Денеска, се најдов баш таму на местото, поминував семафори на партизанска, кај Силбо. Ставиле слика. Ставиле свеќи да палиме. Имаше жена потпрена, едвај стоеше ја придржуваа како во бесознание беше. До неа стеше маж, таткото веројатно, плачеше на глас и викаше ја нема веќе, ја нема...Татко и мајка и... Не знам како го фатив тој момент. Запалив свеќа, тоа е најмалку што можам. И да толку е, ја нема веќе, тешко на нејзините, ангел дете ја видов сликата... џабе сереме по форуми, џабе се јачаме ова, она утре пак некој ќе отиде. Преку к@р веќе од правење јаки, да бевме народ ко што треба до сега сите улици ќе беа блокирани. Ама само да се пљампа, на форум, на фб сите се јаки. Едни зборови срце парајучи, па пцовки па не знам ти што. Абе ајде. Отиде детето. Ќе отиде и друго. Да се молиме дека нема да е нашето. Од нас друго не бива, ебате држава.
Добро луѓе, што треба да ни се случи за да се смениме? Од корен онака, системски, мајндсетски, сите. Што ни треба за да се свестиме? Изгорена болница, две страшни автобуски трагедии, скандали по приватни болници и профитирање со непотврдени третмани, којзнае колку луѓе со инвалидитети од лекарски грешки, немање соодветни терапии и лекарства за критични болести, во Битола и Скопје секој ден бебиња и деца умираат по болниците. Загаден воздух до немајкаде. Жртви на патиштата неброени, посебно пешаци. Да, се случува, ама олку често? И олку неказниво?
Во случајов баш родителите го научиле да биде таков каков што е, убиец. Они му го дале оружјето во рака, за да може малиот да се чатали Шоимаврска шо нема возачка детето?!!! На тате и мама синчето ќе вози нова кола
Јас само што се напив дијазепам, ќе ми пукне срцево од мака, не можам да се смирам. Се молам на бога утре да ми даде сила да отидам свеќа да запалам, не знам дали ќе можам од што толку ми е мака и криво.
Мислам дека кренале раце, тоа е мое мислење. Плус прочитав некаде амфетамин дека продавал, за да е приказната уште потрагична. Кој знае колку бил дрогиран/пијан сношти. Одвратен.
Со самото тоашто му бришеш досие и го правиш недопирлив за закон токму тоа правиш. Го учиш фа убива и прави лоши работи. Место да го смести во психијатриска установа они кола му купува бе, наркоманиште го вади од затвор.. а бе ајде не ми ги правдај.
Нема опраачка за нас Толку длабоко сме заглибени во политика, партии и чуда, толку силно е испрана свесноста и мозокот кај народов, што не верувам дека во скоро време нешто ќе се смени Ај, види колку малку всушност е медиумски застапена трагедијава и запрашај се зошто?!
Како па да не, кренале раце. Родител кој крева раце од детето, ќе го избрка од дома, а нема да му купи нова кола и да го вади од затвори и да брка врски во обвинителство. Не кренале раце, туку се ѓон од „родители„
И она детено од училиштето Лазо Ангеловски за скоро време ќе биде вакво. Се додека родителите вака ги учат децата полошо ќе иде...
Он го правел тоа зошто тате му бил грб. Зошто не правиме ја и ти се прашувам? Голема одговорност е дете и не секој треба да го има. Жал ми е што го кажувам ова, јас која се бори за уште едно дете. Ама да се бориш да го родиш, да го растеш и некој да ти го убие.... Јас само ги мислам тие родители што утре ќе го закопаат своето чедо. Не знам осудете ме, навредете ме... Ама многу сум револтирана што секој има право да биде родител.
Да не се збуните пак... Членки поназад пишаа дека тоа за поправниот дом е лошо склопена вест. Тоа на ѓубрето му било за претходно дела. За ова му е одреден притвор. Сега останува да се види дали ќе биде казнет. А, за родителите не се чудете. Образованието не може само да ги прави луѓето добри родители. Сè прво тргнува од воспитанието на родителите и останатите членови на семејствата кога биле деца. И надворешна перфекција не оди секогаш секогаш со внатрешна. Има прекрасни луѓе чии родители се скапаници, ама тие не се станати гадови затоа што интервенирале роднините или луѓе од околината.
Ова е надвор од надлежност на МВР да казни, МВР за прекршоци казнува, откако ќе убиеш човек, суд е тој што одлучува нели... Инаку овде толку е долга Партизанска, што едниот кружен би бил на раскрсницата кај Соборна, следниот на раскрсницата со Рузвелтова, предолг дел пак ќе има без пречки. И јас би ставила и лежечи, или уште подобро, ПЕШАЧКА ЗОНА, евентуално со точак тука. Постојат уште 2 булевари (Илинденска и Митрополит Теодосиј Гологанов), Партизанска овој потег би ја затворила, најбуквално е "центарот" меѓу двата дела на Дебар Маало, кај што логично има премногу народ пешки и дење и ноќе. Орце Николов добро ја смислија, ем лежечи има на сите страни, ем не е булевар, преку неа можат да стигнат сите што живеат тука, а останатите или пешки, или точак. И како возач ова го поддржувам, сама кога бирам ги бирам другиве два булевари, баш од причина што овде нема застој на пешаци, ни на црвено, ни на зелено, ни ноќе, ни дење. "Црна точка" е тој дел, буквално.
Полиција треба на Партизанска ниту кружни текови, ниту бутур. Сите знаат дека таму се вози како на Формула еден и после толку сообраќајќи никогаш нема полиција. МВР да си ги извади неработниците на терен.
од кај знајте дека му ја купиле родителите? Значи дечково е фатен со 80 паковања амфи дома тоа е груба математика 3-5000 евра колата шо ја вози е 4-5000 евра. Треба да си одговара ојо затоа што требало да биде во затвор дечково, кој го држел и тој со него да оди. Не дека тоа ќе го врати девојчето, баш ми е жал ја познавав, ама добри 30+ години затвор треба за овој за да мислат другите после него шо ќе прават
Има, со сирени ги слушам, а тек без сирени... ама ај што да направат, кога џабе ги казнуваат, подраконски, одземи едно, второ возило, а не 200е казна и ајде шишај...
Порано имаше возачки книшки за прекршочни поени како стигнеш до не знам кој број така растеа казните. Има закони како се постапува со лице без возачка и што е во системот за прекршоци. Полицијата треба да почне да постапува по закони и правила. Нека почнат да одземаат возачки, нека почнат да пишуваат казни, не е само да те застане да ти направи муабет и ај чао. Не е полицијата немоќна мрзлива е.