Докторите не се Господ. Бебињата биле однесени (едното починато) во тешка здравствена ситуација. 9 годишното дете исто така во тешка здравствена ситуација, со засегната свест. Кој е крив тука? Треба психолошки тест да се прави пред да се дозволи на некој да има дете. Толку. Дека здравството ни е катастрофа, не е невистина. Дека нашето државно здравство е поефикасно од многу појаки држави од нашата е вистина. Кој не мрднал од државичката ни, не знае, па галами.
Никој не рече дека се господ, друго не е само овој случај, јас општо кажав, до вчера сите се жалите како здравството не го бива а сега браните доктори и недај боже да бидете на живот или смрт оставени и да ви кажат ако имате врски идете државно пошто приватно е скапо, срамота!
Службите тврдат семејството не било во социјален ризик. Како не е, кога се татко, мајка, дедо, три деца, плус близнаците, значи 8 члена, а ниту еден вработен, или примател на пензија. Како тоа не е социјален ризик? Ќе ги советувале родителите. Па кој ќе лежи затвор за 2 починати бебиња? Како ќе ги советуваат? Најмалото дете пред близнаците има 1.5 години, значи брзо по негово раѓање, жената пак останала трудна. Зошто не ги нудат таквите луѓе во ризик, ако немаат услови за деца, а сигурно немаат пари ни за абортус, да им се дадат гратис контрацептиви, да им се стави спирала, подврзување на јајници. Умреле деца и ќе ги советуваат. А одговорност? Каква неодговорност од институциите. Дај кажете кои се тие земји со полошо здравство од македонското, зар и такви има. Да не е Зимбабве?
Полека, не рипај како прле пред магаре. И ако веќе мене ме цитираш не ми персирај пошто не ти е во контекст на стилот на пишување, културни персираат. Сум била јас и во ситуација кога во прашање ми бил и животот, мене, и на моето бебе. Ама тоа сега не е тема на дискусија. Никого не бранам, само кажувам дека понекогаш не зависи од докторите, туку срамота за родителите што дозволиле децата да дојдат до таква ситуација. Во Германија на пример, лечат деца со свеж воздух, нема таму антибитик кога ќе ти прдне. Знаеш колку смртни случаи на деца има таму на дневно ниво? Не знаеш. А сигурна сум дека плускавец ако ти излезе прва трчаш на доктор да ти препише маст да не те боли П.С недај се пишува одделно "не дај".
Многу пишуваш, малце кажуваш, не ти персирам ама изгледа не правиш разлика, друго на форум не се учи правопис, јас културно цитирам, а не како тебе, со твојот начин, не би да се спуштам на исто ниво понатаму.
Јас живеев во Лондон 5г, можам да кажам дека од здравството тука сум презадоволна и искрено сите вие кои не знаете како лечат во странство, џабе зборите. И маж ми и детето се со дијагноза за која тука добивме и те како брзо реагирање, a во странство на бебето состојбата се влоши од чекање термин. Не дека нема полош здравствен систем од нашиот, има секако, ама и не е толку лош и не е мед и млеко во Европа. Како и да лекарски грешки постојат секаде, може дека сме мала земја се приметува вака ударно, верувам дека во секој болница секојдневно умираат пациенти. Ако децата биле донесени кога веќе ништо не може да се направи, тоа не е лекарска грешка. Докторите не се богови. Први на удар треба да се социјалните служби кои ништо не работат, а не докторите. И пре да речете нешто, немам ниту еден доктор во фамилија освен мед. сестра која работи во приватна клиника и не ги бранам оти сум една од нив.
Точно здравството во Британија е катастрофа. Ехо на јајници те гледа сестра, па се доставува снимката кај доктор кој ги гледа снимките по одредено време па донесуваат заклучок и по две недели и повеќе те викаат за резултати. За едно ехо на јајници. Толку за нив.
Па секаде е државното "катастрофа", ни во славната Америка што ја воспеваат со непостоечки државен солидарен фонд, лекарски грешки не можат да докажат. И кога можат, не идат по затвори, зад затворени врати оштети им плаќаат и ај со здравје. Туку само да се скокало за сè и сешто, кај што немало помош ќе драматизираме, ама утре пак ќе отидеме со пари и поклони кај лекарот. Сите кои учествуваат во ова се дел од проблемот на нашето здравство и нашата држава во целост. Ако ти бараат мито, смени доктор што не бара. Ако има дома нерегистрирана ординација - не оди. Ако те третира како говедо пријави. Ќе одиме да протестираме, ќе се будиме, ама за што? И тие двајца без тројца кои останаа во здравствово (не само лекари, ни сестри за лек нема, ни болничари, ни хигиеничари) да ги избркаме. Против тие против кои треба да се протестира ништо не правиме и го храниме проблемот.
За близнаците не е само до болницата. Биле гладни и премзнати. Пак ќе кажам ЗОШТО ПРАВИТЕ ДЕЦА АКО НЕМАТЕ УСЛОВИ? Не ли им е жал бе. Чувајте ги гладни и боси, па молете Бога после
Државата е крива што не им ги зема децата. Социјалната служба каде е, во зимски сон? Факт е дека во нашава држава ништо нормално не функционира, еве гледаме, ама не мора на секоја статија да се бара одговорност од докторите. Знаете дека еден куп луѓе умираат на дневно ниво, особено по болници? Побогу болница е, логично и нормално дека ќе умираат луѓе а докторите не се волшебници.
Епа кога не најде обезбедување за 3.000€ да го брани, ете ќе го уапсат. Како е насмеан на сликава, како да го ослободил Рим.
Каква е таа полициска униформа со такво капче нема кај нас. Плус на другиот полицаец натписот му е на латиница, polizia. Сликата според мене е фотомонтажа.