле зошто тоа дете така се однесува. Ама ич. Си има социални служби тоа да го мислат и да го бараат проблемот. Доколку мое дете би имало проблем со вакво тогаш најлошото од мене би излегло на површина.
Најлошо ќе биде ако сега со крај на прво полугодие па и за време на распуст, не направат детална проценка на детето и состојбата дома. Дадена е препорака да се направи задолжителен преглед во Завод за ментално здравје. Со оглед на обемот и сериозноста на овој случај не може да се направи проценка со по 15 минути муабет со психолог, психијатар, треба системско посматрање во природна средина кај што нема да знае дека е на посматрање и без присуство на родител. Да видиме дали ќе даде некој стручњак документ дека детето не е насилно и може да седи на настава со другите деца, тоа е условот од совет на родители. Што се однесува на родителите, дадена е мерка за нив зголемен родителски надзор од страна на Мин за труд и социјала, а тоа нешто требаше да биде прво нешто уште после случајот со девојчето во тоалет. Секогаш почнуваат од крај и лечат резултати, а не спречуваат симптоми.
А кој каде напиша дека детето може да се смени со разговор? Убаво пишав дека не знаете што пишувате, уште помалку па се трудите да разберете што другите пишуваат. Треба свесност за вакви случаи, да се обрати внимание на овие деца. Тоа внимание значи да се дијагностицира соодветно и да се работи со него, а не да го баталиш пошто мислиш дека готово толку е со него. Тоа дете ќе порасне во возрасен човек што ќе треба да постои во општеството, како мислите да се реинтегрира понатаму? Сега ќе се изолира, а што ќе се случува со него и неговата средина(каде постојат и други луѓе) за 5, 10 години? И не, не е ова единствено вакво дете.
Ако е агресивно, без разлика која е причината, јас свое дете не би оставила секојдневно во негова близина.
Човек што го знае, новинар од МРТ имаше пишано дека за една година искршил нос на некое дете, други деца имале модрици од него и ред други работи пишуваше, како малтретирал наставнички и тоа само за една година. Ако толку ви е жал и сте емпати за насилници што треба да се лечат, земете ги дома, учете ги вие, што има некој да се замара со него. Некако многу правдате бе ненормални појави, па оправдувања и за тој психото Коста, на секој деген ли ќе му береме гајле, ако нив им береме гајле, такви има многу. Зошто не се гонети родителите досега, си има дело, запуштање и малтретирање на малолетно дете и зошто никој од тепаните не тужел за отштета за нанесена телесна повреда? Затоа што нема закон. Кој што сака си прави. Замислете го тоа дете за 5 години во што ќе прерасне или за 10? Какви штети би имало од тоа негово насилно однесување. Си има луѓе што земаат плата да санираат такви и да ги остранат од школо, што има некоја мајка на форум да добива етикети, го нарекла дегенерик? Да, дегенерик е.
Ама, како да го земат дома? Ќе им ги соблекува нивните деца, ќе ги тепа и ќе им го крши мебелот. За нивните деца (ќе) ги боли, за туѓите деца не им е гајле.
Да беше дете од ромска националност, или од "обични" смртници од работничка класа, до сега ќе се превземеа мерки. Некој стои зад родителите, и стварно не ми е јасно зошто ова толку долго го дозволувало училиштето, па и градинката претходно. Детево или е крајно запуштено од родителите или секојдневно гледа насилство дома. Не знам, друго не ми паѓа на памет да го објаснам ова. А за тоа какви родители има, се и сешто се имам изнаслушано. Ги жалам сите што работат во образование. Ова денес е се, само не образовен систем.
Прва тепачка, укор, втора укор, трето, црвен картон, бркање од школо, нека си остане неписмен, нека земе осмо во вечерно и чао. Исклучен комплет од системот, од општеството. Училиштата се мачилиште, бетер од затвор, бетер од воена зона. Воено заробеништво може да заврши за 1 година, две, ова дете три години тепа деца. И да, да беше Ромче, одамна ќе го исфрлеа од школо. Оваа држава си има посебни закони и аршини за секој граѓанин, земја членка на НАТО, кандидат за ЕУ. Ако лани соблекол девојче, а не можел да силува, за некоја година ќе влезе во пубертет и ќе напаѓа женски. А браво за слогата на бојкотирачите. Вака требаше и во Ѓорче, тие што сака да силуваат дете со шише, да се исфрлат и никаде никој да не ги прима.
Некои луѓе никогаш не требало да станат родители. Доаѓал со пиштол во училиште, а таа се заканувала со тужби. Тие не се семејство, тие дома имаат санаториум. Сите заслужуваат втора шанса. Но, со такви родители, осудено е детето на пропаст. На крајот, на нив по дома им е. Се што не превземаат сега, да им се удри од глава кога идниот монструм ќе порасне. Со оглед дека како македонци за се си ќутиме и се пикаме по дупки, очигледно на родителите на другите деца им е до курац отидено. Се извинувам за пцовките.
Па тогаш да ги напаѓаме неговите родители, а не тие што неќат нивните деца да бидат малтретирани како што прави "психологов". А и тие не биле најсјајни. Да им било гајле, до денес сами ќе ги прошле сите стручни лица во државава наместо да оставаат други недолжни да трпат.
Па напаѓајте ги родителите, службите, школото кои досега не презеле апсолутно ништо. Детето има проблем. Кој знае во какви услови живее, во каква средина расте. Ама не, полесно е да кажеме дека е дегенерик и да плукаме. Вие имате сериозен проблем штом проблемот го гледате во детето. Ако не да го обесат на плоштад а? Не можам ни да ве читам.