Идиотов возел 130км/ч на Партизанска СТО И ТРИЕСЕТ НА САААТ Алооооооо цел живот да не излезиш, кај се вози бе 130 на прометен булевар улица, ах бе со кој делиме воздух.... А бил и претходно приведуван за нарушување на јавниот ред и мир, значи бил проблематичен, му пронашле и супстанци.
Основното јавно обвинителство Скопје, попладнево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански Одреди“. Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.“, информираат од ОЈО Скопје. Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала. „Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.“, се вели во соопштението.
Најверојатно убиецот Васил Јованов Васо им е дилер на овие од обвинителството и судот инаку друго објаснување нема за тоа што го мазат толку. Ама веќе за него мирен сон нема да има, освен ако не си ја стави јамката додека е " во притвор" и се предаде на Бога.
Тука, а и во секој ваков случај со исти околности - млад, ситуиран, со минато проблематично однесување - основната вина е во неговите родители и во сите органи што треба да спроведуваат закон. Бил проблематичен и наместо да се доведе во ред, сите околу него му правеле enabling да си го продолжи однесувањето без да добие било какво чувство на одговорност. Истата приказна кај уште стотици вакви случаи кои дивеат низ градов. Јас верувам дека неговите родители се подеднакви идиоти, ама во нашата земја колку си поголем дебил имаш појаки врски во секој сектор од државата, се познаваш со секој исто така дебил што е нешто на некоја позиција и можеш да се извлечеш од било што. Од корупција ни се загрозени животите на сите и ова треба да е момент кога сериозно треба нешто да стане да се направи.
Абе дечки ова смрдлививе портали се ќе направат за кликови Читајте малце Линков горе е за 215ка за производство и продавање дрога, не е за Фросина случајот Не тресете одма
И тој и родителите треба да се затворат. Ама нормално, нема да лежи (или ќе добие минимална казна), па како тоа синчето на мама и тато да лежи в затвор? Треба сега нова кола да му се купи, пошто ја уништи оваа... Каков бе поправен дом?
Е сега треба сите да излеземе масовно на протест. До кога вака со врски ќе се спасуваат, а невини ќе страдаат.
https://telma.com.mk/2025/01/30/pri...K1synqGOnNSGwkkQ5w_aem_MQdqk-pMFh9Zt6vWPCHuNw АМАН НЕ летајте одма Еве притвор му изрекле Се палите одма на клик порталчиња
И секој од нас минимум еднаш за влакно избегнал да биде оставен на место од вакви будали. Мене еднаш кај Југо дрво пешачкиот, другпат кај Рамстор, полани позади Дајмнонд. Сите со пешачки без семафори кај што возат ко луди и колку и да пазиш, ако вози брзо нема да го видиш навреме Ова зад Дајмонд не знам, некоја виша сила ми дојде да истрчам пред да ме собере за малце, зашто ненормално возеше. Кога стапнав на тротоар, ме опколија луѓе да ме прашаат дали сум добра, цела се тресев, и сами видоа дека малце фалеше. И вакви шетаат меѓу нас. Без совест, без чувство на вина, без одговорност. И им се може оти знаат дека и да убијат некого, ќе ги спаси законот. И кога ќе кажеме оти треба високи казни за ова, не е тоа водење по емоции туку да се осигураме оти безбедноста кога излегуваш од дома ти е што посигурна Во работен ден во 1 саат, браос.