Ви ги читам коментариве, на некои. Извинете ме ве молам... Ама... Македонец бил и татко му бил вмровец... Ако беше албанец полесно ќе беше? Другите партици се светци и не поткупуваат???? Не знам како може тоа да ви е битно во вакви случаи. Ај помислете малце на родителите на девојчево . Што ќе им кажете, абе остај го па и ти... Вмровец е? Не знам не сфаќам сериозно. Ич не ми е гајле кој што е, кога гледам дека нема правда. Мое родено да ми е, ќе ми биде исто тежок и одвратен чин. Иначе на партизанска живеам,баш во близина. Ова што се случува е хорор.... Што се немам видено овде низ животов.
И болката е поголема пошто не само што ќе го снема еден човек туку цела фамилија е уништена со генерации. Секој ден да живеат во хорор пошто некое невоспитано детиште немало родители да го згрижат. Ова дете не е згрижено, не е чувано, никој не го видел во животот. Му давале пари да прави што сака и еве до каде дотурка. Да почине човек од болест некако ќе се најде збор за утеха за оваа болка нема зборови. Тешко на фамилијата...
И вечерва ќе возат и побрзо. Секоја вечер возат. Секоја ебана вечер, и секоја ебана вечер полиција ги брка. Што дека ги брка, тие се не за казна, за одземање бре на возачка и ВОЗИЛО. И аман нека се укине "зелен бран" навечер. Овој не знам дали на црвено или зелено поминал, ама пошто Партизанска е пушка права, до далеку се гледаат зелените семафори и летаат. Значи возам 50 и ми свири некој оти сум спора очигледно! И да, деца и пијандурки ова го прават, секој со малку искуство е свесен дека ни пешак не можеш да предвидиш што ќе направи, другар мој го собра кола (жив е, ама осакатен) по негова вина, замислен на црвено на булевар си искочи на пешачки, директно во најлева лента. П.С. Буквално во моментов се тркаат некои.
Баш така,најтешко уште ми паѓа моментот дека до вчера се слушале се гледале со ќерката а утре и спремаат погреб,не дај боже ...
Додека трае репортажата на нез која тв. водителката кажува дека додека зборува, како коли прелетуваат. Не па сега..
Не знам што се чудите, кариерата и образованието не го прават човекот и добар родител, еве имате и докази. И, што дека толку успеси, кариери и курсеви кога од детето направиле нешто сосема спротивно, тешка пропалица и убиец? Ако е точна информацијата, прочитав дека во поправен дом ќе го носеле. Зошто? Има 20 години, полнолетен. Кога можел да вози 130 km/h притоа без возачка, да одземе нечиј живот, да прави купишта кривични дела може и да лежи затвор и тоа доживотно. Зарем човечки живот, особено млад, уште непочнат, вреди за еден поправен дом или 2-3 години затвор, па ни толку? Со оглед на тоа што и минатите случаи завршуваа со вакви заебантски казни колку да не е без ич. И родителите на вакви копиљарчиња треба да сносат последици и казни што им даваат коли за да се курчат низ град. Сум била сведок на многу вакви дечишта како провоцираат и пробуваат да се тркаат со други возачи и само за курч и некакво докажување пред други, ќе се усмртат и себе и некој друг. Збеснати сите, и родители и деца. И булевари само за нормален свет, за овој народ никако! Само улици со дупки и шахти заслужуваат вакви мајмуни па нека летаат после со искршени коли. Жално само за фамилијата на девојката, нека почива во мир.
На црвено поминал Џабе да укинат зелен бран, пак ќе летаат. Мислиш нив семафори им се пречка? Или на секоја раскрсница кружен или на секои 100м лежечки полицаји. Друго чаре нема за ваков дебилен народ. Ај, ќе речеш камери сега ќе казнуваат. Ама шоако ќе ги казнува МВР кога ете обвинителство ги ослободува
Епа кога имаме ист закон за се, па или се почитува или не.... Не може бе, не може да биде иста казна ако возиш со 60 на место каде е 50 и ако возиш 130 кај што е 50... Убиство со умисла е.... Штом влезеш у кола и си речеш ќе се праам фраер и ќе ја спукам сеа 130 на правото на партизанска, значи имаш умисла да правиш нешто што е апсолутно недозволиво. Иначе на партизанска(верувам и на други места) поминуваат на црвено и преку ден, значи идам на пазар и едноставно не застанува на црвено.... Мува не го лази, само среќа што вози споро и јас можам да го проценам дека нема да застане. Затоа, ако ми е мене зелено, стојам и гледам сите да застанат па поминувам. А овој летал, летал бе луѓе.....
Официјално 30 дена притвор, сега на ред се и родителите да одговараат. Не ме интересираат нивните професионални достигнувања, утре/задутре една фамилија треба да погребува дете/внуче. 30-дневен притвор за возачот кој ја прегази девојката на „Партизанска“ - Република
Збеснат идиот, цел живот му бил среден од се што ќе посака, за на крај да скапа во затвор. Двајцата родители сѐ му дале во животот ама џабе, треба да имаш нешто во кликерот. Жалосно е кога децата испаѓаат тотално спротивно од родителите. Никој родител не го учи детето да убива и да прави лоши работи. Многу сум напната од ситуацијава, тотално можело да се избегне ако лежел во затвор.
Мислам има некој закон за прв прекршок, мал некој, не убиство, и им даваат полесна казна. Ама дека ова е тоа... Не е!
Овде родителите ептен ја утнале со детето. Во случајов родителите му дале кола без возачка, детево дилало дрога тие го спасувале од затвор... Доколку родителите на детево биле совесни и го стегнеле на време Фросина ќе си беше жива.
Да е само партизанска добро ќе беше, кај судска пешачкиот пред некој ден, комбе а до него еден зашибан, среќа што застанав полека да видам дали има кола после комбето мада очекував да застане и да има ама си викам ај за секој случај, а решена бев да поминам, значи луѓе среќа што застанав да ѕирнам, не знам кој збор да го кажам, дебилот на сред пешачки со непрегледност од комбето кое застана за да поминат пешачи, ма шиба бре баш му е гајле а понатака беше семафорот на црвено, значи како не ја дигна во воздух мајка му, дебил еден ќе шиба на пешачки во сред центар, нека си ги креваат и во гроб да ги ставаат нивните мајка и татко грев од господ а не недолжен народ, не можам више да пишувам се нервирам, за девојчето немам зборови, освен
Како не го учи да прави лоши работи, кога го ваделе од сите гомна што ги напраил. Тоа е буквално шта сакаш прај сибе тато ќе среди. Многу родители мислат дека со тоа што ќе му допуштат и купат на детето се, му ја покажуваат љубовта. Со тоа што ќе го спасат од затвор или казна дека покажуваат дека се загрижени и присутни, као тука секогаш за своето дете. Тоа се родители што немаат поинаку време да се посветат на детето, па таа празнина ја надокнадуваат на овој начин. И јас си го сакам детето... И и кажувам мама е тука секогаш за тебе, ама, кога нешто ќе згрешиш, треба сама да си ги сносиш последиците. Мама тука не може да те спаси. И знаете што... Сите ми викаат, абе мала е па и ти, што си запнала тоа да и збориш. Не, мала е, ама од сега се учи. Дечки, ова е длабоко.... Сериозно, само погледнете ги профилите на сите возачи што усмртија пешак во последно време. Сите се млади шофери, пијани и со пребрзо возење. Секаде е кикснато.