На Клиниката имаше повеќе смртни случаи. Некои и во краток период еден по друг. Не може да не се сомневаме дека некои доктори направиле грешки.
На што ќе остане не знам, бидејќи истрагата е сѐ уште во тек. Онкологија ќе се реши во моментот кога ќе се разврзе политичкото клопче во државава. Дотогаш, ќе си ги гласаат. Во ред е да постои сомнеж и јас се сомневам како и сите други. Меѓутоа да си цврсто убеден дека се работи за лекарска грешка и ништо друго, врз основа на трошка факти и рекла-казала муабети е поразително. Многу ретко се согледуваат двете страни на проблемот, ама најлесно е да впериш прст во некого и да урлаш.
Јас не мислам само на работата на докторите, но тоа мора да се испита детално. А, како народ треба да излеземе и да се побуниме и за ова и за непреземањето на поголеми мерки од власта. Некои некаде згрешиле. Та медицинскиот персонал, та министерот за здравство. Инаку немаше да има волку смртни исходи. Мора да се побара одговорност.
Таа клиника подобро и да не постои. Сите градови во државава што немаат болница, треба да го изгубат статусот град. Не може населено место без основни услови за живот, како здравствена заштита, да има статус на град. И во големите градови тие болници се дискутабилни. И тука еден знак прашалник. Има и други мали земји, со мали градови, со по 10.000 жители, ама имаат болници, имаат родилиште, што секако е многу важно.
Ако пресметаме колку луѓе починале поради крадење лекови од Онкологија и продавање на Косово, ако земеме предвид колку луѓе починале од лекарски грешки, а за некои нема ни да дознаеме, ниту некаде ќе се објави, ние сме си направиле геноцид самите на себеси. Не секој се осудува и има докази да објави дека има штета по здравјето поради лекарска грешка, се објавува кога има смртен исход. А тие што продаваа лекови на Косово, тие се полоши и од терористите од косовски УЧК. Тешки злосторници, криминалци. Генот не го пере ништо, таков ген, да измами, да зезне некој, демек се снашле, да украде. Сатанисти е мал збор за таквите. А штети од загаден воздух како спонтани абортуси, стерилитет, раѓање на деца со аномалии и слично, тоа е плус катастрофа. И тука си правиме геноцид. П.С. Во Охрид имаше случај, гледав на Тв, на еден човек и жена му и ќерка му починале од лекарска негрижа. И зошто СЗО им молчи и ги толерира нашиве власти? Треба да преземат мерки.
Точно е, за жал. Народот пак докторите криви ги најде, требало мајката на сила да се држи во болницата. Кога ќе дојдат избори, сите овие случувања, магично како да се забораваат.
Викнале дома брза помош, едното било починато, другото во многу лоша состојба е пренесено во болница и починало. Станува збор за социјално загрозено семејство, па и социјални служби се известени. Само оти не регирале при живи деца не знам, треба трагедија да се случи па да "дознаат"...
Majката и таткото невработени, дедото повремено работел, земале детски додаток, и додаток за трето дете, а ова на младата жена и била четврта рожба. Хигиената била лоша, храна имало, ама оган бил запален, е вака кажаа социјалните работници и државата не можела ништо да направи. Оган имало ама откако децата починале, социјалните работници биле во посета, а родителите биле во институции. Дедото запалил оган. Добро, како не е крива државата? Луѓе што немаат услови ни за себе, имаат неколку деца. Како мајката одлучува кога ќе си оди дома со толку мали деца, родени предвреме? Па мајката е над законот, над лекарите? Да се направи една контрола, пола деца во државата живеат во нехумани услови. Како државата не е крива? Е крива и свеста на населението е на прениско ниво.
Каме, не читам само наслови. Следам вести. Повеќе смртни исходи на исто место не може да се случајност. Да, не е секој случај лекарска грешка, но во некој е. Секоја клиника треба да се провери. Надлежните мора да испитаат и да ги казнат оние кои згрешиле. Па и самиот министер нека си даде оставка ако не му се работи. Но, бидејќи надлежните не се замараат за тоа, ние како народ мора еднаш да се решиме и да им излеземе на улиците масовно. Денешниов случај со бебињата е друго. Грешката е на родителите. Ако немале пари за толку деца, не требало ни да ги прават.
2 работи грешиш. Прво, лекарска грешка најтешко се докажува, а посебно е тешко кога и докторите со многу врзани раце работат, ама тоа е цела друга тема. Лекарска грешка е кај Веапоска на пример, но кој ќе застане зад сето тоа, кога сите пациенти учествувале во нелегалното работење свесно. А и во случајов не се родителите криви, освен пари постои нешто што се вика психички проблем, криви се социјалните служби што мува не ги лази за овие семејства. Да ме плукнеш ако кога се родиле бебињава болницата ги известила или самоиницијативно пошле кај семејството.
Членов е најверојатно некое медицинско лице и мора да ги брани, ти најде да му кажуваш за протести и смртни исходи, ќе се родат други деца де хехехе, докторите никако не се криви, нив ги интересира здравјето на луѓето, не треба да сме неблагодарни, секогаш се наоѓа термин и лекар, без проблем, лекови има за се, макар и кога нема потреба, како беше не знам, од пациент се зимаше процент нешто исто и од препишани лекови А за смртни исходи, не се одговара, се случило де па и Вие...
@CameliaMiller Епа, дека е тешко да се докаже баш е додатна причина да бараме промени. Не може да се стои во место и да се дозволува да продолжат умирањата.