Леле не шири дезинформации каква крв. Ракавици се тоа. Инаку зошто фамилијата го вади телото? Нели има екипи обучени за тоа? Не сакам да замислам кои кошмари ќе ги имаат после ова ако се навистина фамилијата.
Кај ќерката што споделуваше тргнати се. За други нз. Отворив зошто прочитав за телото најдено во вардар па ме интересираше дали е она. Во секој случај, ако е она нека и е лесна земјата, жално
Двете ќерки уште имаат постови третата мислам немаше воопшто.Ако бираме меѓу две зла ова е помалото,барем ќе знаат каде и е телото и да се простат со неа.И тоа не е живот да не знаеш дали е жива или мртва.
Јас гледав кај едната ќерка која од старт објавуваше, Мартина се вика, од вчера веќе се е избришано во врска со потрагата. Во право си, вака бар имаш некој closure
Како и да е жално млада жена.Менталното здравје некако не го негуваме и се повеќе самоубиства има.Навидум среќен живот а уствари не е така,барем во нејзината психа.
Потврдено е, пронајдена е почината Лидија, сочуство до семејството, и да се застрамат сите кои шпекулираа и изнесуваа невистини
Нека почива во мир. Се зачудив од коментарот на брат и, на еден од постовите за тажната вест, дека нема да застане се додека не ја дознае целата вистина… Воедно, во интервју неодамна, тој изјави дека се сомнева на инволвираност на други лица во нејзиното исчезнување…
Што и како се случило, за жал никогаш нема да се дознае, само она си знае, нека и е светол патот кон бесконечноста.. Јас мислам дека се работи за прикриена депресија и самоубиство, не ми личи дека некој друг е вмешан, секако семејството ќе мисли дека не е она крива, дека некој трет е вмешан, ама па од друга страна ние сме такво опшеството во кое најголем дел од луѓето мислат дека депресија, анксиозност, итн се непостоечки болести..
Ние не го нападнавме за информацијата дека имала нешто со некого,него тврдеше дека двете жени се живи.Не е логично да ја пронашла полицијата а она да стои уште во исчезнати лица.
Компир рече дека другар полицаец му рекол дека двете исчезнати се живи. Но, денес дознавме дека едната е почината. Го нападнавме заради предвремено истрчување со гласини.
Сепак е Лидија... не е ниту прва, за жал ниту последна, но овој случај премногу ме потресе, а луѓево не ги знам, немам поима кои се. Ти се чини дека годинава измината баш и' била среќна, се радувала на внучиња, свадба на едната ќерка, таа бремена, кола за најмалата... општо, нормален еден живот... Мене ми е прежално сето ова, прежално.
Уште едно дете почина на Клиниката за Детски Болести во Скопје. До кога ќе им молчиме? https://sitel.com.mk/devetgodishno-dete-pochina-na-detskata-klinika-vo-skopje
Со вака формулирани наслов и содржина, веќе јасно е дека статииве се креирани за предизвикување тензија. Секако, веднаш се алудира на лекарска грешка од народот, иако нема доволно детали за состојбата на детето.
Па да одзимаа лиценци на тие што докажано грешеле, немаше да сме вакви скептични. Кај она едното бебе што не го примале па го примија на Козле нели се увиде дека било грешка и уште работат истите таму
На тоа и ќе остане, на нешто намалена плата, или само бркање од работа, веч видено. Онкологија да не ја решија случајно?