Таткото вика дека детето му било здраво, дека немало ништо предходно, од Министерство за здравство викаат дека немало лекарска грешка.. Не сфаќам како може да почине дете од ич ништо? За Јана кажаа дека девојчето починало од инфаркт што го предизвика пневмонија по прележан Ковид 19, ама сега? Пак и сега Ковид ли ќе биде виновен? https://fokus.mk/denta-pred-da-poch...-bolno-veli-tatkoto-na-aleks-od-sveti-nikole/
Некој поупатен нека ми кажи, како функционира центарот за социјална заштита во вакви ситуации? Дали сами по пријава постапува, излегува на терен да ја утврди фактичката состојба? Во фамилијава имало веќе деца… Се прават редовни посети од социјални работници доколку земаат социјална помош? Многу работи не ми се јасни, односно како би се спречила настанатава ситуација..?
Требало од болницата кога виделе дека мајката не е добра психички да викнат социјален работник за да поразговара со мајката и одма од кога ги земале децата да дојдат и да видат во какви услови ќе се чуваат тие деца.. А не да и дадат дококумент да потпише на психички нестабилна жена дека си ги зема децата со помалку од 2кг, и да ја испратат да си оди, само колку да ја тргнат од глава.. Требало прво и основно болницата да реагира до ЦСР, па од таму после да си тераат процедура, многу се надлежни они, само уживаат да се прават ненадлежни, можеле да им ги земат децата, можеле бебињата да направат да не им ги дадат во болница, се можеле да направат, ама не се замараат.. Иначе колега ми кажа дека кај него после месец ипол од кога му се родил син му дошла патронажна сестра да ги провери, значи одат по дома, ама не секаде.
Нека ги стават сите у една ќелија па подобриот нека победи. И другарчињата на Раде почнале да ги собираат за на модна ревија. Одземен телефон на висок полициски службеник – Одавал информации на нарко кланови?
Функционира како ќе им прдне на нив, така. Ако сакаат ќе излезат, ако сакаат ќе работат, ако не сакаат нема. Еве во мојот град на пример, социјалното ништо не работи, кај никој немат отидено дома од тие шо земаат социјално. За деца не ги интерисира, викаат шо ќе му правиме ние на тоа дете. Во Мк си оставен на милост и немилост. Или ќе газеш или ќе бидеш згазен, трето нема. Не очекувај помош оти никој нема да дојде да ти помогне.
И мене нешто не ми е јасно. Гледав некоја емисија за бездомници, таа од центарот за бездомници вика- имаме бездомно дете, родено од двајца бездомници. Добро, у кој свет тоа постои.
Во зградата кај што живеам, над мене станот пред неколку години имаше пожар и заврши со несреќен случај. Не знам како бил поттикнат, не кажаа конкретно. Нешто банално кажаа, као штекерот сам се запалил. Сега горе е како Ареа 51. Тропаат, се дерат, пукаат петарди во станот, се дрогираат и што уште не. Пријавени се неколку пати од другите станари од зградата до нас и некои од најдолните станари, ама ништо од полицијата. Изгледа живее некој дилер, па заштитен е како бела мечка. Што би можел да направам за да смирам ситуација? Ако јас го пријавам, ќе знае дека сум јас. Не се издржува повеќе...
Нормално дека родителите ќе бидат во denial и ќе имаат одреден револт кога имаат починато дете и баш поради тоа, плус фактот што не се медицински лица не може зборот да им се земе здраво за готово. Никој не може од ништо да почине, фала Богу, си има причина зошто и како. Што очекувате, цела медицинска историја да ја објават јавно? Само зашто не е објавен секој детал не значи дека јавноста треба да ги пополнува тие празнини со сопствени теории. Јас им посакувам да најдат правда ако стварно имало грешка, ама веќе се претера со користење на сите случаи за сензационалистички наслови од страна на медиумите.
Пошто не се медицински лица, не може да се земе здраво за готово? Ако детето било комуникабилно пред медицинска интервенција, а после не било- родителот е не релевантен, пошто не е медицинско лице?
Јас незнам и како туку така кај матични ставаат инфузии... Како што памтам и со Јана истото беше, влошување по примена инфузија...
Јас не ни знаев дека матичен лекар смее да стави инфузија, мене никогаш не ми ставил матичен лекар инфузија, секогаш ме праќале на Клиника..
Не може да им се земе зборот здраво за готово пошто не се мед. лица?? Па зарем останатите родители кои немаат допир со медицина не се информирани и свесни за здравјето на СОПСТВЕНОТО дете? Иста ситуација беше и со 7 месечното бебе кога директорот на детска изјави дека имало "некаков си синдром", НЕпроверена и на крај испадна НЕточна информација, ова може да се земе здраво за готово дека нели од мед.лице е? Точно дека лекарите не се богови и не секогаш можат да спасат живот (дај боже да можеа), ама во неколку месеци толку починати деца па и не е тема за игнорирање.. во најмала рака бар нека има фер истрага и нека не се раасфрлаат со предвремени изјави "релевантни" личности.
Па и не се дава таа туку така. Се научиле дај инфузијата одма. При губење на течности, висока темп, повраќање, пролив итн.. се додека не е дојдено до дехидрација, се препорачува внесување на течности и електролити. Крвна слика сигурно не направила таа докторка, а дала инфузија.. бар така пишува, кај матичен отишле и тој не бил тука и го примила друга докторка која дала инфузија... Незнам може некаде го практикуваат ова, ама мене не ми е нормално. Сум видела и возрасни дури, едно инфузииче да се дигнеле побрзо....
Имаше и друг случај ваков мислам, после дадена инфузија се случи истото. Нешто со гликозата во крвта беше поврзано, ама не можам да се сетам добро.
Ве молам, индикациите и дијагнозите да ги оставите на медицинските лица да ги одредат. Жалосно е, кога лаици дека “знаат” повеќе од општи лекари и специјалисти за здравјето на пациентите. За жал, тоа е така, кога се прибираат информации од статии напишани од полу-писмени новинари желни за шо повеќе кликови и страв меѓу народот. Не велам дека и лекарите се безгрешни, меѓутоа наместо ударни вести треба да се обрне внимание на соодветна здравствена едукација на народот. Многумина дома изиграваат лекари, се додека не дојди нож до коска, па потоа лекарите се криви кога ќе настани смрт. Електролити се мисловна именка за многумина за жал. Имам пациенти шо не знаат температура како се мери или шо чекаат “да им помине”, а не забележуваат дека не им е добро повеќе од една недела.
Не, не реков дека родителот е нерелавантен. Тоа што сакав да го кажам е дека во ваква ситуација е очекувано секој родител да каже здраво беше детето, наеднаш од ништо почина или нешто слично во тој контекст. Тоа не значи дека е стварно така, и сигурно не е, па баш заради тоа не треба да се користат овие изјави кои нормални се преполни со емоција за да се дава суд и да се носат заклучоци.
Дете може да е сосема здраво, и од пневмонија и ниска сатурација да почине, да многу е жално, бев оддамна сведок на таков настан. Не значи дека докторите се секогаш виновни, а и не се Господ за секогаш да спасат, некогаш се немоќни верувајте, се прават грешки ама тука во овој случај се работи за нешто друго, пишува и дека цревна инфекција имало, почнало и да повраќа поради тоа, не ја знаеме цела историја за да осудиме некого. Плус пишува дека детето било донесено во безсознание или сомноленција. Секако е прежално сето ова.